Поставувањето на урбаната опрема и бучавоста, рак рана за општина Охрид. И годинава како впрочем и минатите години локалците заедно со државните инспекциски служби и претставници на СВР Охрид, денес во малата пштинска сала одржаа припремен тренинг, за справување со хроничните проблеми, пред туристичката сезона. Акутните проблеми кои фрлаат дамка врз туризмот и имиџот на градот, можат да се решат со заеднички настап на сите инспекциските служби, вели раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски. Тој признава дека во голем дел вината за состојбата лежи точно во нивниот пристап ко…
Високите температури ги мобилизираа вработените во НП „Галичицa“ да ги превенираат можните појави од пожари. Степенот за опасност од појава на пожари и степенот на мобилизација во НП „Галичица“, веќе две недели се на 1 или на највисок степен. Тоа значи дека екстремно високите температури кои ја зафатија земјава се идеални за појава на шумски пожари, информира Наум Новески, раководител на секторот за заштита од пожари, во НП „Галичица“. Од националниот парк не седат со скрстени раце. Поделиле 3000 флаери наменети за посетителите на националниот парк, за да ги потсетат како да се однесув…
Н.У. Завод и Музеј од Охрид има со што да се пофали. Тие годинава сработиле дури 90% од зацртаната програма за 2012есета. Ова го истакна директорката на оваа установа Тања Паскали Бунташеска, пред пратениците на Собранието на Р.Македонија од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николоски и Харалампие Шокароски. Факт е дека тандемот на охридските пратеници Николоски и Шокароски е едне од ретките можеби и единствен во земјава од ВМРО – ДПМНЕ, кој секоја сабота ја поминува во својот роден крај и е присутен меѓу нивните сограѓани дали во институциите или меѓу граѓаните. „Се наоѓаме пред една ус…
На само ден пред прогласување на најуспешните параглајдеристи од Третото европско првенство во прецизно слетување, кое деновиве од 1-8ми јули се оддржува во Охрид на НП Галичица, се сумираат резултатите, но и импресиите. Организаторот на натпреварот Златко Спиркоски вели дека постигнат е максимумот и сите 77 пилоти успеале да изведат по 12 слетувања. Додаде дека се знаат и фаворитите, а нашата репрезентација во екипна конкуренција од 15 земји учеснички е на средина по постигнати резултати. „Од фаворитите земји се Словенија, Чешка Бугарија и Србија“, нагласи СпиркоскиСелекторот на нашата реп…
Зоран Станкоски и Љупчо Стојаноски се лиценцирани спасители на вода. Со оваа квалификација се стекнале пред пет години. Двајцата се обучиле и полагале во ОО Црвен крст. По стекнатите вештини и дозвола за спасување на вода досега биле ангажирани на бројни плажи в долж охридското крајбрежје. Интервенирале во многу ситуцаии, но за среќа ризичните моменти завршувале среќно. „ Досега не сум имал ситуации со давење, но имало бројни ризични ситуции со губење на свест или посекотини кои звршувале во најдобар ред“, нагласува Станкоски. Во моментов Стојаноски и Станкоски се ангажирани на охридск…
Во препознатлив стил на популистичко и недемократско владеење вмро дпмне преку општинскиот комитет во Охрид со секојдневни прес конференции го дефокусира вниманието на јавноста од суровата реалност во која живеат граѓаните а за која е виновна нивната централна власт, вака започнува соопштението со кое од локалната самоуправа реагираат на пресот на општинската ВМРО ДПМНЕ.
– Во текот на владеењето на ВМРО- ДПМНЕ , во изминативе повеќе од 6 години , струјата двојно поскапе , двојно поскапеа и основните прехрамбени и други производи , земјоделците со субвенциите дополнуваат само дел од зголем…
ЛДП е смета дека многу е рано Охридското Езеро да се дава под концесија за стопански риболов, затоа што како што велат сеуште не е стабилизиран рибниот фонд во езерото, а одлуката за давање под концесија била избрзана и бесмислена. „Неофицијално, идниот концесионер е избран и веќе има склучено договор. Договорот се однесува за период од 6 години, а концесионерот има обрска на државата за истиот тој период да и исплати 12 милиони денари, а да за таа сума, добива дозвола да улови 20 тони пастрмка и 1200 тони плашица. Со овој договор, треба да се вработат и 24 рибари што значи дека ќе се зголе…
Од организационот одбор на Охридскиот Пливачки маратонот откриваат дека во моментов оваа реномирана спортска манифестација се соочува со најголеми финансиски проблеми од денот од кога е возобновен маратонот од 1992 год. Најтрагично во сето оваа е што годинава техничкиот организатор на маратонот „Охридски бранови“ кој е најстар пливачко ватерполо клуб на бившите Ју простори. слави редок јубилеј 80 години од неговото постоење. „Годинава наместо да славиме и да направиме маратон од висок рејтинг и светска класа, се соочуваме со страшни финансиски проблеми. Како организатори сме подготвени …