Јан 17, 2013

Sparrow-охридска игра за Windows 8 и Windows телефон

Sparrow е името на новата игра за Windows 8 оперативниот систем и Windows паметниот телефон на гигантот Мајкрософт. Зошто е ова значајно за нас? Затоа што нејзини креатори се тројца млади студенти од Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид.  Рахим Исламоски, Ертај Шашко и Абдула Алиоски, оваа интересна апликација ја програмираа за само 48 часа на огромниот Wowzapp настан организиран токму од Мајкрософт. Таму, на таканаречениот „хакатон“ или маратон во програмирање, охридскиот универзитет настапи со 4 тима.„Овој настан е прифатен од Гинисовите рекорди …

Јан 16, 2013

Добра идеја, успешна реализација

Добра идеја, успешна реализација. Акцијата која Општина Охрид заедно со Црвен Крст и ракометарите ветерани ја спроведоа уште пред новата година, денес доби свој епилог. Од средствата кои се собраа од одржувањето на хуманитарниот ракометен натпревар помеѓу РК „Охрид 2012“ и ветераните, се купија спортски реквизити кои денес беа донирани во градинката „Јасна Ристеска“, вели Филип Јованоск, портпарол на Локалната самоуправа.И од Црвен крст задоволни како протекла оваа хуманитарна акција. Претседателот Сашо Точко ветува дека и понатаму ќе соработуваат со детската градинка и ќе донираат се она ш…

Јан 16, 2013

„Преку езерото“, проект за унапредување на интеркултурниот дијалог

Активностите од проектот „Преку езерото“ на Младинскиот совет од Охрид земаат свој облик. Овој проект за изработка на интеркултурна стратегија за општините Охрид и Поградец, денес резултираше со средба помеѓу институциите и организациите кои потенцијално би биле учесници во неговото спроведување. На денешната средба претходеше формирањето на двете работни групи составени од средношколци, и студенти обучени на разни теми корисни за реализацијата на овој проект.„Тие две групи подготвија база, односно листа на потенцијални организации и институции кои ќе бидат вклучени во процесот и врз основа…

Јан 16, 2013

Охридска геријатрија полна со гости

Пити и погачи од домашната кујна на охридските пензионерки, како и топли обувки денес пристигнаа на одделението на геријатрија при Општа болница Охрид. Ова е гест на Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца, кои и годинава по повод празниците, традиционално ги посетија старите лица кои се сместени на ова одделение.„Традиционално како и секоја година доаѓаме овде кај нашите колеги и колешки пензионери да им ја честитаме Новата година и Божиќните празници, со скромни подароци и со по нешто од нашите кујни и да им посакаме добро здравје и добро да се држат додека се овде“-вели Добринка Та…

Јан 15, 2013

Културното наследство на Охрид ќе биде презентирано преку дигитални медиуми

Домашната и светската јавност ќе имаат можност преку современа дигитална технологија и на сосема поинаков начин да го доживеат огромното културно наследство на Охрид. За прв пат ќе биде преставена 3Д графичка реконструкција на ранохристијанската базилика на Плаошник.  На 18 и 19 јануари проектот ќе биде промовиран на првата меѓународна конференција за културно наследство, медиуми и туризам, чиј домаќин е Охрид, а на кој ќе учествуваат голем број земји. Рубин Земон, еден од иницијаторите на меѓународната конференција,  ја нагласува идејата за ревалоризација на културното наследство за турист…

Јан 15, 2013

Дали доцнат вашите писма и пратки?

Во динамичноста на секојдневното живеење, луѓето се повеќе зависат од точноста и ажурноста, не само вашите сопствени, туку и на останатите. За разлика од минатото,  сега светот си има развиена мрежа на комуникации каде доставата се случува за само миг, или барем така би требало да биде. Во нашата држава, главен писмоносец е претпријатието Македонски пошти, па оттука, нивната ажурност е од големо значење за македонскиот граѓанин. Ова е особено важно не само поради пратките и писмата, туку поради фактот што голем дел од сметките на граѓаните доаѓаат токму по пошта. А ако задоцните со плаќањет…

Јан 15, 2013

За крадците на струја и вода, затворски казни

Во Охридско струшкиот регион не е мал бројот на оние кои крадат струја, велат од ЕВН. Во Струга минатата година биле регистрирани 100 кражби. Граѓаните бесправно потрошиле 4 300 мегават часови со што во касата на ЕВН влегле  500 000 евра помалку. Во Охрид бројката е нешто помала, но не и незначителна.  Ланската година се регистрирани 80 кражби на струја при што недозволено се потрошени 3000 мегават часови, односно ЕВН е оштетена со 250 000евра. Граѓаните кои неовластено ќе користат струја, вода, парно или природен гас, ќе заработат затворска казна, ова го предвидуваат измените во Кривичниот…

Јан 14, 2013

Нова иновација на Рац

Охридскиот иноватор со црногорскo потекло Ратко Ѓорѓевиќ – Рац, презентира нов изум. Тој овој пат направи прототип на склопка која може да заштеди дури 40 % електрична енергија. Оваа иновација е 12 по ред во последниве 15 години од кога со иноваторство се занимава Рац, кој пред камерата на ТВМ откри во што се состои суштината на работата на вредната според него склопка. „Овој склоп доколку се вградат во електронски конвектори, ова е најнова иновација не во Европа и во Македонија, ви гарантирам и во свет, бидејќи иновацијата работи со повратен напон“-вели Ѓорѓрвиќ.Досега државата во ниту еде…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top