Обилните дождови кои наврнаа деновиве во Охрид за среќа немаа големо влијание на квалитетот на водата за пиење. Од Центарот за јавно здравје велат дека постојано се вршат контроли како граѓаните не би се довеле во некаква опасност од зарази порадо слаб квалитет на водата. Атанаско Михаилов, директорот на центарот објаснува дека обилните врнежи најмногу влијаат на намалувањето на квалитетот на водата во Билјанините извори.Вообичаените анализи на водата од градскиот водовод се прават секој понеделник. Мостри се земаат од 24 мерни места во градов. Се мери количината на хлор во водата, се испит…
Осигурениците кои веќе ги имаат добиено новите електронски картички при користење здравствена услуга во установи кои работат со Фондот за здравствено осигурување нема да има потреба да носат сини картони. Во првава фаза од примената картичките ќе се користат само како сини картони, а подоцна и како здравствени книшки. „Ние имаме дистрибуирано околу 6000 електронски здравствени картички и уште 3000 имаме за дистринуција. Некои од ЈП или школи суште немаат уплатено, па затоа сеуште не ги имаат земено. Тоа се сите здравствени установи и нивни членови и државна администрација и јавни претприја…
Ако ја љубите фотографијата, а сакате и да помагате, тогаш еве ви можност да уживате во двете работи истовремено. Во понеделник, 5ти Ноември, во лаунџ барот Објектив, ќе се случи хуманитарна изложба на фотографии во изработка на Петар Боев. Инаку станува збор за 47 фотографии кои се сликани од месец Април па наваму, а се дел од проектот „Охрид, град на цвеќето 2012“. На фотографиите доминира цвеќето како мотив, со карактеристична охридска позадина.
Фотографирани се градскиот парк и околината, а направени се фотографии и од акцијата за украсување на куќите во стариот дел на градот, како и по…
Дел од населба Даљан, Охрид, во вода до колена. Дождот кој што од утрово го зафати градов, поплви неколку влеза од станбени комплекси во населба Далјан. А тоа им донесе проблем на жителите од ул Сатеска 40. Пристапот за влез и излез од зградите е возможен само со гумени чизми до колена, а не беа ретки и оние кои боси или со изводенети обувки поминуваа низ поплавата. И не само тоа, на жителите скоро и да не им остана ништо од годинешната зимница бидејќи и подрумите и гаражите пливаат во вода. Тие се крајно револтирани, велат, проблемот е присутен со секое невреме од дожд и снег веќе цели 3…
Жителите на Орман видно запрепастени од оваа необична појава и крајно револтирани од она што им се случува јавно проговорија за својата мака. Овчарот Муарем Ајка неможе да се изначуди на кого му засмета неговот куче, а уште повеќе што наместо некој тоа да му кажи се одлучил да го отруе фрлајќи му отров во време кога кучето било врзано во неговиот двор.„Кучето ми го отруја врзано. Дивина има, а неможиме кучињата да ги пуштиме поради отровите. Сега имам кучиња три и може да видите дека ни лаат и напаѓаат. Имаме мака што фрлаат отрови. Ни е страв и луѓе да поминуваат поради овие отрови. Овци …
Температурите паѓаат, часовникот се врати еден час наназад, па и брзо се стемнува. Ако ова не ви изгледа како некој проблем, тогаш замислете да немате струја во просторијата во која работите. Стана малку пострашно нели? Токму со ваков проблем се соочуваат вработените во јавното претпријатие Охридски комуналец поради неплатен долг кон ЕВН. Но не се само тие.
Истиот проблем го делат и вработените во наплатната служба на јавното претпријатие Градски гробишта бидејќи се сместени токму во просториите на Комуналец кај градскиот пазар. Побаравме одговор од портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачевски зош…
Пумпните станици на колекторскиот систем ќе се управуваат далечински.Ова е проект кој МЈП Проаква го реализира заедно со Швајцарската амбасада која за таа цел издвои средства во висина од 2 мил денари. На потегот од Св. Наум до Радожда во должина од 28 км има 11 пумпми станици. На ваков начин ќе се намалат трошоците за гориво и електрична енергија, а и ќе се избегне затајувањето на системот кој кога има пообилни врнежи од дожд треба да работи со поголем капацитет за да се постигне саканиот ефект за заштита на езерото од отпадните води, вели Златко Старкоски директорот на МЈП Проаква.Овој п…
Околу 30-тина лица, годинава, отпочнале сопствен бизнис како молери, козметичари, занаетчии, трговци и земјоделци, со финансиска поддршка од Центарот за вработување. Вработувањата биле реализирани преку активни мерки за самовработување со кредитирање и грант со неповратни средства за набавка на опрема.
До 1 декември во Центарот за вработување може да аплицираат невработени лица за поддршка при вработување како почетници практиканти, обука за дефицитарни занимања за познати работодавачи и финасиска поддршка за мали и микро претпријатија кои ќе вработуваат невработени лица. Центарот …