Јул 17, 2012

Архитектите се размрдаа

Архитектите се размрдаа па преку стручни дискусии ќе дадат свои  видувања за актуелните состојби во архитектурата. Со стручни дебати ќе го дефинираат сегашниот културно- креативен идентитет преку освртот на обичната и стручната јавност,  но и на  студентите. Заедно ќе извлечат  заклучоци колку  субјектите  се пронаѓаат  во архитектонските феномени за кои се зборува денес, колку знаат за едукацијата, заштитата и приемната на креативните индустрии. Само преку едукацијата на младите архитекти може да делуваме врз општествениот амбиент, тврди Проф д-р Кокан Грчев, од факултет за архитектура при…

Јул 17, 2012

Фолклорниот фестивал „Александар Македонски“ по седми пат

Годинава по седми пат од 20 до 24 јули ќе се одржи веќе традиционалниот меѓународен фолклорен фестивал „Александар Македонски“.  И ова издание на фестивалот во Охрид ќе донесе поголем број на учесници од најразлични земји кои пред охриѓани, но и пред туристите во текот на двете фестивалски вечери ќе ги презентираат своите традиции и фолклор.„Оваа година имаме специјални гости од Белгија, потоа имаме учесници од Мексико, Хрватска, Србија, Турција, Естонија, Словенија, Литванија и секако од Македонија. Имаме некаде околу 14 учесници на овој фестивал.“-вели директорот на фестивалот, Миленко Ан…

Јул 17, 2012

Што ако ве фати зорт на Плаошник?

На локалитетот Плаошник нема чешма ниту јавен тоалет. Гостите кои во голем број секојдневно го посетуваат ова место за голтка вода треба да молат во околните куќи или во блиското кафуле, а недај боже ако имаат некаква друга физиолошка потреба ќе мора да се стрпат или да одат зад грмушки. Посетителите велат дека вакво нешто е незамисливо.Овој археолошки локалитет без исклучок е најпосетуваниот во Охрид. Ако се претпостави дека само во лето градов го посетуваат околу 25 000 туристи на Плаошник одат околу 20 000 од нив. Да не зборуваме за тоа пак дека овај локалитет е многу примамлив и за идни…

Јул 17, 2012

Охридскиот пливачки маратон сепак ќе се одржи

Добива разрешница дилемата дали  ќе се одржи  Охридскиот пливачки маратон. Директорот на агенцијата за млади и спорт, Лазар  Попоски  најави  дека сепак нема да се прекине 58 годишната традиција на најголемиот меѓунроден спортски настан. Попоски признава дека има финсиски проблеми и средствата за  одржување на маратонот се големи и не е лесно да се обезбедат, но се прават напори ситуацијата да се надмине.„Се знае со поголеми средства ќе се направи  повеќе.  Многу често финансиската поддршка зависи што е останато од претходно. Ако се работело домаќински и транспарентно нема да има проблеми, …

Јул 17, 2012

Сеуште актуелни паркинзите

Петрески и неговиот тим, произведуват неред во Охрид, обвинуваат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Продолжува сторијата на охридските вмровци околу издавањето на паркинзите, цената и законитоста на одлуките кој ги носи првиот човек на градот. Портпаролот на партијата Никола Митровиќ, уште еднаш нагласи дека издавањетона паркинзите на начин на кој тоа го направи градоначалникот Петрески и луѓето околу него, е резултат на нивното незнаењето и енормната желба за лично богатење.„Деновиве сме сведоци на буквален криминален чин со кој паркинзите во Охрид кои со одлука на Советот се дадени само на користење …

Јул 17, 2012

Мишел Камило ја воодушеви охридската публика

Причина, настапот на  на еден од највозбудливите музичари на светската џез сцена, пијанистот од Доминиканската Република, Мишел Kамило. Без посебни барања за време на својот престој, овој скромен музички генијалец, синоќа во предворјето на црквата Св. Софија пленеше со својата театралност во изведбата, извонредната техника,силната енергија и амплитудата во динамиката, кавлитети кои го сместуваат во редовите на најпрепознатливите џез музичари на денешницата. Синоќешниот коцерт кој ја воодушеви публиката, беше дел од веќе започнатата светска турнеја од минатата година, а негова придружба беше…

Јул 16, 2012

Мишел Камило на Охридско лето

Мишел Камило за прв пат пред охридската публика.  Добитникот на Еми и Греми награди за исклучителни достигнувања во музичката уметност вечерва ќе ги почести посетителите на Охридско лето со уште една музичка вечер за паметење. На денешната прес конференција која се одржа во хотелот „Инекс Горица“, прво се обрати селекторката на музичкиот дел од Охридско лето 2012 Гордана Неделкова Јосифова која со воодушевување и престижни епитети го најави овој реномиран пијанист и композиторВечерашниов концерт на Мишел Камило прв во Македонија, е дел од светската турнеа која тој ја започнал изминатата год…

Јул 16, 2012

Универзитетот „Свети Апостол Павле“ го прослави својот патрон

Најмладиот универзитет во земјава, Универзитетот за информатички науки и технологии, „Свети Апостол Павле“- го прослави својот прв патронен празник. Денот на големиот светец и учител, на едно место успеа да собере професори, политичари, студенти како и претставници од Министерството за образование, наука и култура. „Само за неколку години од своето постоење овој универзитет успешно се етаблира во високообразовниот простор на Република Македонија.“-рече проректорот на Универзитетот Свети Климент Охридски од Битола, Професор д-р Пере Аслимоски. Тој во својот поздравен говор, изрази надеж дека…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top