Од наредната недела стартуваат новите градински групи во централната градинака „Јасна Ристеска“. Новите простории во доградениот дел на оваа градинка утре, на денот на нејзиниот патрон свечено ќе бидат пуштени во употреба. Тие се изградени по сите нормативи и стандарди според правилникот за изградба на детска градинка. Во новите простории има три занимални, една трпезарија и магацински дел. Таму ќе бидат згрижени 90 деца, вели директорката на градинката, Марина Петровска Тодоровска.Доградбата на централната градинка ја финансираше Локалната самоуправа, а уредувањата на занималните е со сред…
Кога се работи за најмладите, веројатно нема срце што не сака да помогне. Тоа недвосмислено го докажа вчерашната добротворна изложба на фотографии од проектот „Охрид, град на цвеќето“. Советници во општината, директори на јавни претпријатија, сопственици на приватни бизниси, иако различни, во суштина сепак слични. Сите се собраа на едно место , со заедничка цел, да го дадат својот придонес во обезбедувањето на иднината на најмладите. Имаа на располагање избор од 47 фотографии со мотиви од Охрид во кои главен актер беше цвеќето. Беа воодушевени од сите фотографии, но секој си одбра и купи св…
На средбата со новоназначениот капетан Горан Устијаноски и преставникот на билатералниот секретаријат Дејан Паноски се дискутирало за измените на законот за внатрешна пловидба за кои се расправа денеска во совранието на Р Македонија, но и за реконструкцијата и доградбата на градското пристаниште и како тоа би влијаело на животната средина. „Првата измена е имплементација на директивата 87 низ 540 од европската економска заедница, сега европаката унија која целосно се прилагодува во македонското законодавство. Второ е изменување на делот кој се однесува на концесионирањето и третиот дел се …
На несовесни граѓани пракса им стана ѓубрето наместо во својот, да го одлагаат пред ќуќата на комшиите. Ристо Карадимчески раскажува дека за овој проблем се обидува решение да најде веќе две години, но освен ветување од надлежните органи, нама ништо друго. „Алармирав до надлежните инспекции за проблемов, дојдоа два три пати и ми рекоа требало јас да ги сликам луѓето навечер што ќе го фрлат ѓубрето и да му однесам документи. Сликав јас двајца ги однесов таму и до ден денеска ништо. Еве баш овие куќи од сокачето целото ѓубре го фрлаат кај мене“, вели Ристо Карадимчески.Карадимчески објаснува…
Засадени зимзелени дрвца и светнати плочи во Спомен паркот на паднатите борци. Ова се активностите кои здружението „Брег на младоста“ ги организираше вчера, во знак на одбележување на 7-ми Ноември, ден на ослободувањето на градот. 50-тина членови на возраст од 10 до 60 години, од различен пол и етничка припадност, учествуваа во акцијата за расчистување на просторот во знак на благодарност и сеќавање на борците кои пред 68 години ги положија своите животи за слободата на својата земја, вели Љупчо Милкоски, претседател на Надзорниот одбор на здружението „Брег на младоста“. …
Домаќините на охридското Супер радио, Жанко З`Ш Голабоски и Сашо Митаноски, наместо роденденска торта, ќе се обидат на радиото, па и на градот, да му подарат емисија за Гинисов рекорд. Поводот е 20от роденден на Супер радио. Идејата им дошла уште пред 6 месеци и веднаш се истакнала по атрактивноста, па се одлучиле да го соборат рекордот кој го држи германското радио Кис ФМ со 74 часовна емисија. Охриѓани, Македонија, а богами и целиот свет, освен на радио, имаат можност Жанко З`Ш и Сашо Митан, да ги гледаат и преку видео пренос на веб страната на Супер радио. Пријавувањето велат е многу ед…
Охрид да му се одолжи на писателот Ванчо Николески со подигање на споменик, предлагаат од Здруженито на акцијаши „Брег на младоста“. Ванчо Николески е автор на 30 романи, поеми и раскази со кои во национални рамки и пошироко се издигна и себе си, но и градот Охрид како непресушна културна ризница, напоменува Зоран Стевоски, претседател на Здруженито. Иницијативата ја поткрепува со фактот што годинава се навршуваат 100 години од раѓањето на писателот и 50 години од објавувањето на романот „Волшебното самарче“. Споменикот ќе биде едно признание за неговиот книжевен опус, вели Стевоски. …
Согласно Меморандумот за соработка на земјите од Дримскиот басен, Македонија, Црна Гора, Грција, Косово и Албанија, деновиве се формираа работните групи кои во наредните години ќе работат на состојбата на животната средина во Дримскиот басен и околу подобрување на сите услови.
Формирани се три групи и тоа една за имплементација на Рамковната директива за води на Европската унија, втората за мониторинг на водите во Дримскиот басен и третата за заштита на биодиверзитетот и екосистемот.„Работата на тие групи ќе биде оценета на 20ти Ноември, на состанокот на Дрим Кор групата каде што ќе се евал…