Максимална заштита на видот кај дијабетичарите. Тоа ќе го овозможи новата опрема на Министерството за здравство која е во вредност од 140 илјади евра, а е наменета за офталмолошкото одделение во општа болница Охрид. Деновиве оваа опрема веќе си го најде своето место во специјално за тоа адаптираната просторија на охридското офталмолошко одделение. Првиот човек на болницата Љубен Арнаудов, појасни колкава е важноста од поседување на оваа опрема, а посебно го истакна значењето на ласерот, кој ќе биде во функција за превенција на видот кај дијабетичарите, поточно да се заштити окото од слепи…
Во Охрид и Дебрца евидентирани се 600 социјално загрозени семејства. Ова го покажуваат податоците на Центарот за социјална работа. Поради строгите критериуми за доделување еднократна или постојана помош, бројот на евидентирани семејства според центарот во последните пет години се намалува, но се поголем е бројот на семејства кои бараат помош во охридскиот Црвен крст.Кај нас постојано доаѓаат луѓе кои бараат помош, некои од нив и не се евидентирани во списоците на Центарот за социјална работа поради строгите критериуми. Доколку сме во можност им даваме еднократна помош, вели Мимоза Ставре…
Екологистите од „Грашница“ и Движењето на екологистите од Македонија, реагираат на Законот за животна средоина. Тие се прашуваат како може фармите и отпадите да се градат надвор од населените места, а тоа да не важи за индустриските капацитети од тешката индустрија.Јасна Стојаноска, од ЕД Грашница, вели, бараме дополнување на Законот за животна средина. Да се ограничи и дефинира растојанието на кое ќe се врши градењето на новите индустриски капацитети во зависност од степенот на индустриското загадување. Фабриката може да го предизвика загадување и треба да се разграничи каде може да им…
Во ОУ „Братство Единство, од Велес пристигна мултикултурниот караван со мешан етнички состав на ученици од повеќе училишта од земјава. Во овој необичен караван се вклучени училишта со мешан етнички состав, па децата ќе се дружат и меѓусебно ќе се запознаваат, вели преставникот од Министерството за образование и наука, Исмаил Демировиќ.„ Децата да се интегрираат, заедно да се дружат за да ги надминат етничките и јазичните разлики кои се мeѓу нас, не прават различни, а сме сите исти. Децата од најмала возраст да другаруваат и да ги надминуваат спротивностите“, вели за целта на проектот …
Денеска грејните тела во општина Охрид по домовите, училиштата и институциите остана студени поради високите температури за овој период од годината , но тоа неначи дека не сме подготвени за она што следува.„Сите основни и средни училишта и детската градинка на територијата на општина Охрид спремни ја дочекуваат грејната сезона. Потребни количини огрев за почеток на грејна сезона имеме во наредниот период нема да имаме проблем со почнувањето на грејната сезона“, вели првиот човек на одделението за образование Серафим Наумовски. Проблем нема да има велат од локалната, но прашање кое се нам…
Од денес, па се до петок, во рамки на интерното одделение при Општата болница во Охрид, ќе гостува професор д-р Нада Марина од Клиниката за ревматологија во Скопје. Д-р Марина во текот на овие неколку дена ќе врши ревматоидни прегледи на сите заинтересирани граѓани кои се соочуваат со ова заболување. Прегледите започнаа од утринава, а интересот прилично голем, вели д-р Марина.„Јас од сабајле имав доста пациенти, пациенти кои што редовно доаѓале во Скопје, слушнале, и дојдоа на преглед во амбулантата на интерното одделение така да имавме пациенти и од Струга. Мислам дека овој регион што го …
Лајонистите од Охрид им подарија компјутер со специјaлна програма наменета за потребите на слепите лица. Охридските лајонисти, како и останатите колеги од светот, од 1925 година се заштитници или витези на слепите. Со нивната хуманост им помагаат на слепите лица покажувајќи им дека не се сами и дека има луѓе кои сакаат да им помогнат. Лајонситите од Охрид не ги занемaруваат и останaтите ранливи категории луѓе. Помагаме и на лицата со оштетен слух, но и на сите останати кои имаат потреба од хуманост, вели Михајло Арнаудов од Лајонс Клуб Охрид. На светскиот ден на слепите, членови од Лајо…
Најнаселената МЗ „7ми ноември“, заборавена од надлежните, реагира претседателот Димитрија Митрески. Тој денес отворено проговори за проблемите со кои се соочуваат мештаните на оваа месна заеница. Најсензибилниот проблем според Митрески доаѓа од комуналната сфера. „Речиси сите куќи за време на врнежи од дождови па и снег се полнат со вода и никој не води грижа, посебно не луѓето кои катадневно се фалат дека нешто прават долгорочно и квалитетно“, вели Митрески. „Меѓутоа канализацијата е поставена посебно за фекална посебно за дождовна. На крај кога ги правеа шахтите ги замешаа и сега фактич…