На дел од улицата „Марко Нестороски“ подолг период не функционира уличното осветлување. Во близина на улицата се наоѓа и основното училиште „Христо Узунов“ каде гравитираат голем број на млади и деца. Еден жител на оваа улица ни се пожали дека во вечерните часови, на овој дел од „Марко Нестороски“ ништо не се гледа. Велат дека дефектот одамна бил пријавен.„Околу два и пол до три месеци месеци. Интервениравме до општина Охрид, до раководителот Сашо Велјаноски. Бевме известени дека наводно корпата била расипана. Денес, утре, секој ден така. Неделно се јавуваме по еднаш, два пати и до ден ден…
Започнува постапката околу кинескиот кредит за изградба на автопатското решение од Кичево до Охрид и патниот правец од Охрид до Свети Наум. Овој кредит кој македонската и кинеската влада го потпишаа уште во месец Ноември минатата година, наскоро ќе добие и собраниски легитимитет. Владата на Република Македонија, на 9ти овој месец до Собранието го испрати предлог-законот за ратификација на договорот за економска и техничка соработка во областа на инфраструктурата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина.„Денес ексклузивно го овјавувам во ТВМ, еве го пред мен…
За прв пат кај нас направен спој на археологијата со компјутерската технологија. Визуелизирана ранохристијанската базилика од 5 век на Плаошник. Неколкумина студенти од Универзитетот Апостол Павле под менторство на арехологот Владо Маленко изработија проект со кој може да се види како изгледала базиликата во периодот на нејзината градба. Професорот Јане Бакрески кој исто така учествуваше во проектот се надева дека ова ќе биде мотивација за институциите. Тие треба да сфатат каква е сериозноста на ваквите проекти и колку може да се придонесе да се промовира културното наследство и каков е …
Јован Бабаче најсреќен од сите кои денес скокнаа во студените и разбранувани води на езерото за да го фатат светиот крст.
Околу 1100 капачи 17 минути го бараа крстот, но тој како да чекаше токму Бабаче да го фати. Него веќе петти пат му се посреќува. Тој вели дека нема никакво правило и дека се е божја воља. Објаснува дека оваа година воопшто не планирал да се фрла по крстот, но кога видел дека капачите неможат да го најдат некоја внатрешна сила го натерала да скокне за да го најде.
Кумот на овогодинешната манифестација Водици, Стојан Ѓоргоски на Јован Бабаче му подари вреден крст изработен…
Се поставуваат шатори за медицински екипи и за капачите, се украсуваа бродовите, поставуваа огради и тезги на кои ќе се точи топла ракија , а нуркачите го чистеа и езерското дно каде ќе се фрла светиот крст. Обележана е и линија која ќе овозможи сите кои ќе се обидат да го фатат крстот до него да стигнат со пливање, што би значело сите пријавени да тргнат во исто време и од исто место, а не како досега. „Како што нагласивме во повеќе наврати овојпат ако некој нечесно или предвреме тргнит или скокни од брод или чамец, нема да ги добијат наградите кои ги дава здруженито. Тие ќе одат во доб…
500 килограми лосос, 200 килограми ослиќ, 110 литри масло, 100 килограми брашно, 2500 литри вода се дел од намирниците за чорбата со која Охрид ќе се обиде да биде запишан во Гинисовата книга на рекорди. Чорбата за која далеку ќе се слушне ќе се подготвува во недела на денот на рибарите. Истата ја донира Сандре Трпоски, а ја подготвуваат учениците од угостителското училиште Ванчо Питошески под менторство на професорот по готварство Блаже Јорданоски. Намирниците за чорбата се веќе набавени, а поради огроманата количина која треба да се зготви подготовките започнаа уште денеска.„Денеска почн…
Денес и утре Охрид е домаќин на првата меѓународна конференција за културно наследство, медиуми и туризам. На конференцијата експертите од различни области ќе разменуваат информации како на најдобар начин да ги употребат новите технологии за да се презентира богатото културно наследство, посочува еден од иницијаторите за конференцијата Проф. д-р Рубин Земон.Меѓу 60-те научни работници од 7 европски земји се и преставниците од соседна Бугарија и Грција. Како експерти од областа на културното наследство тие очекуваат на конференцијата да има размена на искуства како да се примени најмодерна…
30 пакети со основните прехрамбени производи како брашно, масло, тестенини, ориз, денес им беа доделени на социјално загрозените семејства од градов. Пакетите се донација од годинешниот кум на манифестацијата „Водици 2013“, Стојан Ѓоргоски во соработка со Црвениот крст од Охрид. Ѓоргоски потенцира дека и оваа хуманитарна акција е во духот на празникот, бидејќи една од основните одлики на христијанството е хуманоста и упати апел до сите граѓани кои се во можност да им помогнат на ранливите категории. Претседателот на здружението Богојавление, Љупчо Арнаудов потсети дека со ваква хуманитарна…