Фев 5, 2013

Пензионерите сакаат на бања ама капацитетот ограничен

Во тек е пријавувањето на пензионерите за одење на бања на државен трошок. За само три недели од кога е објавен огласот 400 охридски пенизонери поднесле барања за користење на оваа безплатна можност до охридската филијала на пензиско инвалидскито фонд. Пријавувањето трае до 15-ти февруари. Лани биле пријавени 560 пензионери, а од нив дозвола за бањско лекување добиле 230 охридски пензионери. Се очекува, бројката на пензионери кои ќе поднесат апликации за користење на бања, годинава да биде поголема, информира раководителот на филијалата Самет Ризвани.„ Услугата може да се користи од 17 март…

Фев 5, 2013

Нови европски проекти

  Секторот за Туризам и локален економски развој минатата година реализирал 30 проекти. Раководителот на овој сектор, Гоце Симоновски  вели дека не застануваат тука. Општина Охрид преку овој сектор неодамна  аплицираше со уште еден проект. Станува збор за Предлог проект во рамките на Програмата на Европската Унија “Европа за граѓаните”. Покрај Општина Охрид, како партнери во овој Предлог проект се појавуваат градови од Шведска, Франција, Германија, Полска и Словачка. Водечки партнер на проектот е Општина Птуј од Словенија. Ова е убава можност за промоција на Охрид во останатите земји- партн…

Фев 5, 2013

Апел до Тодоров

Ќе се најде ли лек за Сенада Махмудоска од Охрид? Таа боледува од ретка болест на очите и го губи видот. Родителите на Сенада се во очајна битка со болеста на нивното дете и бараат спас насекаде. Засега нивните напори се без резултат. Како што кажа нејзината мајка, Зајде Махмудоска, докторите во Македонија не и влеале никаква надеж. Тие се решиле преку медиумите да го повикаат министерот Никола Тодоров, да ги посети и да оствари со нив разговор, надевајќи се дека сепак тој како прв човек на македонското здравство посебно ќе се заложи за нивниот случај.„Нашата намера е да упатам апел министе…

Фев 5, 2013

Се подготвува капитална инвестиција во Лакочереј

Викенд населба со над 100 куќи, мал хотел и Дом за пензионери ќе се гради во Лакочереј. Инвеститорот е македонец кој живее и работи во Австралија а подготвен е да вложи над 20  милиони евра за реализација на проектот. Локалната му отстапи терен, така што на последната седница на Совет беше усвоен и нацрт урбанистичкиот план за локалцијата каде што треба да никне  елитната населба, на посебна местоположба од каде се гледа Охридското Езеро. Градоначалникот Александар Петрески вели дека 6 годишните преговори конечно вродиле со плод.„Значи идејата е повратниците од странство значи за нашите печ…

Фев 5, 2013

Женскиот ракомет се враќа во Охрид после долга пауза

Не стивнува ракометната еуфорија во Охрид. Последна и најсилна причина е формирањето на женскиот ракометен клуб „Моби Дик“. Тоа е клубот кој ќе го понесе товарот да ги потсети охриѓани на историјата, но и да им ја покаже иднината на женскиот ракомет, кој за жал долги години го немаше во Охрид. Го посетивме нивниот прв, официјален тренинг, а бројката на девојчиња кои тренираа беше огромна, па не испуштивме да ги запрашаме зошто ги привлекол токму ракометот.„Долго време чекав ракомет, и сега се отвори. Интересно е досега, се надевам и натаму ќе биде.“„Во градов немаше долго време женски раком…

Фев 4, 2013

Неплатен долг кон ЕВН ги остави без вода жителите на Долно Лакочереј

Долно Лакочереј, повторно мака-мачи со немањето вода. Овој пат, причината малку поинаква. Пумпите кои ја дистрибуираат водата до домаќинствата од ова охридско село, нешто повеќе од 4 дена, не функционираат. Проблемот се состои во тоа што  Месната заедница не го подмирила долгот кон ЕВН, па ЕВН-Македонија, ја исклучиле струјата во водоснабдителниот објект, поради што пумпите останале надвор од функција. Единствен извор на оваа драгоцена течност им е селската чешма која се наоѓа во близина на црквата.Стапивме во контакт и со претставници од месната заедница на Долно Лакочереј. Тие не информир…

Фев 4, 2013

Време е за ново поглавје за Охрид, порача д-р Бакрачески

Програмата за развој на Охрид,  ја пласира пред сограѓаните кандидатот за градоначалник од редовите на Вмро Дпмне, д-р Никола Бакрачески.  На одржаната конвенција на Вмро Дпмне, на која беше преставен како  кандидат за прв човек на Охрид, Бакрачески ја претстави програмата за која рече дека во неа може да се пронајде секој охриѓанец. Понуди, како што рече прецизна и јасно дефинирана, најсериозна и најобемна прогама во која се вклучени мислења од експерти и еминентни луѓе. Пред своите сопартијци ги образложи  стратешките цели за економски, културен, туристички и спортски развој на градот. „ …

Фев 4, 2013

Манипулативниот трошок од 6 денари скапо ќе ја чини ЕВН

Со решение на Комисијата за заштита на конкуренција од 2009 год. одлучено е дека ЕВН Македонија од јануари 2005 год. заклучно со 28 февруари 2008 год. без основ, на секоја сметка наплатувала манипулативен трошок, по 6 денари. Имено, на сметките од дември 2007 год и јануари и февруари 2008 год. доколку под ставка 25 – манипулативен трошок, во износот на сумата за плаќање се наплатени  плус 6 денари, може да се тужи компанијата. Адвокат Светозар Ристески за ТВМ објаснува што е противправно во манипулативниот трошок кој ЕВН Македонија го наплатувала од граѓаните на Р Македнија. „Истото е потвр…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top