Охридската бела флота подготвена за крстарење по езерото. Трите бродови Кристина, Александрија и Галеб ги имаат сите потребни документи за пловење по езерските води. СЕ очекува деновиве лиценца да добие и новиот брод Александрија 2 кој има капацитет за 150 патници. Драган Наумовски, заповедмик на бродот Александрија вели дека најбарана релација е Охрид Св наум . Од почетокот на овој месец има редовна линија за овој наш познат локалитет. Билетот по се изгледа ќе чини исто како и ланското лето, а тоа е 10 евра по патник. Поаѓањето е во 10 часот а враќањето во 17 или 18 часот.Наумовски додава …
По 51-ви пат, на сцената на Долни Сарај, ќе започне традиционалното издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. На шестте фестивалски вечери ќе биде промовиран светскиот и нашиот фолклор. По свеченото дефиле низ охридската чаршија, во 21 часот со целовечерен концерт фестивалот ќе го отпочне ансамблот Танец. На фестивалот покрај македонски ансамбли ќе земат учество и фолклорни ансамбли од Австрија, Полска, Хрватска, Србија, Албанија, Турција и Бугарија.„ Ревијално ќе се престават анасамблите од Полска, Австрија и Србија. Тоа е еден новитет на затворањето ќе има кратко преста…
Брзо се вози низ ул. „Карпош Војвода“. Преминувањето по таа улица, на патот кон детското игралиште, контењерите за одлагање смет и до најблиските продавници, претставува секојдневно изложување на опасност. Тука се вози со неприлагодена брзина на условите на патот, а посебна опасност се тешките товарни возила. Оваа состојба ни ја посочија загрижени родители од ова маало кои сметаат дека под итно надлежните треба да преземат превентивни безбедносни мерки како би се изолирала опасноста од прегазување на пешаците, имајќи предвид дека оваа улица најмногу ја поминуваат малолетни деца. „Во овој…
Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам при министретвото за транспорт и врски започна со уривање на дивоградбата „ИВИРЕ“ во Трпејца. Само десеттина дена одкако ресорното министерство и ги одзеде ингеренциите од локалната самоуправа за овој објект, механизацијата претпладнево излезе на терен и ја започна акцијата. Се уриваше објектот кој е комплетно е дивоградба, а што се однесува до објектот кој е делумно дивоградба најверојатно ќе се урива утре. Жителите од Трпејца задоволни што конечно во Македонија започнаа да се спроведуваат законските прописи и она што локалната досега го …
Музичко-сценските уметници на Македонската опера и балет и Македонската филхармонија ги условувија своите матични куќи дека нема да учествуваат на фестивалот „Охридско лето“ ако не им бидат исполнети нивните барања: хотелско сместување со полн пансион и дневница од 800 денари или 3000 денари дневно. Директорката на Фестивалот Елизабета Јанкуловска пак, денес со став дека никој не е поголем од фестивалот и неговото значење, а манифестацијата не смее да биде заложник на било какви условувања. Таа информираше дека понудата за учеството на членовите на Националните установи Македонската Опера и…
Локалната на советниците им должи 74 000 ден. Тоа се пари за неисплатени паушали за минатите шест месеци. Висина на паушалот е 70 проценти од просечната месечна нето плата во државава и зависи од големината на општината. Еден паушал на охридските избраници изнесува 14 000ден. Советниците за својата работа последен пат пари зеле во декември минатата година. Душко Јаковчески, претседателот на советот вели дека Градоначалникот им ветил дека во текот на летово парите ќе бидат исплатени.Советниците, а особено оние од ВМРО ДПМНЕ бараат што поскоро да им се подмири надоместокот. Тие повеќе не са…
И во Охрид деновиве како под сач. Охриѓани како знаат и умеат се справуваат со горештините. Некои се придржуваат до советите на лекарите, некои пак не му се плашат на сонцето. Од Одделението на Итната медицинска помош велат дека туристичката сезона е во тек, па така и нивната работа добива на интензитет. Д-р Ацо Стојаноски Раководителот на одделението за Итна медицинска помош и домашно лекување вели дека нормално е со појавата на вакви горештини да се зголеми и бројот на повиците.„Бројот на повиците секој ден е различен. Но од десет до дваесет повици имаме на ден и тоа пред се станува збо…
Тесниот и стрмен пат кој води до Скребатно ќе се асфалтира. Стариот, пропаднат, руиниран и крпен коловоз во должина од 10 километри, кој води со Скребатно, ќе биде целосно реновиран, покриен со нов асфали, па дури и проширен. Ваквите најви доаѓаат од градоначалникот на Охрид Александар Петрески. Тој потенцира дека зафатите на терен веќе се отпочнати од страна на градежната фирма Илинден од Струга, за што се обезбедени и средства.„Следнава недела отпочнува асфалтирање на патот до Скребатно. Тоа значи проект што ние го изгласавме на совет и аплициравме до светска банка преку Министерството за…