Јун 7, 2012

Повторно хаос со урбаната опрема, велат од ДПМНЕ

вогодинешната програма за поставување на урбана опрема, парче харитја со хаотично исцртани квадратчиња, обвини советничката Јованка Дамоска Секулоска. Таа додава дека прогамата треба да ги одразува специфичните културни и природни карактеристики на Охрид како туристичка дестинација. Од ОК на ВМРО – ДПМНЕ и со обвинувања, дека ни годинава не ЛС не инвестирала ни денар во типизирани штандови за продажба на производи.„Со право можеме да го псотавиме прашањето, дали локалната самоуправа е таа која ја наплаќа таксата за поставена опрема или таксата оди вово други џебови, како еден од арачите за …

Јун 7, 2012

Охрид продолжува во круг

Раскрсницата кај стара Охридија, ќе се модернизира. Таа е прва од седумте раскрсници кои Локалната планира да ги уреди со кружен тек. Денес официјално отпочнаа градежните зафати. До почетокот на шпицот од туристичката сезона, потегот кај раскрсницата Охридија ќе биде готов, за што биле обезбедени сите согласности кои се потребни за уредување на овој магистрален пат, вели градоначалникот Александар Петрески. Додаде дека паралелно со уредувањето на раскрсниците ќе се решаваат и сите останати инфраструктурни проблеми.„Тука имаме два проблеми со водата, еден со водата што доаѓаше од делот каде …

Јун 7, 2012

Како до бараната информација?

Македонија е на високото 14-то место во Европа според слободниот пристап до информации од јавен карактер. Законот постои од 2006-та, но некои навики, тешко умираат.Многу ретко барателите на информации било да се физички или правни лица па дури и медиумите, не го користат правото кое им го овозможува Законот за слободен пристап до информации од Јавен карактер, вели Цветан Станоески од Комисијата за слободен пристап до информации од јавен карактер.„Секогаш се користат некои други канали, се знаеме ке кренеме телефон, ќе ја добијам информацијата или ако не ја добијам нема да ја пласирам на еле…

Јун 5, 2012

Заштита на Охридското езеро-приоритет за сите

Кога се размислува за заштитата на животната средина, неодминливо е споменувањето на заштитата на Охридското езеро. Таа заштита, според независниот екологист, Лазо Наумоски треба да биде приоритет кога станува збор за заштитата на животната средина. Наумоски смета дека главна причина за состојбите со Охридското езеро се загаденоста на реките Грашница и Сатеска кои според него претставуваат црни еколошките точки. „Една од најпроблематичните црни еколошки точки во Охридското езеро знаеме дека е реката Грашница. Таа минува кај Црногорците, кај Велгошти почнува и поминува низ населби со нерешен…

Јун 5, 2012

Лекувањето во Општа болница трае просечно седум дена

Со изградбата на новиот хируршки блок во општата болница Охрид и неговото опремување се очекува траењето на болничкото лекување да се намали и стави во оптималнистандарди. Намалувањето на болничкиот ден не подразбира кратење на лекарските услуги туку нивно стандардизирање во реални рамки, нагласува директорот на Општа болница, д-р Љубен Арнаудов. Болничкото лекување во охридската болница минатата година, во просек траело седум дена. По барање на Министерството за здравство и Фондот, општа болница води грижа и за времетраењето на болничкото лекување, информира директорот на болницата.  „ За…

Јун 5, 2012

Љубов , време, нега и пари

Трендафили, сардели, бегонии, вистински цветен рај. Ова е дворот на Чеповска Венера која за својот труд и љубов кон цвеќињата и природата доби прво место од женското здружение Бисера за најубаво уреден двор. Венера вели дека оваа награда многу и значи бидејќи е потврда за се она што го прави околу уредувањето на ова нејзино катче. Таа не штеди време за да ги засади и одржува цвеќињата бидејќи ги обожава и тоа сите.Ако сакатае да имате убаво уреден двор треба да работите најмалку 2 до 3 часа дневно во текот на сезоната, а на почетокот на пролетта и по цел ден, вели Чеповска.Венера кажува дек…

Јун 4, 2012

Основците од ОУ Св. Климент Охридски во посета на хидробилошкиот инситут

Седмо и осмооделенците од ОУ Св. Климент Охридски учеа за Охридското Езеро и живиот свет во него, со посебен акцент на рибите. Денешните активности по повод светскиот ден за заштита на животната средина, беа реализирани од страна на невладиното здружение за промоција на туризмот и културните вредности во Охрид, Култ ДАМ и основното училиште Св Климент Охридски.„Често политичарите меѓу себе се препукуваат дека УНЕСКО има силни фондови кои никој не ги користи, јас верувам дека тие силни фондови ќе се отворат само ако се направат вистински проекти за што имаме и капацитет и луѓе во нашиот Охри…

Јун 4, 2012

Дивоградбите во Трпејца повторно актуелни

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, а во негов состав и советничката група во советот на Општината, незадоволни од начинот како Локалната Самоуправа од Охрид го третира и решава, односно не решава проблемот со неспроведувањето на одлуките за уривање на дивоградбите во населбата Трпејца. Велат дека невиден и недемократски преседан е одбивањето за ставање на таа точка на дневен ред на неоднаешната Седница на советот од страна на мнозинството,а предложена од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, со што додаваат Локалната во Охрид на чело со Градоначалникот Петрески, упорно манипулира со спроведув…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top