Фев 8, 2022

Најавеното зголемување на температурите не е закана за предвремено потерување на овошките

Зголемувањето на утринските и на дневните температури кое се прогнозира за оваа недела, од -2 до 5 и од 3 до 15 степени, не претставува закана за предвремено потерување на овошките. Според агрометеоролозите, ваквите временски услови сеуште им годат на земјоделските култури во услови на презимување. Останува и препораката, доколку почвените услови дозволуваат, земјоделците да почнат или да продолжат со кроење на виновата лоза и овошките зошто операцијата е обемна, а битно е да се заврши навреме. Снежната покривка на планините влева надеж за полнење на акумулациите кои се на многу ниск…

Дек 20, 2021

Сообраќајна несреќа на „Туристичка“, повредени две лица

Сообраќајна несреќа се случи утрово на кружниот тек помеѓу булеварот „Туристичка“ и улицата „Стив Наумов“ во Охрид. Во несреќата учествувале две возила. Според првичните информации во незгодата полесно се повредени две лица, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, во изјава за ОХРИД 24. Димоски додаде дека во моментот увид вршат полициски екипи, по што ќе бидат познати причините кои довеле до незгодата.       Извор/Охрид24 Фото/ОхридПрес

Фев 8, 2022

Донесено решение за користење на спортските терени на СРЦ „Билјанини извори“

Градоначалникот на Општина Охрид донесе решение за користење на средства од буџетот на Општината преку субвенционирање на трошоци за користење на спортските терени на СРЦ „Билјанини извори“. Добитниците може да ги погледнете на следниот линк Од Општина Охрид ги повикуваат добитниците на финасиски средства во рок од 10 (десет) работни дена од денот на објавувањето да се пријават во Секторот за спорт, млади и НВО за потпишување на договорите.

Јан 16, 2022

20-ТИНА АКТИВИСТИ СОБРАА НАД 50 ВРЕЌИ ЃУБРЕ ВО ДАЛЈАН

Дваесеттина активисти денеска собраа над 50 големи вреќи со ѓубре од крајбрежјето кај Далјан. Во организација на „Чист Охрид“ и „Не Биди Ѓубре“, а заедно со „Енхелеус“ и останати граѓани на крајбрежјето кај плажите „Партизан“ и „Мизо“ собравме најразличен отпад, од цврст отпад, па се до пластика. Продолжуваме заедно да работиме за поубав и чист Охрид – велат активистите.

Дек 20, 2021

Ќе се реконструира задружниот дом во село Требеништа

На седницата одржана на ден 14.12.2021 година Владата ја донесе одлуката за доделување на средства за финансирање на проекти на планските региони.Со одлуката во рамките на проектот: “ Подобрена енергетска ефикасност во јавните објекти во Југозападниот плански регион” одобрени се 3.500.000 денари за подпроектот: “Реконструкција на Задружниот дом во село Требеништа / втора фаза”.Со одобрените средства целосно ќе биде завршена реконструкцијата на објектот  ( приземје и кат и внатрешен и надворешен дел ), без големата сала.По реконструкцијата приземјето ќе се користи како деловен простор, а кат…

Фев 8, 2022

Од денеска КОВИД-19 решенијата за изолација во електронска форма преку Вакцинација.мк

Согласно Владината одлука за измена на начинот на достава на решенијата за изолација на лица позитивни на КОВИД-19 и на нивни контакти, ве информираме дека од денеска е во функција платформата на која секој граѓанин кој има потреба да дојде до сопственото решение за изолација ќе има пристап единствено до своето решение без да има увид во податоците на другите граѓани на кои им е издадено решение за изолација.Пристапот е можен преку банер на веб-страницата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (http://dszi.gov.mk/) кој ве носи до порталот Вакцинација.мк или директно на https://vakc…

Дек 20, 2021

Пратениците денес треба да се произнесат во врска Законот за недела неработен ден

Собранието на Северна Македонија денеска треба да ја одржи 57. седница на која меѓу точките на дневен ред се и измените на Законот за работни односи во второ читање со кои се предвидува недела да биде прогласена за неработен ден.Предложеното законско решение е ставено како втора точка, а според образложението, одредбите од законот треба да почнат да важат од 1 јануари.Пратениците ќе расправаат и за други законски решенија меѓу кои и за измените на Законот за основно образование, за законите за финансиска поддршка за намалување на на последиците предизвикани од пандемијата врз производството…

Фев 8, 2022

Најновите изданија промовирани на Прличевите беседи достапни за читателите

Годинашното издание на манифестацијата „Прличеви беседи“ организирана од институциите чиј патрон е познатиот поет и преродбеник Григор Прличев и координирана од Општина Охрид помина во знакот на три промоции на книги. Од денеска на пултот за издавање во НУ Библиотека „Григор Прличев“ можете да ги зајмите и следниве наслови: „Прличеви беседи ( 1952 – 2022) хроника на еден културен настан од авторите Милчо Јованоски и Гордана Змејковска, „Охридски раскажувачи“ приредена од Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски и најновата наградена поема „Цветко“ од поетот Трајче Кацаров. Монографијата „Прличе…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top