Почна дивеењето на скутерите на вода, по охридските плажи. Граѓаните сметаат дека тоа не е добро за имиџот на градот, бидејќи посетителите треба да ги привлечеме со гостопримство, а не да ги одвраќаме со несовесните постапки на поединци. Вчера на една од атрактивните охридски плажи, посетителите меѓу кои и гостите од Холандија, имаа можност некаде околу 11 часот да гледаат 10 минутно дивеење на вода со скутер.
Овој настан не само што го привлече вниманието на туристите, со бранувањето на езерото, туку тивката музука на угостителскиот објект беше заменета со бучавата на скутерот и тотално бе…
Ќе биде ли Македонија домаќин на врвен женски ракомет годинава? Европското првенство за жени остана без домаќин откако Холандија се откажа од организацијата. Сега се бара нов. Меѓу пријавените земји кои се заинтересирани, некако се најде и нашата. Ракометната федерација на Македонија ја пријавило земјава како можен организатор на првенството. Како адут за добивање на организацијата на ова првенство нашата ракометна федерација ги наведе релативно добрите сали кои би можеле да ги исполнат критериумите на ЕХФ.
Ако организираме сами, тогаш предложени се салата Борис Трајковски во Скопје како и…
Се е подготвено за почетокот на 51то издание на „Балканскиот фестивал“. Традиционално овој реномиран фолклорен фестивал ќе се одржува на сцената на Долни сарај, а на свеченото отворање како и секогаш ќе настапи Ансамблот „Танец“. Директорот на овој ансамбл, Зоран Џорлев најавува поразлична програма од минатите години во која нема многу стилизација, но сепак ги прати модерните светски трендови. Џорлев не сакаше да открие со што точно „Танец“ ќе ја почести публиката оваа година, но кажа дека со настапот ќе се задржи реномето на фестивалот кое грижливо се гради веќе половина деценија.Директорк…
Концесионерите на плажите, по се изгледа ги интересира само заработката, а не и имиџот на Охрид како туристички центар. Иако туристичката сезона не е официјално започната, на охридските плажи се присутни и првите капачи. Но, ниеден концесионер досега не потпишал договор со Комуналец за подигање на сметот од нивниот простор, вели првиот човек на Јавното претрпијатие, Сашо Алче.
„За разлика од лани ниеден закупец не е дојден во Комуналец да склучи договор за подигање на смет.Она што ние тешко е што не знаеме кој стопанисува со плажата. Со закупците се склучуваат и други договори со подзакуп…
Никола Јакимовски и Емилија Богданоска, се само дел од тимот средношколци од ОСУ „Ванчо Питоешки“ кои учествуваа во реализацијата на проектот на УНЕСКО, „Светското наследство во рацете на младите“. Велат, знаењата кои ги стекнаа при изработката на овој проект, а во врска со локалитетот СВ. Наум, за нив се од непроценливо значење. Сега тие, се еден чекор поблиску до вокацијата туристички водич.„Добивме со истражувањата такви информации, важни за нас и за презентација пред туристите, посебно за работи кои се малку познати на македонската па и на светската јавност. Ова е ендемичен тркалезен су…
На иницијатива на група охридски учесници на некогашните младински сојузни акции, во Охрид, се формира граѓанското здружение „Брег на младоста“. Станува збор за клуб кој на волонтерска основа ќе ги спојува младите луѓе кои сакаат да учествуваат во работни акции. Доброволното ангажирање на младите во изградба на капитални објекти беше карактеристично за просторите на поранешна Југославија. Сега оваа форма на работно ангажирање, пред се на младите луѓе, е прифатена во Европа и светот, вели еден од иницијаторите на здружението Љупчо Милкоски. ОН минатата година ја посвети како година на волонт…
Советот на општина Дебрца денес ја формира Комисијата за проценка на настанатите штети од земјотресот што го погоди ова подрачје. Советниците, на денешната седница која имаше само една точка на Дневен ред, одлучија Комисијата да ја предводат дипломираниот архитект Симон Мартиноски и дипломираниот правник Зоран Ногачески, информира за ТВМ градоначалникот на општина Дебрца, Љупчо Којчиноски.
„Комисијата утре во 9 часот ќе излезе на терен за да ја отпочне постапката за проценка на штетите. Потоа следува изработка на Елаборат кој ќе се најде пред совентиците за усвојување, а потоа се препушта н…
Иако два месеци не делат од фетсивалот, подготовките во полн ек. Од дирекцијата на фестивалот најавуваат дека мора се да се организира навреме, затоа што ништо несмее да се остави на случајност. И покрај тоа што хорот има многу поддржувачи, сепак светската економска криза тропна и на оваа врата. Директорот на фестивалот открива дека и покрај финансиските проблеми фестивалот ќе се одржи и тоа најмногу благодарение на тоа што учесниците си го финансираат своето учество.„ Јас мислам дека фестивалот веќе има искрени пријатели и тие кои ни се подржувачи и спонзори не не напуштаат. Најлесно е да …