Урнат дел од познатата струшка џамија „Мустафа Челеби“. Овој верски објект кој веќе пет века тежи на тлото во централното градско јадро во Струга, незаконски се руши алармираат од Завод и Музеј, Охрид. Дел од граѓаните на Струга кои сакаа да останат анонимни, велат дека тие случајот го пријавиле веднаш откако започнале активностите за рушење и се чудат зошто толку доцна реагирале полициските служби. Додека пак други не знаеа за што станува збор, но ја подржуваат иницијатива да се направи ново и подобро.Бесправни се сите активности кои изминативе два дена се изведуваа околу џамијата „Мустафа…
Охридските плажи ова лето ќе бидат побезбедни, ова го ветуваат од општинскиот Црвен крст кој се максимално подготвени да стартуваат во оваа туристичка сезона. Општинскиот Црвен крст има 208 лиценцирани спасители на вода, а наскоро ќе започне и обука на нови 40 -тина спасители, информира нејзиниот претседател Сашо Точков. На плажите ќе бидат ангажирани околу 100-тина од нив кои ќе се грижат капачите да бидат сигурни во езерските води.
„За безбедноста на плажите се грижи самиот концесионер кој ќе ја повика службата или пак Капетанијата, односно Министерството за транспорт и врски, доколку пл…
Финишираат подготовките за четвртата по ред Традиционално хуманитарна спортско-рекреативна акција “За посреќно детство”. Манифестацијата ќе започне со „главна трка” со старт од плоштадот „Чинар”, која ќе се движи по улицата “Македонски Просветители” и цел на Градскиот плоштад. На терасата на комплексот Летница, паркот пред маркетот Тинекс и на Градскиот плоштад “Климент Охридски” од 11:00 – 15:30 ч. ќе се одвиваат спортско-рекреативни натпревари и културно-забавни содржини.„За учетво во игрите потребен е ученички број – талон кој чини 30 денари. Со парите помагате на социјално загрозени де…
Македонците обично важат за вредна нација која не се плаши да ги засука ракавите и да сработи нешто. И ова донекаде е точно. Но ако ѕирнеме во статистиката, малку ќе ја разнишаме оваа теорија. За сите, па дури и за нас тука во Македонија, годината си има 365 дена ама многу е јасно дека не може сите да се одработат бидејќи нацијава ќе ни беше ептен уморна. Не, не работиме 365 дена. Ако од оваа бројка ги одземеме 105те дена од 2012 година кои отпаѓаат на неработни викенди, излегува дека работиме 260 дена годишно. Ама не е така, затоа што ние, а кога велам ние, мислам на сите етникуми, нации и…
Донесена новата програма за поставување урбана опрема. Тихомир Дурнев, од Секторот за урбанизам вели дека и ова лето ќе има столици и маси пред локалите, определени се местата каде ќе се продаваат уметнички слики и сувенири, но тврди дека летово нема да се продава храна на отворено.Локациите на кои ќе се поставува урбаната опрема, како и детските реквизити како замоци ,количиња, вовчиња и др. во многу зависат и од новиот сообраќаен режим кој ќе важи во летниот период.Пред неколку дена беше поставен еден замок на место на кое со новиот режим за сообраќај ќе биде сообраќајница. Треба добро да…
Градоначалникот Александар Петрески не реагираше на обвинувањата на портпаролот на ОК ВМРО – ДПМНЕ изнесени во вторникот на прес, во врска лошата локaлана патна инфраструктура. Но само ден подоцна не одолеа на нашето прашање зошто не реагирале од Локалната.„Сигурно дека ВМРО – ДПМНЕ држи секојдневно прес конференции и во нив не се пресметува со нивниот политички противник него стално ме има мене за цел како градоначалник. Јас сум градоначалник на сите, и партиите меѓу себе нека се расправаат а мене да ме остават на мира. Ако тие се без работа, ако тие немаат идеи и ништо не работаат ги раз…
Угостителските објекти во Охрид за време на туристичката сезона ќе работат со продолжување од еден до два часа. Но, само за празниците за кои Охрид е најпосетен од туристите. Пред донесувањето на ваквата одлука од страна на мнозинството на Советот на општината, претходеше реакцијата на жителите од Урбаната заедница Стар Град.Членовите на Урбана заедница еден, бараат да не се продолжува работното време на угостителските објекти во викенд зошто велат, за гостите секој ден е викенд.Тие исто така со барање, концесионерите на плажите стрикно да се придржуваат до работното време . Потенцираат да …
Духовден или дуовден е државен празник во Македонија. Овој христијански празник е посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и формирањето на Црквата.Духовден оваа година се слави во понеделник, на 4 Јуни. Овој празник како и Велигден се празнува три дена. Во Македонија и во остантите земји со православна вероисповед првиот ден од Духовден е и ден на Св. Троица.Педесетницата се нарекува уште и „крај на празниците“, ден преку кој се довршува историјата на Спасението остварено преку Исус Христос токму поради тоа што православното учење како една службите на Месијата го назначува т…