Подобро да се спречи отколку да се лечи. Младината се едуцира како да препознае и како да пријави семејно насилство. Средношколците од економското училиште денес од преставници на невладиниот сектор и од преставници на СВР Охрид слушнаа како да се однесуваат доколку се сведоци на семејно насилство. Тие велат дека делумно знаат, но никогаш не ена одмет да се дознае нешто повеќе.Податоците со кои располага СВР покажуваат дека се повеќе се зголемува бројот на лицата кои пријавуваат семејно насилство. Од таму велат- не дека во минатото семејно насилство имаше помалку туку сега граѓаните се по…
Оваа препорака доаѓа од вонредната средба на комисијата за заразни болести при министерството за здравство, по двата смртни случаи во земјава од западно нилската треска и неколкуте хоспитализирани пацинети од ова вирусно заболување. Препораките за ново запрашување посебно се однесуваат на општините каде што има дополнителен ризик за развој на ова заболување, во кои спаѓаат Охрид и Струга, затоа што ова се места каде има води, мочуришта, блато, поточно услови за размножување на комарците.
Директорот на центарот за јавно здравје Атанаско Михаилов потполно се сложува дека најризично место во …
Децата со интелектуална попреченост по завршувањето на основното се вклучуваат во средното образование. Најчесто овие ученици го продолжуваат образованието во стручните општински училишта. Од Бирото за развој на образованието нагласуваат дека наставната програма за овие средношколци е прилагодена. Од друга страна пак, професорите кои во пракса се сретнуваат со ваков начин на инклузија на учениците во образовниот процес велат дека имаат потреба од стручна помош на дефектолозите. Засега, нив како кадар во средните училишта ги нема. Дефектологот Наташа Илоска, од основното училиште „Братст…
Охриѓани она што не успеаа да го направат во рок од цели 5 години ќе се обидат да го завршат во следниве 5 дена. Оттаму и гужвите за заменување на старите возачки дозволи со нови, биометриски. Во службите на СВР Охрид, денвно се регистрираат и повеќе од 150 поднесоци, информира Стефан Димоски портпарол на СВР од Охрид.„Тоа значи дека значителен број од граѓаните не ја имаат направено оваа законска обврска односно не ги имаат заменато старите со нови биометриски возачки дозволи. Оттука е зголемениот број на поднесоци со кои се соочува нашата служба имаме гужви пред просториите каде се наоѓа …
„Македонија во Втората светска војна“. Ова издание на нашиот медиум го бележи своето прво претставување, нагласува редакторот на овој научен труд професор Владо Иваноски. Тој заедно со сега покојната Вера Весковиќ-Вангели, кажува дека со работа од 6 години и многу вложен труд, успеале да ја објават најобемната историска хронологија за Вардарска Македонија. „Идејата за ова дело кај мене и кај мојата колешка, како соработници на институтот за национална историја на Македонија тлееше многу време за да во 2000 година отпочне нејзината реализација“,„Значи основната цел нас ни беше што пообјектив…
Децата на возраст од 4 до 7 години ќе имаат можност и ова есен да посетуваат „Детски час за приказни“. Од октомври, секој четврток децата ќе учат англиски јазик преку игра и креативни вежби. За едукација на најмалите охриѓанчина ќе се грижат две волонтерки од Американскиот мировен корпус во Македонија и 4-ца волонтери од општинскиот Црвен крст, вели Мимоза Ставрева, координатор за организациско-стручни работи.„Ние преку читање на приказни, кој ги имаме во изобилство од англиска литература, ги внесуваме децата во светот на приказните и бајките. Со тоа тие го слушаат англискиот јазик и…
Откако во четвртокот Судот го забрани генералниот штрајк на здравствените работници, денес за време на паузата и дел од вработените во Општата болница од Охрид излегоа на мирен получасовен протест.Како и во останатите делови од државата, точно на пладне и пред управата на Охридската болница дел од вработените ги повторија причините поради кои се одлучија на ваков чекор.Солевска Невена – Претседател на Самостојна синдикална организација при ЈЗУ Општа болница-Охрид, која е дел од Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, истакна дека денешниот протест го практикуваат …
Охридскиот здравствен дом по речиси една деценија ќе добие нов персонал, а ќе се поднови и со нови возила. Директорот Митко Дабески за ТВМ откри дека се бројат деновите кога четирите нови современи комби возила марка Пежо, кои ги обезбеди министерството за здравство, ќе ги заменат дотраените Мерцедеси и Лади. Со ова ќе се овозможи охриѓани да добиваат побрза и подобра 24 часовна помош. Возилата наменети за итната медицинска служба во Охрид се дел од проект за набавка на 80 амбулантни возила на ниво на држава, како и едно возило специјално изработено за потребите на педијатрија.Но, не …