Јул 23, 2012

Осветени конаците на манастирот Свети Стефан во Охрид

Оваа пештерска црква нуди прекрасен поглед на езерото, со што им нуди одлична можност за одмор, на сите кои сакаат да го посетат.„Камен-темелникот го осветивме во Октомври месец, па за брзо време, со Божја помош го изградивме. Внатре имаме сместување за 16 лица со заедничка кујна. Тие се апартмански опремени, може да доаѓа секој наш македонец или било кој што живее овде, да престојува во летниот период.“-рече Отец Сашо.Отец Сашо вели дека сеуште не е точно дефинирана цената на престој во конаците, но сега засега ќе изнесува 400 денари, што вели е поефтино од апартманското сместување во град…

Јул 23, 2012

„Архелаос“ и „Секспресија“

Владо Цветаноски, режисерот на драмата „Архелаос“ или „Еврипид се враќа на Балканот“, која саботата вечерта се одржа на просторот кај Заливот на коските, а во изведба на Драмскиот театар од Скопје,  истакна дека се чувствува како промотор на ова чудесно место, на кое веќе еднаш настапувал.„Заљубен сум во просторов. Исто така со „Крпен живот“ со народниот театар од Прилеп гостувавме овде, но тогаш не беше ова гледалиште направено. Господинот Кузман рече дека беше инспириран од претставата и дека поради неа го направил тоа гледалиште. Некако претставата со самиот свој габарит добро легна во т…

Јул 21, 2012

Графиките од „Светлина на Цар Самоил 46“-во куќата на Робевци

Куќата на Робевци понуди одличен амбиент за првата и веројатно најзначајната охридска изложба во творештвото на магистер Маја Рауник Кирков. Графиките се изработени во две техники и тоа техника на висок печат кој се карактеризира со линиски третман и техника на дигитални графики кои авторката вели се посебна провокација и инспирација за неа. „Оваа изложба ја подготвував скоро цел живот затоа што инспирација за оваа изложба е сликата која што ја видовме „Пенџерето на мојата куќа“, а тоа е мајка ми осветлена од една преубава светлина и таа слика нема само историско туку и многу силно и важно …

Јул 21, 2012

На Олимпијада само четворица македонци

На Олимпијадата во Лондон Македонија ќе биде преставена само со четворица спортисти и тоа двајца атлетичари и двајца пливачи. Ова е најмалата екипа од осамостојувањето на Македонија која се испраќа на Олимписки игри. На што се должи ова може да се анализира уште пред да започнат игрите во Лондон .Обично сите анализи се прават после завршувањето на ваквите натпреварувања, но ние во Македонија сме во ситуација тие да ги направиме и пред време. Сите треба да се запрашаме зошто спаднавме на ова дереџе, секоја федерација треба да се преиспита зошто имаат спортисти на вака ниско ниво, не се оград…

Јул 21, 2012

Охридските либерали се враќаат на политичката сцена

  Ќе се реактивира Општинската организација на ЛП. После речиси четиригодишна пауза охридските либерали се враќаат на политичката сцена. Поранешниот претседател Љупчо Нечковски вели дека тоа се прави на барање на некогашните членови и симпатизери кои ги има околу 300, но и на барање на централата која сега има ново раководство. Секако објаснува Нечковски ќе треба интензивна работа за да се направат сите формалности околу возобновувањето на партијата за таа да може да почне да функционира со полна пареа до локалните избори кои треба да се случат на пролет. Инаку либералната партија за прв па…

Јул 21, 2012

Затворен базен ќе се гради од идната година

Охрид ќе чека подобри времиња  да се изградат затворен и отворен Олимписки базен. Владата се препишмани и од најавените 9 Олимписки базени ќе гради два помали во Охрид и Крушево. Од Агенцијата за млади и спорт најавија дека во Охрид ќе градат помал затворен базен.  Затворениот базен ќе биде со димензии 33 на 25 метри со седишта за 300 до 500 гледачи. Неговата намена ќе биде за  рекреација на граѓаните, но и за одржување  меѓународни ватерполо натпревари, вели Директорот на Агенцијата за млади и спорт.  Попоски  информира дека  постапката за градба е почната. Обезбедиле идејно решение кое тр…

Јул 21, 2012

Сипријан Кацарис на „Охридско лето“

  Овој кипарско-француски пијанист, за прв пат на „Охридско лето“ настапил во 2007-та година. Кацарис не го криеше своето воодушевување, што настапува во простор како што е црквата Св.Софија, бидејќи на својот роден Кипар, тоа едноставно не било возможно. Тој додава дека да се настапува во ваков монументален објект, за него претставува вистинско доживување.„Акустиката е неверојатна, јас секогаш го правам ова пред да започнам со изведбата, и гледам дека постои природна акустика. А знам што зборувам кога говорам за фестивалите, бидејќи триесет години бев уметнички директор на Меѓународниот фе…

Јул 20, 2012

Сите на одбојка на плажа!

После една година пауза, од утре па се до 29 јули, по шести пат, турнир во одбојка на плажа. Местото е познато, како и во изминатите години тоа е плажата Бафало каде натреварувачите се поделени во четири категории и тоа: Компании, аматери, јуниори и професионалци. Први ќе го скршат мразот екипите од  компаниите, а доколку и вие сакате да учествувате, пријавувањето и натаму трае.„Секоја година правилото е дека ќе дојде некој сабајле и ќе каже и ние сакаме да играме, така да генерално очекуваме некоја груба бројка од 200 екипи во сите категории. Значи први се компаниите, па аматерите, па јуни…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top