Министерот за образование Панче Кралев, при посетата на УИНТ „Св.Апостол Павле“ информира дека завршен е првиот дел од постапката за доградба на објектот каде е сместен универзитетот. Уредувањето на просторот од поранешната касарна ќе почека за следната година, кажа Министерот Кралев.„Реконструкцијата на касарната останува, тоа ќе се реализира следната година, монетално се изготвува проектната документација. Во прва фаза да се заокружи моменталниот објект на „Св. Апостол Павле“. Тој објект е предмет на оваа постапка, а реконструкцијата на касарната ќе следи наредната година“ објасни Минист…
Министерот за образование Панче Кралев во посета на Унивирезитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“. Целта на посетата на министерот, да се направи увид во резултатите од првиот уписен рок. Кралев позитивно изненаден од интересот кој идните студнети го покажуваат за оваа високобразовна институција. Тој истакна дека генерално оваа година интересот за изучување на техничките науки од страна на студентите во Македонија е навистина голем. Инаку Универзитетот „Св. Апостол Павле“ оваа година кадровски ќе биде засилен со уште тројца нови професори од САД.„Меѓународната сорабо…
Летото е на заминување, но стомачните вируси карактеристични за ова годишно време токму сега го достигнуваат пикот . Статистиката покажува дека тие се најзастапени токму во месец Август. Најчестите симптоми на ова заболување се грчеви во стомакот, 5 до 6 водени столици во текот на денот, гадење, нагон за повраќање, а многу често овие вируси знаат да бидат пропратени и со висока температура. Од Центарот за јавно здравје велат дека од почетокот на јуни па до денес има 40 пријави за заболени од стомачен вирус. Но ова не е реалната бројка, велат од таму. Објаснуваат дека мал број од заболени…
Општина Охрид не се огласи на владиниот проект за времено вработување на нискоквалификувани и постари лица од 50 години. Од локалната самоуправа велат дека не дека не сакале да им помогнат на своите сограѓани, туку дека апликацијата за проектот во локалната стигнала по електронски пат само два дена пред истекот на рокот за пријавување.Контактиравме и со директорот на ЈП Охридски Комуналец, затоа што лицата опфатени со прокетот требаше да бидат ангажирани за одржување на улици, јавни површини и паркови во општините, поточно ќе им беа од голема помош на вработените од ЈП. Алче кој е на службе…
Хоровите од 15 европски земји можат да го започнат своето претставување пред жирите, но и пред љубопитната публика. Јубилејното петто издание на Охридскиот хорски фестивал, вчеравечер беше означено за отворено на најдобар можен начин.
Директорот на фестивалот, Александар Димовски, вели дека овој фестивал сведочи за долгата музичка и хорска традиција на нашиот град и изрази надеж дека настапот на овој фестивал сите учесници ќе ги потсетува на нивниот престој во Охрид. Покрај ревијалните настапи и натпреварувачкиот дел, Димовски вели ќе има и други активности.„Во рамките на фестивалот ќе биде…
Во Охрид нема културна манифестација која целосно е под капата на Локалната самоуправа и која е препознатлив бренд за градов. Иако, посебно во летниот период секојдневно се случуваат некакви фестивали, било фолклорни или забавни, а за вистина на волјата не е мал бројот и на концертите на разноразни пеачи од секаков калибар, на градов преку му е потребна една манифестација која ќе го отсликува Охрид и неговото градско пулсирање. Секоја чест и респект кон полувековното постоење на фестивалот Охридско лето и Балканскиот фестивал, но тие се финансирани од страна на државата. И не дека во еден…
Велосипед агенции. Ова е терминот кој охриѓани масовно го користат, а се однесува на мобилните посредници помеѓу приватните станоиздавачи и гостите. Ваквите дилери многу често се среќаваа по охридските улици и ова лето. Дeл од станоиздавачите со кои контактиравме а кои сакаа да останат анонимни велат дека им нанесуваат голема штета затоа што тие всушност ја дикрираат цената за сместување. Само за пример, ако по кревет станоиздавачите бараат 300 ден., посредниците бараат 350 од кои 50 денари се провизија за нив. Оваа појава им е добро позната на општинските инспектори.Раководителот Танас Т…
По 51 пат вечерва во Струга почнува реномираната светски позната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“. На пресс конференцијата организирана во чест на добитникот на златниот венец на Монгани Вали – Сероте, лауреатот, но и организаторот на оваа манифетсацијата открија детали за поезијата на годинешниот добитник на златниот венец. Сероте не го криеше задоволството што токму тој е добитник на ова високо свтски признание. Пред да проговори за неговите дела, проговори за периодот на расна дискриминација во неговата Јужна Африка, притоа потенцирајќи дека оваа награда му ја посвет…