Одличен епилог за македонските претставници на Охридскиот атлетски маратон. Триумфално низ целта пред Домот на култура помина охриѓанката Јована Целеска, а после неа пристигна и Ивана Младеновска од Скопје. Иако во женска конкуренција имаше само три натпреварувачки, сепак самото завршување на маратонот претставува голем успех. Во машка конкуренција пак со време од два часа и четириесет секунди, заеднички, целта ја минаа и првите двајца македонци. Кокан Јаневски и Јовица Ристовски завршија официјално на четвртото и петтото место.„Како се одвиваше трката? Имам искуство, две години сум го трча…
На повидок е нова туристичка понуда на Охрид. Студенчишкото блато кое претставува своевидна реткост и богатство на ендемичен жив свет ќе биде новата атракција со која ќе се привлекуваат гости во градов. Неговата ревитализација започнува на почетокот на Октомври кога ќе се постават границите на блатото и ќе започнат градежните работи. Ќе се прават патеки од природен материјал со што блатото ќе се поврзи со езерото во онаа природна конекција што веќе ја има, вели Дејан Пановски од билатералниот секретарјат за заштита на езерото.Планирано е во овој природен резерват да бидат изградени и наб…
Неповторливите изведби на старите охридски песни од нашиот познат ансамбл „Билјана“ овековечени преку нивните настапи, со години ги воодушевувале почитувачите на староградската музика. Овој пат по повод еден прекрасен јубилеј, мајсторските звуци на овој ансамбл ќе ни ги пренесат нивните подмладоци од групата „Билјана Јуниор“.„Ова е музички хепенинг по повод шеесет години постоење на ансамблот „Билјана“ кој го организираме ние, групата Билјана јуниор во нивна чест. Ќе се одржува во месноста Сараиште на 8 Септември со што воедно се приклучуваме и кон одбележувањето на 21 година од македонска…
Почна сезоната на ајварот. Ретко кој не го сака овај наш македонски специјалитет, ама оваа зима се помалку ќе го има на трпезата. Килограм црврени пиперки чинат од 30 до40 ден. па според некои пресметки тегла ајвар ќе чини колку килограм месо. Домаќинките кои подготвуваат зимници велат дека трошат 4 килограми пиперки за една тегла ајвар од 800 грама. Според нив ајварот е прескап и многумина ќе се одлучат да купат по некоја тегла од маркетите колку за мерак. Оние тврдокорните , ќе треба да го одврзат ќесето затоа што и маслото за јадење од неодамна чини 100 денари.Домаќинките што ги анкет…
Педесетина маратонци, утре на денот на независноста на Република Македонија, ќе го трчаат познатиот Охридски меѓународен атлетски маратон. Тешката маратонска делница започнува од граничната караула во Свети Наум, а завршува во градот, пред Домот на култура, и е во должина од 30 километри. „Оваа година, организациониот одбор на Охридскиот атлетски маратон реши да продолжи една долга нишка која што за жал минатата година беше прекината од финансиски причини. Меѓутоа оваа година решивме повторно да го возобновиме и тоа е веќе 26ти по ред Меѓународен охридски атлетски маратон.“-вели Милчо Стефа…
И покрај желбите на раководствата на училиштата, сепак локалната на проблемите треба да им пристапува по приоритет. Советот на родители, родителите, учениците и наставниот кадар од ООУ Св. Климент Охридски подолго време алармираат дека имаат проблем со греењето во ова училиште. И покрај тоа што се троши неопходната количина на нафта, сепак во училниците не се постигнува оптималната температура за нормално изведување настава. „На инсистирање ме од советот на родители но и од самите наставници и ученици веќе неколку години наназад имаме проблем со затоплувањето на просториите, така да некои …
Улицата Момчило Јорданоски, стаза за мото трки. Моторџиите од градов секој ден околу три часот наутро се собираат на оваа улица и си ги одмеруваат силите, велат граѓаните кои живеат под бараките. Оваа нивна забава стана наша ноќна мора, додаваат тие. Моторџиите понекогаш возат и со брзина од 100км на час, раскажуваат револтирано.Трките од забава можат да се претворат во трагедија, загрижено кажуваат мештаните. Еден жител вели дека покрај што меже да настрада некој пешак или возач, многу лесно жртви можат да бидат и самите моторџии. Порано, кажуваат тие, на оваа улица имало поставен забавува…
Центарот за култура Григор Прличев се подготвува достојно да го одбележи 8-ми септември, денот на независноста на Македонија. Програмата започнува вечерва во 20 часот со отварањето на светската изложба на Битолскиот монмартр. Директорката на центарот, Драгана Боцевска вели дека соработката со оваа ликовна колонија е од многу одамна па затоа одлучиле чествувањето по повод овој голем државен празник да го почнат токму со нивната изложба. Нејзина идеа е делата на малите уметници од светот барем еднаш годишно да бидат ставени пред очите на охридската јавност. Боцевска кажува дека веќе станува…