Авг 2, 2012

Маките на Николчо Крстаноски и неговото семејство

Кои се приоритетите и потребите на луѓето? Доколку на некого сон му е да купи автомобил или да оди на одмор, други сонуваат да купат леб и да имаат сопствен кров над глава. 48 годишниот Николчо Крстеноски живее од денеска за утре и мака мачи да обезбеди корка леб за своите две деца. Веќе пет години откако неговата сопруга го оставила поради друг со децата и нговата мајка живее во трошна куќа во Велгошти. Не е способен да работи, а преживува благодарение на хуманите луѓе и Црвениот Крст, кои одвреме навреме му донираат основни прехрамбени намирници и гардероба. „Работа немам никава, социјалн…

Авг 1, 2012

Градскиот пазар добива лифтинг

Се разубавува градскиот пазар. Живка Ангелоска директорката на ЈП „Градски пазар“ вели дека ова е обид во рамките на нивната финансиска моќ, да санираат одредени површини од овој објект. Инаку неговиот запуштен изглед со годни беше тема на неброени прес конференции. „Сепак сметам дека премногу се користи таа кровна конструкција како некој изговор, но јас лично сметам дека пазарот треба да си ја задржи својата автентичност во смисла дека и во најголемите светски метрополи има отворени пазари“ вели директорката.Но оваа активност, е само дел од активностите кои јавното претрпијатие ги презема …

Авг 1, 2012

Во пресрет на „Илинден“ децата од „Развигорче“ одржаа модна ревија

Мали балерини, невести, принцези прошетаа на импровизираната модна писта во градинката „Јасна Ристеска“. Во пресрет на националниот празник „Илинден“ децата од градинката „Развигорче“ одржаа модна ревија. Ревијата  насловена како „Еко топ модел“ им донесе радост не само на најмалите деца туку и на нивните најблиски. Тие беа импресионирани и воодушевени од инвентивните еко модели. Вреди тоа што го направиле колешките заедно од оваа градинка, беше коментарот на оние кои што го проследија модниот настан.Модната ревија се реализира на иницијатива на учителката Билјана Савеска, а се спроведе зае…

Авг 1, 2012

Охриѓанец добитник на Рено Твинго од Државна лотарија на Македонија

Охриѓанецот, Дејан Петрески е среќниот добитник на еден од автомобилите од наградната игра на Државна лотарија на Македонија, „Твинго манија“. Петрески денес и официјално ги доби клучевите од својот нов автомобил, Рено Твинго. И Дејан и неговото семејство пресреќни со добиената награда за која велат дека било вистинско изненадување за нив.„Автомобилот го изгребив минатиот четврток во Together салонот во охридската чаршија и таму ми кажаа дека сум добитник на Рено Твинго. Секој што греби треба да се надева дека ќе добие некаква награда. На охриѓани би им порачал: „Играјте игри на среќа и доб…

Јул 31, 2012

Некои наводнуваат, други вода немаат ни за пиење

На + 40 степени десеттина семејства од Видобишта немаат вода ни за пиење. Тие велат дека неколку години имаат проблем со водоснабдувањето, но дека последниве години состојбата е катастрофална. Во име на засегнатите жители од Прва мекедонска удара бригада јавно за својот проблем пред камерата на ТвМ проговори Стојче Ставрески. Тој вели дека нивната мака се интензивирала од кога се доселил нивниот нов комшија и одкако на улицата била направена шахтата и поставен шибер.   „Со тој шибер делумно водата ја ограничуваат. Што значи кракот на оваа страна и оваа куќа овде се соочуваме со голем пробле…

Јул 31, 2012

На „Сирма Војвода“ неиздржлив сообраќаен метеж

Жителите  од кракот на улицата Сирма Војвода, кој ја поврзува истоимената главна улица со улицата Карпош Војвода, се жалат на неиздржливиот сообраќаен метеж. Издувните гасови, буката, прашината и нечистотијата од тркалта на камионите  им го прават неподнослив секојдневниот живот. Сообраќајната фрекфенција на тесната улица е голема и од лесни возила, но и од тешки товарни возила, раскажува Пеце Петрушевски жител на Сирма Војвода. Коловозот по кој проаѓаат возилата им е буквално под прозорците, објаснува Петрушески.„ Посебно не вознемируваат тешките моторни возила кои пренесуваат градежен мат…

Јул 30, 2012

„Работното лето“ на СДСМ пристигна во Охрид

„Македонија е мала земја со огромни и тешки проблеми, земја која нема капацитет премногу долго да издржи погрешни политики за клучните прашања“, изјави претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски на митингот кој во рамките на „Работното лето“, се одржа во саботата на градскиот плоштад во Охрид. Црвенковски потенцира дека значењето на претстојните локални избори за излез од компликуваната ситуација во која се наоѓа земјата, е огромно.„Нaродот се осмели се одважи, народот се реши, запирање повеќе нема. Доаѓа време за наплата на сметките за голема народна казна за сите досегашни лаги и измами, за…

Јул 30, 2012

Во струшко опожарени 10 хектари шума

 Пожарот, што викендов пламна во атарот на струшкото село Долно Татеши, утрово е целосно ликвидиран и ставен под  контрола.  Пожарот започнал на 28 јули и со интервенција на струшката противпожарна единица бил локализиран, но повторно се обновил на 29 јули. Во неделата, при гасењето на пожарникарите им се приклучиле и  вработените од струшкото ЈШП „Јабланица“ .Според командирот на струшката пожарна Урим Каба, причина за пожарот е човечко  невнимание  при палење на стрништа. Пожарот избил на споредните стрништа за потоа да се прошири на шумските површини  уништувајќи 10 хектари дабова шума. …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top