За една недела започнуват градежните зафати на комплексот Плаошник. По двегодишно тапкање во место, работотеконечно ќе мрднат од мртва точка.Новиот изведувач охридската фирма Митан Пром ќе треба да го реализира проектот онака како што беше замислен. Проектот „Плаошник“ предвидува околу 23 објекти во кои ќе бидат сместени конзерваторска школа, универзитети, музеј со археолошки наоди, библиотека со околу 100.000 наслови, а се предвидува тука да биде седиштето на галеријата со икони, Македонскиот институт за хуманистички науки, монашки простор наменет за свештени лица, афилијации на светски ун…
Од денес па се до петок Охрид е домаќин на конференцијата на асоцијацијата на туристичките училишта од Европа. На 25-та јубилејна средба, на натпреварите во 8 угостителски и туристички дисциплини ќе се натпреваруваат над 600 ученици од 30 земји. Меѓународната конференција ја отвори охридскиот градоначалник Александар Петрески. Почестени сме што за вашето јубилејно среќавање го избравте древниот Охрид, центарот на сесловенската писменост и култрура, градот на Св. Климент и Наум Охридски, кажа градоначалникот во својот поздравен говор.„Вие сте тие што од храната прават уметност и со неа ги з…
Македонската банка за подршка и развој како лек за рецесијата, нуди поволни кредитни линии. Овој пат пациенти се малите и средни претпријатија од областа на земјоделието. Од Стопанската комора пак посредуваат во објаснувањето на условите за користење на овие кредитни линии како и потребната документација за истите.
Тие сметаат дека кредитните линии се поволни и дека треба максимално да бидат искористени, посебно во услови на рецесија од која сите се зафатени.„Па нормално кај малите и средни претпријатија е поизразен тој притисок од рецесијата што еве ја зафати и нашата економија. Меѓутоа …
Катна гаража и автобуска станица преку модел на јавно приватно партнерство. Овие точки кои се дел од 52 седница за која се чека престедателот да го најави продолжението, чекаат на амин од советниците. За градоначалникот и локалната самоуправа во овој момент ова е едниствениот начин Охрид и Охриѓани за кратко време и без големи трошоци да стигнат до долго посакуваните капитални објети. „Вие знаете дека за изградба на една катна гаража сигурно треба едно 7 – 8 милиони евра. За изградба на пазарот сигурно требаат 20 милиони евра. За изградба на автобуската станица 5 милиони евра сигуно ќе тр…
Течат завршните подготвки за одржување на 25 -та конференција на Асоцијацијата на туристичките училишта и вишите школи од Европа. Од утре до 12 октомври Охрид ќе биде домаќин на средбата на која се очекуваат 600-тина гости од 30 европски земји. Организатор на конференцијата е скопското туристичко училиште „Лазар Танев“ , а голема логистика и поддршка има од охридското туристичко училиште „Ванчо Питошески“, информира директорот на ова училиште, Секула Баткоски.„ Добро е за Охрид да се донесат гости, а ќе се афримира туризмот, Охрид и Македонија. Сликата за нас ќе биде подостапна за …
Луѓето работат за иднината, за своите деца, за нивното образование. Оттука најчестото прашање кое си го поставуваат е како да ја обезбедат нивната иднина. Одговорот може да го пронајдат во животното осигурување. Навидум тежок за разбирање поим, но во суштина сепак едноставен.
Според луѓето од Граве осигурителната компанија, животното осигурување не е само инструмент за заштита, туку и начин на обезбедување на заштеда за некој иден период. Еве што значи тоа.„Со самото тоа што сте направиле животно осигурување во одреден момент, вие имате одредена заштеда. Значи после извесно време, склучуват…
Нема пречки за изградба на катна гаража на паркинг просторот кај градскиот пазар. Нејзиното подигнување не се коси со Законот за Охрид, вели директорката на Завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска. Таа објаснува дека Деталниот урбанистички план за овој опфат е донесен пред стапувањето на сила на овој закон и за тој план Завод и музеј има изработено конзерваторски основи. Паскали Бунташеска вели дека многу градби кои веќе се направени во заштитената зона во старото градско јадро се косат со Законот за Охрид. Тој не дозволува никакви поткровја и галерии, а со постоечкиот план вакви висини …
Се наѕира ли конечно решение за проблемот со затоплувањето во основното училиште „Свети Климент Охридски“? Како причина број еден за овој сериозен проблем, се смета старата и дотраена дограма во ова основно училиште.
Според зборовите на првиот човек на градов, градоначалникот Петрески, за скоро време и овој проблем би требало да добие своја разрешница. „Свети Климент училиштето ние имаме намера да ја смениме дограмата бидејќи е стара, дрвена дограма и бевме до пред некој месец убедени дека со Норвешката амбасада имавме проект дека тие ќе вложат како амбасада за тоа да го направиме, дека им…