Пратеникот Александар Николоски со преставници од политичката партија на Вмро Дпмне го посетија Сојузот на борци на Охрид и Дебрца. Средбата беше по повод вчерашниот Ден на востанието , 11-ти Октомври. Пратеникот Николоски оствари средба со претседателот на Сојузот на борци, Гоце Георгиески на која разгледаа неколку иницијативи кои треба да се реализираат воиднина за зачувување на спомен облежјата во Охрид и Дебрца. Николоски по средбата кажа дека доколку не беше НОВ немаше да постои Република Макеоднија. Сакав како пратеник и преставник од градот да им одадам едно лично признание на сите…
Досегашното искуство покажува дека осцилациите преку кои некогаш нивото на Охридското езеро се намалува, а друг пат се случува да биде многу високо, предизвикува штетни влијанија, з аживиот свет во него, но и за населението и животната средина. Златко Лефков, професор на природно математичкиот факултет е човекот кој точно 10 години континуирано ги истражува Охридското и Преспанското Езеро. Тој е категоричен дека податоците кои ги добиле од истражувањата повеќе од јасно говорат дека Езерото не смее да се користи како акумулација. „ Ова е најзначајниот еко систем во Европа и меѓу трите …
Македонија има потенцијал за развој на органското производство но тој се уште не е доволно искористен, велат екологистите. Иако бројот на органските производители се зголемува во последните неколку години, сепак станува збор за слабо развиена дејност во споредба со светскиот просек.Минатата година органската храна се произведувала на илјада педесет и пет хектари што е многу малку од вкупно обработливата површина во Македонија, вели Владимир Џабирски, поранешен претседател на Здружението на екологисти на Македонија.
Во државава регистрирани се вкупно 250 фармери, производители на органска хр…
Низа свечености во организација на локалната самоуптрава во чест на 11 октомври или 71 годишнината од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна.Делегација на локалната предводена од претседавачот на советот Душко Јковчески, советници, пратеникот во Владата на Р Македонија Митре Велјаноски, преставници на јавни претпријатија , утрово положија свежо цвеќе пред спомен одбележјата на охриѓаните учесници во НОБ. Денешниот празник повод со пригодна свеченост во употреба да се пушти кружниот тек кај некогашната раскрсница помеѓу Туристичка и АСНОМ према Билјанини из…
Од апче за главоболка до лек за хронични болести. Македонија станува регионален центар за набавка на евтини, а квалитетни лекови. Граѓаните од соседните земји Грција, Бугарија и Србија секојдневно ги преминуваат границите и буквално ги празнат македонските аптеки.
„Оваа тенденција која ја гледаме е резултат на добро поставен систем кој гледаме дека е ослободен од било какви турболенции со кои се соочуваат некои ситеми во соседството“, вели министерот за здравство Никола Тодоров.Тодоров е категоричен дека недостаток на лекови за нашите граѓаните нема да има, поради што нема потреба ни од н…
Новоизградените детски игралишта во населбата „Гоце Делчев“ позната како „Бараки“ и игралиштето во близина на кружниот тек кај болниците, денес добија и официјална промоција.
Нишалки и забавни реквизити, кошеви и игралиште за фудбал за најмладите, но и уреден парк за постарите лица. А најмладите воодушевени од новите реквизити.„Јас сум многу задоволна од овој парк“„Јас сум многу задоволен за паркот во населбата „Гоце Делчев“ и честит празник.“-рекоа дел од нив.Градоначалникот Петрески смета дека овие игралишта им се потребни на најмладите и вели дека во иднина очекува да се прават уште пов…
Сезоната на грипови сеуште не започнала, но затоа започнува обидот за намалување на бројот на заболени од сезонски грип. Од утре официјално, во Центарот за јавно здравје во Охрид, ќе започне општата имунизација на граѓаните од Охрид, Струга и Дебар. Секоја година се јавува познатата дилема дали воопшто да се прима оваа вакцина и колку е таа корисна. Директорот на Центарот за јавно здравје Д-р Атанаско Михаилов смета дека не постои никаква оправданост за овој сомнеж. „Ако не е корисна оваа вакцина, тогаш Светската здравствена организација и сите здравствени работници кои што ја даваат, нема …
Министерот за здравство Никола Тодоров во работна посета на Охрид. Лично се увери во динамиката на изградбата на општата болница, го посети здравствениот дом, но најмногу внимание посвети на проектот за дислокација на центарот за кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“. Министерот откри дека сега засега тим од министерството разгледува две можности, првата кардиолошкиот центар да се префрли во карабина објектот во слоп на специјалната болница за ортопедија и трауматологија, Св. Еразмо, почнат да се гради пред пред 20 и повеќе години, а втората можност е истата да се пренесе на местото кад…