Советниците, денес ги изгласаа и предлог одлуките за опфатот на нацрт уранистички планови за Ривиера и Табана. Овие нацрт урбанистичките планови по втор пат ги разгореа политичките страсти. Додека за опозиционерите нацрт урбанистичките планови немаат законски согласности од институциите, за позицијата се е легално. Од секторот за урбанизам, просторно планирање и животна средина, велат дека при изработката на нацрт плановите се испочитувани сите Законски процедури. „ При изработката на урбанистичките планови мора да се земат предвид, од Завод и Музеј и Управата за заштита на културно…
СДСМ и Градоначалникот Александар Петрески денес изведоа најгнасно и нечесно сценарио со кое сакаат да го уништат Охрид, обвинија од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Од таму тврдат дека пред денешната седница на Советот на Општина Охрид со телефонско јавување и партиски наредби Петрески и Сдсм донеле голем број сограѓани како би им го штителе нивниот грб. Атанаско Михаилов, претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ вели дека целта на Петрески и СДСМ е да создадат насилство и хаос па дури и човечки жртви.Михаилов потенцираше дека најмалку од се ќе дозволат сценаријата на СДСМ да се спроведат в…
Дел од одлуките за кои денес советот даде зелено светло, на нозе ја кренаа управата за заштита на културно наследство, поточно Завод и музеј Охрид. Директорката Тања Паскали Бунташеска на итен пресс образложи зошто оваа установа не прифаќа нацрт плановите за две многу значајни урбани заедници, Урбана заедница 1 блок 1, точка 1 опфат Табана и Урбана заедница 2 блок, брок 2 точка 1 опфат Кеј, советниците дадоа позитивно мислење.Паскали Бунташеска појасни дека за планирање на овие два простори Националната уставова Завод и Музеј Охрид уште во 2008 год. изработила заштитно конзерваторски осн…
Буџетот на општина Охрид за 2013та донесен без опозиционите советници од ВМРО ДПМНЕ. Тие сметаат дека буџетот е неразвоен и е тотално промашување. Координаторот на советничката група Дејан Паноски, со објаснување што ги натерало да ја напуштат општинската сала. Нивната намера не била преку блокади и разни сценарија да го оневозможат донесувањето на буџетот, но забележале дека нивните политички ривали подготвуваат некакво сценарио.„Беше создадено од страна на мнозинството, од страна на Локалната самоуправа едно сценарио со телефонско повикување на луѓе за да присуствуваат на седница на Сов…
Мнозинството на Советот денес го усвои буџетот за 2013 година тежок 984 милиони денари, додека опозиционите советници на Вмро Дпмне ја напуштија седницата. Координаторот на советничката група од Вмро Дпмне, Дејан Паноски претходно упати забелешки дека буџетот е неприфатлив за нив. Констатираше дека е безидеен и не носи развој за градот. Паноски истакна дека можеле да поднесат амандмани и да го блокираат буџетот, но тоа не го направиле со образложение дека тие се одговорна политичка партија.„ Ние сме против секоја ставка. Во буџетот не е ништо работено, прекопиран е од минатиот пат со зг…
Центарот за јавно здравје апелира до сите матични лекари кои имаат сомнение на инфекција со Стрептокок задолжително да ја известат епидемиолошката служба. Целта на ваквото пријавување е што побрзо да се детектираат децата со Стрептококна инфекција, поточно да се открие изворот и да се спречи понатамошното ширење на ова заразно заболување. Епидемилогот Јованка Стурлакова Коровешоска за ТВ М ги открива предложените бројни мерки и активности во предучилишните и училишните установи се со цел да се спречи ширењето на стрептококните инфекции. „Засилена хигиенизација на занималните, на ходниците,…
Четврта театарска премиера на Народниот театар од Охрид за прекрасно заокружување на 2012 година. Брилијантните актери на охридскиот театар продолжуваат со претставите по текстови на Славомир Мрожек. Овој пат на дневен ред е претставата „Емигранти“ која е режирана од младата и талентирана режисерка, Ирена Стеријовска. „Нашата репертоарска политика е како што реков создавање на традиција и на гледање на класици, гледање на нешто што е висококалорично и од друга страна, добро наместено во супер адекватни простори и мислам дека тоа е еден од главните просперитети на една вистинска, брендовска,…
„Празниците можат да зависат од она што другите ќе го направат за вас, но за вашата Нова година да биде среќна зависи од она што вие и сите ние го правиме за другите“. Оваа порака ја упати претседателот на Лајонс Клубот Охрид, Михајло Арнаудов, на синоќешниот хуманитарен новогодишен концерт, кој годинава го доживеа своето 4то издание и прераснува во една убава празнична традиција. Арнаудов во дел од своето обраќање кон поширокиот аудиториум рече дека убаво е да се биде дел од една традиција, зачната од Лајонс Клубот Охрид, кој од година во година доживува своја надградба.„На тоа сум осо…