Монографијата за охридската гимназија сепак ќе го види светлото на денот. По неколку години чекање ќе биде отпечатена во тираж од 500 примероци. Автор на монографијата е историчарот порф. Д-р Павле Митрески. Историчарот повеќе од 5 години прибирал материјали, документи , слики и мемоари. Во книгата се содржани сите детали за почетокот на изградбата на објектот, како и животот на градителот, мајорот во турската војска Ејуп Сабри. На почетокот од 20 век мајорот Сабри потрошил голем дел од свјот имот за да го подигне монументалниот објект во кој денес е сместена охридската гимназија, раска…
18 прекрасни мозаици изработени од 15 уметници од нашава земја и соседна Србија од вечерва ќе бидат ставени пред очите на охридската публика. Овие неповторливи уметнички дела, изработени од разнобојни камчиња кои создаваат една прекрасна целина се поставени во Амамот Воска. Овој автентичен амбиент со мозаиците во него ќе ги врати посетителите во времињата назад кога овој амам бил масовно посетуван од жените кои се разубавувале таму и уживале во миговите кои биле само нивни, вели Ели Аин, раководителот на центарот за културен проток, АртЕрија. Овој нов изложбен простор членовите на АртЕриј…
12 здруженија на глуви и наглуви лица од целата држава, денес ловеа риба во Стденчишкиот канал. Претставници од Охрид, Скопје, Гевгелија, Битола, Кавадарци, Прилеп, Гостивар се натпреваруваа кој ќе улови повеќе риба. Овој државен натпревар се одржува веќе втора година по ред.
Риболовците се натпреваруваат поединечно и екипно, а ќе добијат медали и пехари. Претседателот на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица, Васко Марков, изрази надеж дека победникот на овој натпревар нема да запре тука.„Се надевам дека кој ќе го освои првото место, понатаму ќе продолжи со натпреварите. Дали ќе учест…
Родителите сеуште немаат увид во школскиот успех на нивните деца преку интернет. Современите дневници кој од оваа учебна година се задолжителни за секое училиште во земјава сеуште не се ставени во функција. Директорката на ОУ „Св Климент Охридски“, Славица Илиќ вели дека при воведувањето на електронскиот дневник се сретнале со неколку проблеми. Се соочиле со тешкотии во комбинираните паралелки или со наставниците кои реализирале настава во две училишта. Некои проблеми успеале да ги надминат, но како главна причина ја наведува интернет конекцијата. „Се случува да нема конекција и достапн…
Градоначалникот Александар Петрески и годинава ќе го избира добитникот на Св. Климентовата награда. Петрески ќе пресече кој ќе биде носител на наградата од пристигнатите номинации. Оваа пракса се воведе минатата година со цел да се растеретат од притисокот и да здивнат 5-те членови на Комисијата за одбележување на празници, манифестации и доделување на наградите и признанија, бидејќи изминатите години доделувањето на наградите го тресеа скандалозни случувања.За да се избегнат ваквите несакани ситуации советниците тежината на изборот ја префрлија на еден човек- Градоначалникот, вели Виолет…
Охридската Општа болница помага во лекувањето на Симона Јовеска. Таа живее во темница и досега ја нема видено светлината на денот. „Надежта последна умира и се што треба ќе направам моето дете да прогледа и до година да ја пратам на училиште“, вели мајката на Симона, Гордана Силјаноска.Мајката на малечката Мона живее со надеж дека еден ден и нејзината ќерка ќе слезе пред зградата во која живее да игра со своите другарчиња и да им се радува на боите на денот. Токму таа надеж и дава сила да истрае и покрај својот инвалидитет неуморно да се грижи со голема љубов за своето чедо. Но на оваа м…
Лајонс клубот Охрид од Охрид, во соработка со матичните лекари започна со спроведување на проектот за превенција и борба против дијабетесот. Оваа благородна акција доаѓа во месецот на дијабет кој се одбележува во светски рамки. На првата координативна средба помеѓу дел на членството на НВО Лајонс Охрид и општите лекари од Охрид, претседателот на клубот Михајло Арнаудов упати јасна порака, активно вклучување на докторите од примарната медицина за рано откривање на дијабетот кај пациентите, што пак би помогнало во утврдување на реалната бројка на дијабетичари во општинава. Др. Сашо Василев…
Штрајкот на лекарите продолжува и денес. На клиниките како што соопшти самостојниот синдикат се примаат само итните пациенти. Од вчера се штрајкува и во заводот за нефрологија – Струга. Подршка на колегите од клиничкиот центар му даваат сите доктори од оваа регионална здравствена установа. „Учеството во штрајкот од нашата установа е од сите колеги без разлика од партиска поделеност. Подршка имаме и од гранковиот синдика. Итните случаи ги примаме, а ма другите им укажуваме или имаме разбирање“, вели д-р Асид Муса – координатор на штајкувачки одбор. д-р Муса открива дека штрајкот во заводот…