Продолжува општествено одговорното делување на компанијата АД „Макпетрол“ од Скопје. Нивната хуманост денес се покажа со новата донација која ја доделија на специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ од Охрид. Тие донираа 11 нови лцд телевизори, како и постелнини за што е можно поудобен престој во оваа болница.„Би сакал да изразам голема благодарност до АД „Макпетрол“ од Скопје, за дадената донација која што е трета по ред во нашата болница, каде што со оваа донација ќе се подобрат условите за престој во детскиот оддел, на најмладите пациенти што се лекуваат кај нас …
Нов сообраќаен режим на „Кеј Маршал Тито“ и кружниот тек кај плоштадот. На споменатата улица нема повеќе да се одвива сообраќај и ќе служи како шеталиште , а рампите на плоштадот се отстранети така што на овој дел ќе може сообраќајот слободно да се одвива без никакво запирање, вели Зоран Шикалоски, раководиделот на секторот за комунален развој и сообраќај.Рампите повеќе нема да бидат во функција на паркинг просторот, а самото паркирање ќе се регулира со паркингметри или со смс пораки. Ова е одлука на Локалната во корелација со останатите субјекти, а причина се престојните празници кога се…
Информацијата дека некои пчелари добиле сметки за плаќање на закупнина за пашарина ја негираат од ЈП за стопанисување со пасишта. Порачуваат пчеларите да не плаќаат закупнина ако фактурата не е со лого и печат од ЈП за стопанисување со пасишта. Претседателот на Комсијата за издавање на користење на пасишта, при ЈП за стoпaнисување со пасишта, Амир Беџети ги предупредува пчеларите од можни измами. „ Им ставаме дознаење за можни злоупотреби. Надоместокот се плаќа само на ЈП за пасишта утврден со тарифник и се плаќа вирмански на жиро сметка. Таа е целта да бидат информирани и да се обратат до…
Припадниците на католичката вероисповед и сите верници кои го прифатиле новиот календар, денес го прославуваат Бадник. Со таканаречената „Миса Полночка“, вечерва од 21 часот, во црквата посветена на „Свети Кирил и Методиј“ и „Свети Бенедикт“ во Охрид, верниците ќе го започнат чествувањето на Христовото раѓање, најсветлиот момент во христијанската религија.„Тоа е една свечена литургија, свечена миса. Се пејат нормално Божиќни песни и целата таа миса е проследена со пеење, со славење, радосно, се чествува раѓањето Христово.“-вели отец Оливер Тантушев.Католичкиот Божиќ има доста интересни обич…
Во ОУ „Христо Узунов“ се одржа Новогодишен панаѓур на кој се продаваа домашно изработени деликатеси. На продажната маса се најдоа различни видови на колачи, ролати, кифлички, погачи и други специјалитети подготвени од родителите. Најмалите основци срамежливо потврдуваа дека при подготовката на деликатесите биле вклучени и тие.Денешната акција е само една од повеќето хуманитарни случувања во кои активно се вклучија и родителите. Декември или месецот на „Отворено срце“, е време кога се дарува и се помага на лицата во заедницата кои имаат потреба од помош. „ Целта на хуманитарната пред…
Во основните училишта Григор Причев, Св. Климент Охридски и средното угостителско училиште и денеска се спроведе пробното екстерно тестирање. Учениците кои пред тестовите се плашеа од тоа како ќе изгледа самиот тест, денеска видно задоволни од тоа како поминаа. Велат тестот беше полесен и од писмена задача. Директорката на основното училиште Григор Прличев признава дека се соочиле со повеќе проблеми при спроведување на тестирњето, но додава дека за сите проблеми јавно ќе проговорат утре, кога и ќе се одржи последното тестирање. И Директорот на средното општинско угостителско училиште Ванчо…
И Охрид ќе си добие двокатен панорамски автобус. Владата на последната седница донела одлука на општината да и додели еден од овие отворени двокатни автобуси. Тој ќе има капацитет од 60 седишта, а неговата намена се состои во промовирање на туристичките вредности на Охрид. Ќе се употребува за превезување на туристите од еден до друг туристички локалитет.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави ваквата одлука на владата. Од таму велат ова е еден од елементите кој на Охрид му недостасуваат во поглед на туризмот. „За да можеме институционално тоа да го решиме, и јавно и институционално, к…
Жителите на улицата „Петрино“ се закопани во кал. Откога кон крајот на мај почнала да се раскопува оваа улица која претходно била асфалтирана и тоа со пари на граѓаните, тие имаат голем проблем кој никако да се реши. Жителите кажуваат дека градежните работи на Петрино ги спроведувале кабелските оператори ТВ Алсат и Инфел, а подоцна на средината од улицата раскопувале од ЈП „Нискоградба“ за поставување на цевки за фекална канализација. Откога завршиле со зафатите само ја пошлунчиле улицата и си заминале.Никола Тренески, жител на оваа улица вели дека децата со гумени чизми одат на училиште, а…