Охрид го празнува 11 ти октомври

Охрид празнува.

 |  Маленкова Татјана  | 
11 ti oktomvri
11 ти октомври

Низа свечености во организација на локалната самоуптрава во чест на 11 октомври или  71 годишнината од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна.
Делегација  на локалната предводена од претседавачот на советот Душко Јковчески, советници, пратеникот во Владата на Р Македонија Митре Велјаноски,  преставници на јавни претпријатија , утрово положија свежо цвеќе пред спомен одбележјата на охриѓаните учесници во НОБ.
Денешниот празник повод со пригодна свеченост во употреба да се пушти кружниот тек  кај некогашната раскрсница помеѓу Туристичка и АСНОМ према Билјанини извори, зафат кој според градоначалникот локалната го направи во рекордно време.

„Ја направивме многу убава една од најубавите кружни токови  кој е функционелен меѓутоа  поради летото иkruzen tek поради други празници чекавме да  го отвориме. Исто така во изминатиот период многупати имам кажано дека доста вложуваме во инфраструктурата во колектото во канализацијата во водоводите“, вели градоначалникот Александар Петрески.  

11 октомври го празнува целата наша земја. На 11 Октомври 1941 борците од Првиот прилепски партизански одред го нападнаа бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, што го означи почетокот на организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за ослободување на земјата. Следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети. Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top