Јул 12, 2012

Дел од плажа во Лагадин причина за кавга

Простор на плажа во Лагадин од 300 метри квадратни причина за сериозна кавга помеѓу двајца корисници. Од 19 -ти април, кога Комисијата од Министерството за транспорт и врски ја постави границата меѓу соседните плажи на хотел Макотекс во Лагадин и соседниот корисник, почнале да пристигнуваат првите закани по животот за вработените од Макотекс, раскажува Климе Тренески. Соседниот концесионер на просторот од плажата поставил маси и столици и го узурпирал просторот кој со договор од ресорното минитерството е доделено на користење на хотел Макотекс, тврди  Тренески. Овој простор го планиравме за…

Јул 12, 2012

Секој може ама не руши

Сопствениците на дивоградбите и нелегално изградените поткровја во стариот дел на градот уште некое време можат да бидат  мирни. Иако уште пред две години наголемо се најавуваше нивно рушење од страна на Општинскиот инспекторат, тоа до ден денес не се случи. Додека локалната не се нафаќаше да руши поради немање пари, се случи Законот за Охрид.  Со стапувањето на сила на овој закон од пред една година рацете на локалците им се врзаа затоа што ингеренциите околу рушење во овој дел на градот од Општинскиот преминаа кај Државниот испекторат при Министерството за транспорт и врски. Од Општинскио…

Јул 11, 2012

Бадијала пожарна ако доцни ЕВН

Охридската и струшката  противпожарна единица имаат сериозен проблем при воспоставување контакт со дежурните служби на Евн. При  интервенции врз опожарени објекти службите на ЕВН стигнуваат со задоцнување за да ја исклучат струјата за потоа  пожарникарите да го гаснат оганот, вели командирот на противпожарната единица од Струга, Урим Каба. Дежурните служби на ЕВН многу пати не се одзиваат или пак доаѓаат со задоцнување  по нашиот повик, објаснува Каба.„ Ние  имаме водено усмени разговори  со раководителот на подрачната единица во Струга за проблемите кои ние ги имаме. Ако не е исклучена стр…

Јул 11, 2012

Убаво за око, но штетно за здравје

Пеколните горештини им пречат на сите, но не и на бактериите. Високите температури создаваат идеални услови за развивање и размножување на  салмонели, стафилококни ентеро бактерии, ешерихија и др. кои што можат да предизвикаат труење со храна. Секоја храна природно содржи одреден број на бактерии. Но лошото манпулирање со храната, неправилното готвење или неадекватното складирање резултира со размножување на бактериите во доволно голем број за да предизвикаат болест. Во Охрид летово не е ретка појавата да се продава храна на отворено. Пица на парче, крофни, сладолед, пуканки, пченки и што у…

Јул 11, 2012

ВМРО-ДПМНЕ: Поскапениот паркинг-удар врз џебот на граѓаните

Не стивнуваат реакциите околу зголемените цени за паркинг. Нова прес конференција на оваа тема одржа општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тие обвинија дека со новите цени се удира не само по џебот на охриѓани, туку и на домашните и странските туристи. Велат со наметнатата цена на паркинг просторите низ Охрид, само се усложнува неповолната состојба во која се наоѓаат граѓаните на Охрид.„Зголемувањето на цената за паркинг простор како и поставување на паркинг простор на места каде што никогаш претходно не постоеле како и недозволувањето на граѓаните кои живеат во област каде што се поставува па…

Јул 10, 2012

Каналот во Горица исчистен-недоисчистен

Каналот во близина на плажата  Горица кој започна да се чисти пред две недели  остана  недоисчистен.  На овој потег кој води кон плажите секојдневно  проаѓаат туристи кои реагираат на грдата слика од неподигнатиот отпад која го нарушува убавиот предел. Гостите кои летниот одмор го поминуваат во Охрид порачуваат дека треба да се посвети поголемо внимание на чистотата на околината. Мора да се исчисти и среди простoрот повеќе, се честите коментари упатени кон надлежните за глетката на овој простор.Со оглед на тоа што туристичката сезона е веќе започната побаравме одговор од Локалната самоуправ…

Јул 10, 2012

Паркинзите во Охрид „солени“

Само три дена откако Сузуки М-Т ДОЕЛ, стана концесионер на една четвртина од паркинг местата во градот, цената од 30 ден се искачи на 50 денари за час. Охриѓани а и посетителите на градот се најдоа затекнати од поскапувањето. Тие сметаат дека  ваквиот потег во најмала рака е самоволе на концесионерот.  Стручни лица кои добро ја познаваат оваа проблематика за ТВМ кажаа дека  зголемувањето или намалувањето на висината на надоместок за услуга од јавен карактер треба да добие амин од  Советот на општина Охрид. На поскапувањето на цената за паркинг место во градот, жестоко реагираа од штабот на …

Јул 10, 2012

Започнува сениорското европско првенство за жени од мали земји

Од вечерва спортската сала Билјанини извори домаќин на Европското првенство во Це девизија. На првенството учествуваат 8 земји од поранешна Це девизија со тоа што сега А и бе девизија се споени и се натпреваруваат во заеднички квалификации за заедничко евопско првенство. „На ова првенство е и потпретседателот на ФИБА Европа, вториот човек на Европската кошарка  Џон Молтанвез. Тој беше во инспекција  на  салава и е презадоволен од капацитетите и можностите што ги нуди како комплекс инфраструктурата. Салава располага со сите инфраструктури за сениорско првенство од А и бе девизија. Наидовме и…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top