Јул 19, 2012

Се, за туризмот во Охрид

  Се, за туризмот во Охрид. Од утре екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ ќе пристапат кон чистење од градежен шут и друг вид на отпад, покрај магистралниот пат од охридскиот аеродром до влезот на градот. Иако тоа не е во нивна надлежност, директорот на ЈП  Сашо Алче вели, ако се погледне од страните на патот, состојбата е очајна и го нагрдува лицето на влезот на балканскиот бисер, градот под Самоиловите тврдини, Охрид. Тој е категоричен дека веќе е даден налог од страна на Петрески за да се исчисти овој потег, бидејќи на туристите не ги интересираат надлежностите и обврските за тоа кој е треб…

Јул 19, 2012

На Олимпијада од Охрид

Спортскиот директор на Македонскиот Олимписки Комитет Владимир Богоевски ги посети олимпијците кои во Охрид се подготвуваат за престојниот настап на Олипмијадата во Лондон. Тој вели дека го избрале Охрид за подготовки бидејќи има најдобри услови и најдобра патека која ги задоволува олимписките стандарди. Богоевски верува дека атлетичарите Христијан Ефремов и Христина Ристеска ќе го обелат образот на Македонја во Лондон. Тие пак не сакаат многу. Доволно ќе им биде да го постигнат својот најдобар резултат. Нивниот тренер задоволен како течат подготовките, вели дека Лондон и за двајцата ќе бид…

Јул 19, 2012

Во Охрид два часа паркинг можат да ве чинат 1200ден

Охриѓанец доживеал непријатно искуство паркирајќи го своето возило пред План Б. Завчера околу 22 часот излегувајќи в град го  оставил својот автомобил на паркингот пред ова кафуле и бил сигурен дека овој простор е слободен бидејќи ништо не асоцирало дека на овој паркинг се наплаќа. Кога се вртил околу полноќ го дочекало непријатно изненадување. На задното лево тркало имало поставено блокада. Тој се распрашал што се случило па некои граѓани го упатиле да оди и да се информира во куќарката кај Мекдоналдс. Таму му рекле да оди и да плати на каса, каде пак му побарале 1200 ден. доколку сака да …

Јул 19, 2012

Борбата за летна заработка не се менува

  Борбата за заработка од летната туристичката сезона не се менува  и оваа сезона.  Нема крај на добро познатите начини на заработка. Сликата е иста, само  се менуваат актерите.  Туристите кои доаѓаат со сопствен превоз на северниот влез во градот и годинава се дочекувани со натписи на кои луѓето ги рекламираат своите сместувачки капацитети. Реакција има и од  приватните станоиздавачи кои се уредно пријавени и кои плаќаат давачки кон институциите. Засегнатите легални станоиздавачи кои се некаде околу 2000 на број,  повторно им укажале на надлежните институции што ги мачи на  состанокот на С…

Јул 19, 2012

„Питачката опера“ на Охридско лето

Станува збор за дело кое е напишано кон крајот на минатиот век и многумина повеќе ја познаваат „Питачката опера“ како култно дело на Бертолд Брехт. Директорот на Албанскиот театар од Скопје, Адем Карага вели дека тематиката на оваа тетарска претстава донесе работи кои публиката секојдневно ги доживува, а кои ги со себе ги носи транизицијата која сеуште трае. Тој заедно со босанскиот режисер Дино Мустафиќ, цела година работеле на претставата, која не било воопшто лесно да се донесе пред публиката.„За нас е исклучителна чест да донесеме еден ваков нов вид претстава, нов вид на работа, многу с…

Јул 18, 2012

“Соларни бродови и чамци по Македонските Езера”

Брод кој ќе плови на солана енергија. Ова засега е само идеја ставена на хартија, но многу брзо може да стане реалност. Горан Ангелковиќ кој долги годни се занимава со иноваторство и проектирање, а е голем вљубеник во бродовте дошол на идеа да создаде брод кој ќе работи на соларен електричен погон. Тој изработил проект во кој е објаснето како бродот би требало да изгледа . Бродот е многу едноставен, а сигурен и траен и многу евтин за одржување.  Со ваквите бродови и чамци бенфитот ќе е повеќекратен. Од една страна ќе имаме еколошка заштита на езерата во Македонија, а од друга страна економс…

Јул 18, 2012

Зголемен број на полициски службеници за мирно лето

Поучени од горчливите искуства од минатото, ова лето зголемен број на полициски службеници ќе се грижат за општата безбедност во градов. Деноноќно, полициските службеници ќе патролираат со цел зачувување на јавниот ред и мир. Портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски вели дека во најголем број од случаите полициските службеници интервенираат превентивно, но доколку има опасност од ескалирање на ситуацијата, тие ќе ги искористат своите овластувања и ќе делуваат и репресивно. Најголема концентрација на полициски службеници ќе има на неколку условно речено „жешки точки“ низ градов.„ Поставеност…

Јул 18, 2012

„На Зајдисонце “ќе ја промовира Трпејца

Со музички случувања, изложби, промоции на книги и спортски активности ќе се промовира  неповторливата  туристичка населба Трпејца. Здружението на граѓани „Со љубов за Трпејца“  се зафати со организација на бројни културни активности за да  ја направи  населбата попривлечна за луѓето кои потекнуваат од тука, но и за сите нејзини вљубеници.  Преку манифестацијата  „На Зајдисонце“  ќе се даде поголема живост на неповторливо, убавото езерско место, вели Милчо Јованоски, портпарол на здружението. Идејата се роди спонтано од луѓе кои потекнуваат од Трпејца, нагласува Јованоски.„Ние ќе имаме сили…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top