Од височините на планинското село Велестово ќе одекне моќта на поетската реч по 24 –пат. Првата вечер од Манифестацијата ќе биде посветена на македонскиот поет Раде Силјан. Академскиот сликар Васко Ташкоки ќе изложи 20 уметнички дела во Црквата Успение на Пресвета Богородица и во Домот на културата. Интернационалната вечер, пак е резервирана за поети од Албанија, БиХ и Бугарија. Во одржувањето на поетската манифестација, во пресрет на јубилејното изадние што ќе биде догодина се најавуваат и просторни измени за одржувањето на втората вечер, открива организаторот на поетската манифестац…
Расказот „Богу Верен, в брани силен“ под шифрата „Огниште, па пак огниште“ ја доби наградата „Живко Чинго“ . Вака одлучи жири комисијата составена од претседателот Иван Џепаровски и членовите Славе Ѓорѓо Димоски и Венко Андоновски. Од 55-те пристигнати раскази во потесен избор влегоа 7. Во најтесниот круг пак влегоа расказите „Шмркачи“, “Ихтиз“ и „Богу верен, в брани силен“.Претседателот Иван Џепаровски рече дека наградениот расказ се одвојува од останатите според својата уметничка постапка, особено според својот јазик, како и според желбата на еден поинаков начин да проговори за состојбит…
Варошани се чувствуваат запоставено и изолирано по најновата одлука општината да воведе нови линии за граѓаните од неколку периферни делови од градот. Со одлуката не е опфатен овој дел од Охрид. И жителите од Стар град сакаат градски превоз.
Се поскапите такси услуги, скапата цена на горивото како и новиот сообраќаен режим наметнуваат ваква потреба. Граѓаните кои не сакаат јавно да зборуваат пред нашата камера за оваа потреба велат дека тоа би било големо олеснување и за нив, но и за гостите кои бараат сместување во овој дел од градот. Од Локалната самоуправа велат дека пред 4 години ја …
Учениците кои беа дел од летната школа за класична гитара велат дека се горди што имале можност познатата професорка од Бугарија да им ги пренесе своите знаења и искуства и додваат дека со задоволство ќе ги применуваат новите техники и знаења кои ги научиле. „Задоволството е огромно да се биде дел од ваков настан каде се споделуваат искуства и се учат нови техники и каде се запознаваме меѓу себе ние класичните гитаристи. Презадоволен сум што сум дел од ова и се надевам дека во иднина уште повеќе ќе има учесници со што би добиле еден квалитетен фестивал на овие простори во Охрид и Струга“, в…
Промовирана книгата „Најохриѓанец“ од авторот професор д-р Драги Поп Стефанија. Насловот на ова негово дело настанало спонтано, вели Поп Стефанија. Првично започнал да пишува извештај за прием на проф. д-р Никола Бошале во друштвото на писателите бидејќи со над 25 книги тој не е член на ДПМ. Поп Стефанија појаснува дека од 9 страни извештај напишал 90 страници и дошол до заклучок дека Бошале сиот свој научно истражувачки опус му го посветил на родниот Охрид. Со 18 книги за Охрид од најразлични области Бошале потполно го заслужува овој суперлатив, нагласува авторот Поп Стефанија.„Секоја н…
Со добивањето концесионер на Охридското Езеро, за излов на риба за стопански риболов, Владата доби партнер кој ќе се грижи заедно со сите државни институции за дополнителна заштита на рибниот фонд, изјави заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски кој денеска го посети Хидробиолошкиот институт во Охрид.Министрот додава дека Риболовните основи кои ги изработиле стручните лица од хидробиолошкиот институт и 14 доктори на науки, беа неопходни за да се прецизира како ќе се врши изловот на риба, како да се објават тендерите и како да се постават условите …
9,83 проценти. Ова е релативната бројка која апсолутно секој граѓанин деновиве ја сонува како најстрашен кошмар. Токму за 9,83 проценти поскап стана најкористениот енергенс во земјава, електричната енергија. Заедно со новото поскапување, како сол на рана дојде и одлуката на Регулаторната комисија да се укине ефтината тарифа, која важеше од 13 до 16 часот секој ден освен недела. Од сега, изгледа ќе си готвиме во доцните вечерни часови. А Септември е толку блиску. Токму во Септември ќе пристигнат и првите сметки по новата цена, а граѓаните, уште сега во шок и неверување. Ги запрашавме од што…
Борбата на спортските риболовци за Охридското Езеро продолжува. Претседателот на срд Св. Апостол Петар, Радован Димитриески вели дека конечно надлажните признаа и докажаа дека не се способни да го заштитат рибниот фонд на Охридското Езеро. Додава дека тоа е единствената причина поради која езерото е издадено под концесија.„Надлежните институции кои требаше досега да ги спречат рибокрадците на успеаа во тоа и сега за да не се фрли вината на нив пред изборната кампања тие по секој случај го дадоа езерото на концесија, која според риболовната основа која е предвидена да се спроведе ќе го уништ…