Бесплатни кардиоваскуларни прегледи на плоштад. Продолжува традицијата на вакво одбележување на Денот на срцето, 29 Септември. Од Заводот за кардиолошки заболувања од Охрид кој го организира овој настан, се одлучиле овој ден да го одбележат една недела порано, но со истата цел.
Подигнување на свеста кај охриѓани за полезноста од превентивното делување и запознавање со ризик-факторите за кардиваскуларни заболувања. Ѓраѓаните кои ги затекнавме таму задоволни од акцијата. Ги запрашавме дали практикуваат вакви рутински контроли.„Не често, не често. Но мислам дека треба почесто да се прават вак…
Желба на Здружението „Богојавление“ е Првиот човек на најхристијанската земја, претседателот на Русија Владимир Путин, да биде кум на Водици 2013 год. Претседателот на Здружението Љупчо Арнаудов, во името на “Богојавление“ поканата веќе ја испратил до Руската Амбасада во земјава, од каде ќе биде испратена во кабинетот на Рускиот претседател. „Ова што го бараме од Вас е премногу, но како лидер на најголемата христијанска земја и како искрен почитувач на Бога се надеваме дека ќе ја прифатите нашата молба и дека независно од Вашите бројни обврски ќе смогнете сили денот Богојавление на 19-ти ј…
„Да престанат војните, да престанат немирите, да запре татнежот на оружјето“. Ова беа само некои од пораките испратени кон светот од Градскиот плоштад во Охрид. Сојузот на борците, на Охрид и Дебрца заедно со Локалната самоуправа од Охрид, денес го организираа Маршот на мирот, покрај кејот на езерото,а по повод Светскиот ден на мирот. Охриѓани со став дека животот во мир е придобивка која никако не треба да ја сфаќаме здраво за готово.„Треба да го цениме и треба мирот да биде стално присутен меѓу нас и меѓу државите воопшто. Не само што го цениме, туку со самово присуство му даваме значење …
Охриѓанка со три малолетни деца исфрлена на улица. Медие Далип четири дена живее под отворено небо на детско игралиште во близина на социјалната зграда. Преспива во подрумите на зградата, јаде од народната кујна и ако некој нешто и поддаде, а нејзините ќерки пишуваат домашна работа на клупите од игралиштето. Медие Далип раскажува дека партнерот со кого живеела 8 години по смртта на нејзиниот сопруг, без причина ја избркал од станот.„Јас со него заедно живеам 8 години, јадиме, пиеме заедно трошиме, се сложуваме, се случува и да се скараме,заедно одиме на работа и наеднаш не избрка, јас незн…
Време е за осврт кон сработеното. Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, утревечер ќе го одржи своето годишно собрание. Овој редовен настан е можност за согледување на целокупните наши активности во текот на изминатата година, но и можност за претставување на идните планови.-вели претседателката на Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Славица Јанковска.
Таа додава дека на ова годишно собрание ќе направат осврт и на целокупното дејствување на жената во рамките на партијата како и постигнатите резултати. Најави и нивно уште поактивно политичко делување.„Како припаднички на женскиот пол ко…
Гимназијата Св. „Климент Охридски“ од уваа учебна година воведува нова пракса. На екскурзија ќе се оди во есенскиот период и тоа со ученици од втора година. Оваа одлука била донесена поради повеќе причини, објаснува директорот Наум Рилковски. Тој вели дека почетокот на учебната година е избран како најпогоден период за патување поради можното екстерно тестирање кое можеби ќе се спроведе напролет. Учениците од втора година се и многу подисциплинирани, вели Рилкоски, а од трета година се делат класовите по струки па не е иста нивната структура, додава тој. Маршутата и ова година останува ис…
Училишниот паркинг во ЕМУЦ Св. Наум Охридски несовесни граѓани, инаку соседи на училиштето го користат за депонија. Раководството на училиштето се труди да се справи со проблемот, но очигледно граѓаните се побрзи или пак редовни со одлагањето на зелениот отпад од градините, во туѓ контењер.„Точно е дека одвреме навреме поготово кога ќе дојди периодот на зимници некои од комшиите си земаат за право, веројатно немаат само свое решение па дел од отпадот, ѓубрето да го депонираат, односно остават кај нас затоа што знаат дека ние ќе реагираме и ќе го крениме, но сликата како слика воопшто не е у…
Во комплексот Богородица Перивлепта наскоро ќе стартува конзервација, реставрација и ревитализација на конакот и камбанаријата. Секој момент се очекува добивање на конзерваторското одобрение од Управата за заштита на културното наследство по што ќе следи рушење на ѕидовите и кровот на конакот кој се во лоша состојба. Под раководство на врвни македонски статичари ќе се зајакнуваат постоечките ѕидови и ќе се реконструира она што мора да биде срушено, нагласува директорот на Завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска. Со градежните зафати во комплексот се предвидени и повеќе наменски содржи…