Јул 14, 2012

Наскоро ќе се реконструира спортската сала во Велгошти

Реконструкцијата на спотската сала во Велгошти  ќе започне наскоро. Нејзината доизградба ја најави директорт на Агеницијата за млади и спорт Лазар Попоски. Владата веќе одобрила 20 милиони денари за нејзино  ставање во целосна функција, кажа Попоски пред велгоштани. „Во  услови на светска економска криза која реално с е проширува и во реалниот сектор во Македонија сепак инвестициите во спортот нема да се запостават. Секој вложен денар се седум денари заштеда во фондот за здрвственоосигурување и тоа е минимален потик да продолжиме со инветсициите, кажа Попоски.   Оваа сала која беше пуштена …

Јул 14, 2012

Андреј Коробејников на „Охридско лето“

Неговото прво гостување на фестивалот „Охридско лето“ и синоќешна изведба на делата на Бетовен, Рахманјинов и Скрјабин, не оставија никого рамнодушен, а публиката сооодветно го награди со многубројни овации и апалузи. За тоа колку е лесно или тешко еден ваков уметник да биде дел од мучката програма на Фестивалот „Охридско лето“ проговори музичкиот селектор на фестивалот, Професорката Гордана Јосифова Неделкова. „Предизвик е секогаш да се трага по големите уметници, меѓутоа задоволството е големо кога ги имаме на фестивалот., зошто со вакви имиња, фестивалот расте и постојано се збогатува“ в…

Јул 14, 2012

Сеуште средношколци, а веќе научници-генијалци

Дали вие познавате некој научник-генијалец? Јас запознав дури двајца, а ако мислите дека нема ништо невообичаено за нив, доволно е да ви кажам дека станува збор за двајца средношколци. Бранка Бунташеска и Никола Таштаноски се двете деца кои буквално од ништо успеаа да создадат нешто или во случајов, да создадат електрична енергија од органско обоени соларни клетки. Не чудете се, и јас немам поим што значи тоа, па ги замолив да ми објаснат.„Значи тоа е иновативност, не е оној стар начин на добивање на соларна клетка преку силикон, туку еден нов начин, начин кој што нема да ја загадува животн…

Јул 13, 2012

Бетонските топки во центарот на Охрид несреќни за Стефановска

  Сообраќајното решение со фамозните бетонски топки по кеј маршал Тито се покажа повеќе препрека отколку помош. Една ваква топка, причина 80 годишната Елисавета Стефановска,  да се сопне и да се здобие со скршеница, потрес на мозокот, удар на окото, грабнатини … Настанот се случил пред три дена на улицата која води до езерото, пред депандансот, каде поминува секојдневно.     Стефановска раскажува дека таа и нејзината снаа  излегле да се прошетаат покрај езерото околу 08:40 часот.  Виделе дека помеѓу депандансот и хотелот Палас има рампа, но не забележале ништо друго.  Тогаш и заѕвонил телеф…

Јул 13, 2012

Се мерат рејтинзите во СДСМ

Деновиве актуелен рејтингот на можните кандидати за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ. Според најновите резултати од една од многуте спроведени анкети  рејтингот на актуелниот градоначалник Александар Петрески е само за 3% поголем од рејтингот на претседателот на ОО на СДСМ Наум Јованоски – Чакар, дознава ТВМ. Претседателот на охридските социјалдемократи Наум Јованоски – Чакар, вели дека на локално ниво ниту ги водат ниту пак имаат информации за анкетите кои ги спроведува централата или пак некој друг. Сепак, тој не крие дека  градоначалничката фотеља за него е предизвик на кој се …

Јул 13, 2012

Летниот сообраќаен режим, нова атракција во Охрид

Горе , долу, лево, десно. Ова не е рефрен од песна туку компарација за охридскиот сообраќаен режим. Откако новото сообраќајно решение од први јули стапи на сила, а со него најголемиот дел од улиците станаа еднонасчни, граѓаните на Охрид збунето кружат по градов незнаејќи кој правец да го фатат. За гостите пак движењето по охридските улици е нова туристичка атракција.-Вртам кругови додека стигнам до дома, вели еден охриѓанец-Не знам што е ова, ние сме туристи и не знаеме како да стигнеме до апартманот, вели една битолчанка-За да стигнам до дома влегувам во една улица, па излегувам од друга, …

Јул 13, 2012

Охриѓани со протест против поскапениот паркинг

Зголемените цени на паркингот како и новиот режим на сообраќај собираат се повеќе противници. Денес поголема група на граѓани, преку мирен протест го искажа своето незадоволство по овие две прашања. Особено ревносни беа коментарите на жителите од урбаната заедница 1-Стар град. Тие револтирано изјавија дека буквално се чувствуваат како заложници и туристи во сопствениот град.„Цела година сме туристи, плаќаме енормни цени. Гледаме како е тоа решено во Скопје, дека може да се плаќа месечно или годишно. Кај нас тоа не функционира. На крајот на краиштата, овде имаме архитектонски тотално нерешен…

Јул 13, 2012

Во Охрид владее хаос со пловните објекти

Градоначалникот Александар Петрески по трет пат од пред Охридската Капетанија упати апел до централната власт, да не ги игнорира потребите на Охрид и охриѓани и да не ја загрозува туристичката сезона. Петрески се повика на вчерашниот трагичен настан во Струга, во кој загина едно лице возејќи се на скутер потенцирајќи дека ова е уште едно предупредување за тоа што може да се случи кога власта зазема несериозен однос кон едно толку важно прашање, какво што е безбедноста на Охридското езеро.Со недели предупредувавме дека во Охрид владее хаос со пловните објекти.  Капетанијата не може ефикасно …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top