Фев 2, 2013

Водните живеалишта-богатство кое мора да се сочува

Живиот и разновиден биолошки свет постои дури и на места за кои не сме свесни. Она што загрижува е што недостигот на свеста, неинформираноста или во крајни случаи и намерното загадување, овој разновиден биодиверзитет го деградира и уништува. Денес е светскиот ден за заштита на водните живеалишта, живеалишта како нашето Охридско езеро, како реките кои се сливаат во него, како мочуриштата, како Студенчишкото и Белчишкото блато кои се природни филтри за Охридското езеро. Невладини организации, екологисти и експерти од областа на биологијата и екологијата, денес потсетија  на се поголемата потр…

Фев 1, 2013

Донација за самохраниот татко Николче Крстаноски

Нова донација за семејството Крстаноски. Покуќнина, облека, храна, средства за лична хигиена, играчки  се само дел од хуманиот пакет која за самохраниот татко на две малолетни деца го обезбедија сопствениците на стоматолошката ординација „Д-р Стоев“, Сашо и Марија Стоеви и вработените во ординацијата. Неможе да се опише радоста на  Николчо Крстаноски во моментот на промањето на помошта и од фактот што сепак некој се сетил на нивната мака и решил да им помогне. „Се снаоѓаме е вака некој ќе ни даде нешто. Социјална помош немам. Неможам да направам документи, немам живеалиште во Велгошти. Физи…

Фев 1, 2013

Ќе се одбележат 20 години од востанување на наградата „Григор Прличев“

Охрид е подготвен да го чествува големото дело на својот поет и преродбеник  Григор Прличев. Три дена, почнувајќи од 4 па се до 6-ти февруари, со богата културно-уметничка програма достојно ќе му се одаде почит на  носителот на ловровиот венец и борецот против грчкото влијание. Во понеделник со промоцијата „ Сенки на поетичноста“ од Пандора Јовановска Илиевска ќе започнат свеченостите во рамките на манифестацијата „ Прличеви беседи“. Mанифестацијата опстојува веќе 6 децении  започнувајќи од 1952 година во знак на сеќавање на најголемиот македонски преродбеник и поет од 19 век.  Во вторник, …

Фев 1, 2013

новите вработувања,трн во око

Деновиве дел од граѓаните, а и општинската ВМРО ДПМНЕ  се погласно реагираат на најновите вработувања во Јавните претпријатија во градов како и во Општинската администрација. Тие велат дека ова е само уште еден начин за добивање гласови на Локалните избори кои се наближуваат. Додаваат дека воопшто нема потреба од нов кадар бидејќи и онака состојбата во јавните претпријатија финансиски е тешка. Градоначалникот Александар Петрески со свое објаснување по ова прашање.Најновите случаи на вработувања во општинската администрација и јавните претпријатија не се поради изборите, туку станува збор за…

Фев 1, 2013

Охриѓани во 2012 год поднеле 34 барања за информации од јавен карактер

Вкупно 34 барања на граѓани и невладини организации, влегоа во Извештајот за слободен пристап до информации од јавен карактер за минатата година. Васил Ложанкоски од одделението за односи со јавност при општина Охрид, вели дека  општина Охрид важи за најтранспарентна во поглед на давање информации од јавен карактер. „Со оглед на тоа што во текот на 2012 година и изминатите 6 години од кога е во сила Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер, можам да кажам дека општината Охрид во потполност го реализира овој закон и во рамките на законските овластувања го спроведува законо…

Јан 31, 2013

Коњановски на средба со охридските земјоделци

На средбите министерот пред присутните детално ги образложи новите проекти кои се работат во министертвото за земјоделство и измените на законот за земјодлество, а најголем интерес привлече законот за легализација на обекти изградени на земјоделско земиште, и легализација на трактори.  „Доста интересен е за земјоделците затоа што ќе можат сите објекти кои ги направиле во функција на земјоделието како штали, рибници, помошни простории за чување на земјоделски производи и помошни простории за чување на земјоделска механзација и низа други објекти кои се во функција на земјоделието да ги лега…

Јан 31, 2013

Се одржа 58 та седница на Совет, Охрид

Со една вообичаена практика на доцнење, овојпат од половина час, отпочна 58 седница на Советот на општина Охрид. Главен акцент на седницата беа неколкуте предлог одлуки за донесување урбанистичко – планска документација за легализација на бесправно изградени објекти. Дејан Паноски од ВМРО ДПМНЕ во име на неговата советничка група даде комплетна поддршка на предлог одлуките кои се однесуваат на легализација на бесправно изградени објекти.  Тој истакна дека овој проект на Владата на Р. Македонија, на сите сопственици на вакви објекти ќе им овозможи да ги легализираат во еден процес.„Ние како …

Јан 31, 2013

Ако одите во планина, без грижа-ве чуваат лиценцирани водичи

Водичите во планина-вистински професионалци. Тоа го докажаа и со последниот семинар кој го одржаа во снежните височини на нашата Галичица. На местото викано Липова ливада кај спасителната станица Магаро, голем број на лиценцирани водичи, ентузијасти, љубители на планините и идни водичи ги збогатија своите знаења во оваа професија.„Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина годишно програмски одржува најмалку четири вакви семинари кои се наменети за релиценцирање, односно обновување на лиценците на водичите кои секоја година имаат обврска најмалку на еден, а пожелно е да с…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top