Доделувањето на градските паркинзи под концесија, од страна на Локалната, повторно тема на прес конференција на општинската ВМРО-ДПМНЕ. Портпаротлот Никола Митровиќ истакна дека нашиот град веќе осум години е заложник на неодговорната политика на градоначалникот Александар Петрески како и на мала група блиска до него која буквално во последно време го тероризира Охрид. Портпаролот Митровиќ додаде дека криминал има и во спроведувањето на тековното работење со градските паркинг простори.„Имено, според наши извори дознаваме дека соодветните инспекциски служби утврдиле дека лицата кои работат …
На првиот училишен ден охридските основни и средни училишта ширум ги отворија вратите за своите ученици. Училиштата се подготвени за да стартува новата учебна 2012/2013 година. Со пригодна програма беа дочекани првачињата во сите основни училишта. Како и првачињата така и основците со нетрпение го очекуваа стартот на училишниот ден.По традиција градоначалникот Александар Петрески беше во посета на две основни училишта. Овој пат беше во „ Григор Прличев“ и „Братство Единство“ во Лескајца за да им посака на основците и првачињата од градот среќа и успешна година. Петрески кажа дека иак…
Ако не се обидеш, нема ни да успееш. Веројатно никој не го знае тоа подобро од Фејзо Шемо од охридската канцеларија на Државната дирекција за заштита и спасување. Се чини полека станува минато времето кога припадниците на ромската заедница беа закотвени на маргините на македонското општество.
Благодарение на Декадата на ромите, но и личната упорност, Фејзо Шемо веќе четврта година е државен службеник и посветено и успешно ја врши својата работа на помлад референт за обука, тренинг и мобилизација. За оваа позиција тој случајно аплицирал на отворениот конкурс на Дирекцијата за заштита и спасу…
Музика, дружба и прекрасна храна. Се чини ова е рецептот за вистинска забава кој Софра 2012 толку успешно го зготви. Овој фестивал на храната кој го собра Балканот во мало, и пријателска Русија, ги понуди најубавите јадења и специјалитети од Македонија, Србија, Бугарија и Русија. Мирисот на јадењата кои секоја држава ги подготвуваше едноставно носи на едно прекрасно место.
Вистинска штета што екранот на вашиот телевизор не знае тоа да го пренесе. Сепак ќе се обидеме да ве однесеме најблиску што може до оваа прекрасна манифестација. Ова се учесниците, и нивните национални јадења.„Ова е трад…
Фонтаната кај Чинарот наместо да го краси го нагрдува Плоштадот, велат граѓаните. Тие додаваат дека уште со нејзината изградба во 2003-тата е направена голема грешка. Фонтаната со нејзиниот многуаголен облик на граѓаните и туристите им наликува на НЛО објект. Но, не е само изгледот она што им пречи на минувачите. Тие реагираат и на нејзината чистота.Некои од нив велат дека фонтаната е вистински жабарник.Други додаваат дека за нејзината чистота треба да се грижат и граѓаните ,а не само надлежните.Од ЈП „Комуналец“ велат дека состојбата со фонтаната е ваква кава што е поради несоодветната из…
Повеќе од два месеци скршена гранка е надвисната врз паркинг просторот во близина на Горица 3. Гранката е сериозна опасност за капачите кои доаѓаат на плажата и ги паркираат возилата без да ја забележат. Оштетените гранки и дрвја ги отстрануваат службите на комуналец, но само со дозвола од комисијата од одделението за животна средина, кажува директорот на комуналното претпријатие Сашо Алче. „Проблем се дрвата кои се наоѓаат на површини кои се во приватна сопственост без разлика дали станува збор за правни или физички лица. Јавното претпријатие нема право да влегува во приватна сопст…
Проектот кој пред неколку години го започна раководството на Р.Е Колектор е во завршна фаза и дава одлични резултати.„ Може отпадот од пречистување на отпадните води да биде ресурс за одредени производи. Ова ни отвори многу интересни врати и за време на тие испитувања кои ги направивме во многу институти и надвор каде се обративме да ги утврдиме нашите резултати дојдовме до констатација дека отпадната муљ како тежок ризичен отпад за околината дојдовме до констатација дека со многу ефтина инвестиција и технолошки капацитет лесно за изградба и доизградба во делот на прочистителната станица д…
Ќе се стави ли крај на проблемите со недостиг на вода во Лескоец? Овој пат до нашата телевизија се обрати жител на улица Илинденска во стариот дел од селото. Славчо Цветкоски револтиран затоа што како што вели цели две недели се соочува со голем недостиг на вода, а се пожали и дека често се случува и воопшто да ја нема оваа драгоцена течност. Цветкоски вели дека ги информирал надлежните за неговиот проблем.„Јас се јавував на неколку пати во Проаква, барав помош значи да се направи начин да имаме вода или рестрикција или да се провери каде оди повеќе вода, да имаме и ние вода. Тоа веќе две н…