Охрид домаќин на 9тиот конгрес на Лајонс клубови од градови со тврдини. На овој голем настан учествуваат 140 делегати од Белгија, Франција, Шпанија, Италија, Малта и Македонија. Д-р Сашо Василевски, дистрихт гувернерот на Д 132 Македонија вели дека ова е една голема промоција на нашата држава и нашиот градОхрид живее во лајонистички дух. Присуството на делегатите од најразлични клубови од земјите во Европа ќе ни овозможат реализација на голем број проекти, додаде дистрихт гувернерот на Д 132 Македонија.Асоцијацијата на Лајонс клубовите од градови со тврдини постои десет години и тоа во скло…
Позицијата полициски службеник навистина посакувана професија. Охриѓани посебно загреани за јавниот оглас кој го објави Министерството за внатрешни работи за нови вработувања. Со овој оглас, се бараат 300 нови полициски службеници, а пријавувањето се врши во секторите за внатрешни работи во Скопје, Куманово, Тетово, Велес, Штип, Струмица, Битола и Охрид. Во СВР Охрид, само во изминативе три дена биле примени околу 220 апликации. Со оглед на бројките, од СВР Охрид до крајот на огласот очекуваат полни раце работа.„Согласно распишаниот јавен оглас кандидатите треба да ги исполнуваат општите и …
На одделението за геријатрија се бара кревет повеќе. Брзото и новото темпо на живеење наметнува нови потреби на населението за лекување и нега од ваков тип на болничко сметување. На геријатрија во моментов располагаат со капацитет за сместување од 30 пациенти. Оваа бројка не ги задоволува потребите и барањата на граѓаните, вели директорот на Општа болница Љубен Арнаудов.
„Нашите анализи покажуваат дека во моментов на Охрид му се потребни од 70 до 100 болнички кревети. Посебно внимание водиме за пациентите на кои с ена лекување во геријатрија. Повеќето од нив се долго лежечки пациенти со х…
Министерот Никола Тодоров, во посета на Охрид и Струга за да види како функционира здравството. Задоволен е од досегашниот тек со изградба на Општата болница во Охрид. Тој смета дека Охридската болница не само што ќе биде регионална, туку ќе ги отвори вратите и за пациентите од соседните земји.
„Рекунструкцијата оди да ви кажам искрено и побрзо од тоа што јас очекувам, да не се урочиме сега, но, очекувам да заврши пред крајот на оваа година. Тоа ќе биде во рамки на она што имаме со договорот. Во договорот ни беше предвидено 8 месеци, разговаравме со изведувачот тој смета и нешто пократко ќе…
Жителите од населбата Рача претпладнево беа вознемирени од сериозен инцидент. При изведување на градежни зафати на летна кујна се срушила бетонската плоча на објектот и ги поклопила двајцата работници кои работеле во моментот. На местото на настанот веднаш пристигнале екипите на првата помош како и противпожарната единица кои успеале да ги извадат повредените од под рушевината. Двајцата работници потоа беа пренесени во специјалната болницата за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“-Охрид.
Дополнително на местото на настанот, пристигна и екипа од секторот за внатрешни работи од Охрид ко…
Охридското пратеничко дуо, Александар Николоски и Хари Шокароски, ја посетија болницата за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид. Имаа можност одблиску да го разгледаат работењето на болницата. Николоски и Шокароски имаа и работна средба со раководството на болницата на која се разговарало за позитивните достигнувања на „Свети Еразмо“, но и за предизвиците и проблемите со кои оваа болница секојдневно се соочува пред се поради напливот на пациенти.„Ова е институција која што континуирано бележи успеси. Институција која што откако е д-р Митко Тилев директор го зголеми бројот на …
На тротоарот од Кеј „Маршал Тито“ нема повеќе пиење кафе. Тој ќе си ја врати примарната функција, а тоа е простор за одвивање пешачки сообраќај. Масите и столиците од кафулињата кои се наоѓаат на дел од оваа улица ќе бидат отстранети. Тоа го налага новиот режим на сообраќај со кој после седум години оваа улица во летниот период нема да биде пешачка зона туку сообраќајница.Зоран Шикалоски, раководителот на секторот за сообраќај и патишта вели дека крајно време е да се ослободат тротоарите и да му се овозможи на сообраќајот да дише.Искуството од минатите години покажа дека Кеј „Маршал Тито“ в…
Постарите знаат да кажат, денешниве деца не знаат ништо друго освен компјутери, плејстејшени, џојстици и други такви дрангулии кои им го затвораат детството во 4 ѕида. Бабите и дедовците, повозрасните, родителите со носталгија се присетуваат на времето кога детсвото го минувале трчајќи низ маало или во најблиската лединка и играле Долга магарица, Бинек, Џамија, Кини-пантоли, , Народна, Џиздија и Ќоро-пиле. Овие стари игри се играа вчера покрај езерото кај Билјанини извори, а ги играа некои нови клинци.
Шеесетина ученици од 5 то до 7 мо одделение од 9 училишта од Охрид и Дебрца се растрчаа…