Десетина луѓе, овој пат на иницијатива на групата „Не биди ѓубре“,вчера чистеа на локацијата позната кај граѓаните како Полигон, во близина на ресторанот Европа.„Жалиме што повторно и повторно ја гледаме истата слика, најверојатно создадена од несовесни млади луѓе кои дружејќи се навечер на тоа место, зад себе, меѓу другото оставаат пластични шишиња, отпушоци и голем број на стаклени шишиња.“ – велат од групата активисти Чист Охрид. Итно е потребно надлежните да го санкционираат ваквото однесување, порачуват од Чист Охрид и додаваат дека и покрај нивните напори потребно е таа локација во це…
Во текот на изминатото деноноќие (02/03.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 502 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ и во време на пандемија, виртуелно ги одбележува родендените на роднокрајните автори, овој пат од оние родени во септември.
Според евиденцијата на библиотеката во текот на овој месец се родени тројца автори: Димче Маленко,Боро Ѓорѓиоски и Милош Линдро.
Нивните дела ги има во родонокрајното одделение и се чуваат со посебно внимание во трезорот на библиотеката.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид лани ја одбележа 100 годиншнината од раѓањето на писателот и поет Димче Маленко.
Роднокрајниот автор романсиер и раскажувач Димче Маленко е роден во Охрид на 21…
Четврток, 03. септември од 19:00 часот во кафѐ и бар „Шила“ во рамки на алтернативното културно лето “Културолошка Иницијатива 5 до 12 – Охрид“ ќе се оддржи промоција на збирката раскази „Неми филмови“ на Димитар Димоски и поетската вечер “Имам нешто да ти кажам“ поетско читање од аматери-вљубеници во пишанот збор.
Заинтересираните поети да се пријават на следниот линк:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdgjdyb_li4Q1JI0ocsG0YrBeh5ckoGbpdI9iEy0gUpA7O9NA/viewform?usp=sf_link
Програмата за овој настан:
– 19:00 – Промоција на збирката „Неми филмови“ на Димитар Димоски
*промотор: Јо…
Македонските граѓани немаат доволно информации каква храна јадат. Не добиваат јавни податоци од релевантните државни органи и научните институции, укажува проф. д-р Владимир Какуринов, од консалтинг и тренинг центарот Клуч. Недостасува и поголема одговорност на државните инспекциски служби при контролите на храната кои ќе влеваат доверба кај граѓаните, беше истакнато на денешниот меѓународен конгрес за квалитет и безбедност на храната,здравјето и нутриционизмот, „Нутрикон 2020“.
„Сметам дека нема доверба во ниту една државна институција не само кај нас туку во цел свет. Се додека не се каж…
Над 300 уметници – членови на Културно уметнички друштва од западниот регион на нашата држава, вчера во Охрид под звуците на тапаните, зурлите, гајдите продефилираа низ Охридската чаршија и го заиграа најголемото оро до сега на плоштадот Св. Климент Охридски. Дефилето беше во рамките на регионалната фолклорна смотра во организација на сојузот на фоклорни ансамбли на Македонија. Смотрата ја отвори проф. м-р Благица Илиќ раководител на фолклорниот оддел при музичко балетскиот училишен ценатр ,,Илија Николовски – Луј” од Скопје и член на уметничкиот совет на СОФАМ која поздравувајќи ги присутн…
Во текот на изминатото деноноќие (01/02.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 399 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.