Градските власти во Охрид најавија гасификација. Градоначалникот Александар Петрески тоа го планира како една од мерките за справување со енергетската криза, поради која, многу институции посебно образовните се дават во долгови поради обезбедување на неопходните енергенси за греење.„Планираме дел по дел во градот да воведуваме гасификација, т.е. првата област ќе биде околу Григор Прличев училиштето каде што ќе поставиме мобилна цистерна за гас од каде што од исто место ќе се грее и Григор Прличев и детската градинка, гимназијата, економското училиште, општината и другите институции се до с…
Организатор на забавата „Играта е детска работа“, беше Женскиот Лајонс клуб Деница кој веќе неколку месеци егзистира во Охрид. Претседателката на Деница, Јулијана Василеска вели дека се одлучиле да помогнат во доопремувањето на просториите во градинката затоа што дечињата имаат посебно место во нивното хуманитарно делување.„Дечињата од градинка кои се толку припремени толку инспиративни самите ќе се потрудат да организираат една пригода која со наша помош и наша посетеност ќе допренесе да се соберат средства со што ќе се помогне во доопремување на занимлните во централната детска градинка …
Автопатското решение кое години наназад беше само пуста желба, конечно ќе биде и реализирано. Најавен како еден од проектите во манифестот на владејачката гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ уште во 2011 година, поврзувањето на Скопје и Охрид имаше свои препреки. Поради големиот износ на финансиски средства потребни за изградба на вакво автопатско решение, првичната идеја на Владата била овој патен правец да биде даден под концесија, но токму тука настанува и застојот бидејќи кај потенцијалните концесионери немало интерес.
Решението на проблемот од транспорт и врски го обелоденија пред два дена. Автоп…
Пожарот кој најверојатно настанал од затнат оџак за многу кратко време се распламти, а густиот бел чад над калето можеше да се забележи од сите страни на Охрид. Благодарение на брзата интервенција на комшиите и противпожарната служба од Охрид и покрај тешкиот пристап до објектот, поради паркираните автомобили по тесните месокастрански улички, избегната е многу поголема катастрофа. Во пожарот нема повредени лица. Во целост е уништена кровната конструкција и поголемиот дел од објектот. „Успеавме да го пресечиме со помош на граѓаните кои веќе имаа реалирано, успеавме да го насочиме само на об…
Советниците дадоа зелено светло за намалување на цената за гробното поле 5, кое се протега помеѓу ресторанот и градската капела. Гробните места за кои досега се плаќаше 83900 денари, од сега ќе се плаќа 73 000 и 46 000 денари. Директорот на ЈП Коле Петкуќески како причина за оваа одлука на ЈП ја
наведува тоа што повеќе нема слободни гроби места, но и лошата економска
состојба.
Спротивно на ова советникот од ВМРО ДПМНЕ Џемал Рахман вели дека објаснувањето за оваа одлука недржи, затоа што како што кажа Гробарината не се намалува, а се поголема е ставката од одржување, отколку продавање на …
Советниците се спречкаа уште на правата точка, предложена од страна на градоначалникот и тоа Согласно член 25 од законот за просторно уредување, градоначалникот даде предлог одлука за урбанистички план за изградба на хотел вон населено место за Коњско дел од туристички комплекс св Стефан. На овој предлог оштро се спротиставија советниците од ВМРО ДПМНЕ. Јованка Дамоска Секуловска вели дека ставот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ е урабистичките промени да им се доставуваат навремено, а не пред самата седница. „Незнам што е брзањето и немаме детали за истиот планшто значи нема да гласаме …
Јавните претпријатија се на колена или во тешка состојба. Тоа е генерална слика за работењето на овие п-јатија во целата држава ане само во Охрид, смета градоначалникот Александар Петрески. Тој кажа дека за бројните проблеми со кои се соочуваат ЈП било разговарано и на ЗЕЛС и со министерите и смета дека треба сериозно да се пристапи кон нивно решавање. Петрески воедно посочи и кој, според него, е виновникот за ваквата состојба. „Кои се пред се не само од прекумерни вработувања туку од разни закони кои штетно влијаат врз работењето на претпријатието“-истакна Петрески.Советничката на ВМРО-…
Охриѓани и гостите ќе се сончаат на вештачки плажи, ќе се коцкаат во казина на вода, ќе ги паркираат своите глисери и јахти во модерна марина, а помеѓу две посети на луксузни спа центри ќе можат да удрат и по некое голф топче. Дали сето ова ќе се оствари, односно дали ќе се изгради амбициозниот проект Сахарајан Македонија ќе покаже времето. Граѓаните со поделени мислења околу тоа. Дел од нив се оптимисти, а дел велат дека ова е само предизборна игра.Градоначалникот Александар Петрески ја подржува идејата за изградба на ваков елитен комплекс во Љубаништа, но тој реагира на условите под ко…