Фев 19, 2013

Охридски алпинист ги освои австриските мразови

Дури ни австриските замрзнати висечки карпи не се недостижни. Охриѓанецот Димитри Димитров од алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид е доказ за тоа. Тој, заедно со своите колеги алпинисти, Крунослав Аџиовски и Виктор Трпевски од алпинистичкиот клуб „Матка“ од Скопје успешно завршија петдневна качувачка мисија во снежната и студена Австрија. Се качувале во различни насоки со различни тежини.„Секој од тие пет дена си е тежок затоа што мора и припремата и изборот на самата насока, качувањето, отстапувањето тоа е на начин како што гледате во филмовите, има спуштање по јаже. Сето тоа си зема …

Фев 19, 2013

Граѓаните бараат државата да ги заштити од прехрамбените производи со сомнителен квалитет

Охриѓани исплашени од наодите на токсично млеко на „Дукат кое се продаваше на пазорот. 360 литри увезено млеко од „Дукат“  сместено во магацините на дистрибутерите во Македонија, се потврди  дека се токсични. Директорот на Агенцијата за храна и ветринарство, Дејан Рунтевски, смирува дека овие количини млеко воопшто не се пуштени во промет.  Од Агенцијата за храна велат, ќе продолжат со засилен мониторинг на операторите со храна во земјава и ќе се следи состојбата на европскиот пазар. Граѓаните, сепак  се скептични кон квалитетот и голем  број од нив кои го конзумираа млекото од оваа фирма в…

Фев 18, 2013

И во Мислешево се развиори Македонското знаме

На влезот на струшкото село Мислешево вчера  со пригодна свеченост беше кренато македонското знаме. Јарболот со знамето е поставен на имот од Ѓорѓи Трифуноски  кој тврди дека  не бил информиран дека земјиштето на кое се постави јарболот му било одземено од страна на државата. Оваа замисла Мислешевци ја реализираа и покрај тоа што општината не им даде дозвола за постаментот, на кој е поставен 25 метарскиот јарбол. Свеченоста за поставувањето на државниот симбол помина во знакот на патриотски песни, а беше интонирана и химната на РМ.Жителите на Мислешево велат дека доколку инспекциите се обид…

Фев 18, 2013

Два пожари ги пеплосаа домовите на четири охридски семејства

Викендот помина несреќно за четири охридски семејства. Пламени јазици им ги пеплосаа домовите на семејствата Шемо и Тоскоски.  Домот на Тоскоски, во населбата Видобишта, настрада од пожар  вчера напладне  околу 14 часот. Се запалил ТВ приемникот и за 10 минути пожарот им ја проголтал целата покуќнина и оставил само поцрнети  ѕидови. Димче Тоскоски вели дека веднаш интервенирале  против пожарните возила. „Луѓето најпрофесионално ја завршија својата работа, толку можеа да спасат. Изгореа и дограмата и паркетот, штетата е многу поголема, но со скромна проценка би била околу 10.000 евра“, вели …

Фев 18, 2013

Измина законскиот рок за поднесување на кандидатури

До саботата на полноќ во Општинската изборна комисија во Охрид  кандидатури за градоначалник поднеле Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и 19-те партии, а кандидат за градоначалник е доктор Никола Бакрачески.  Кандидат за градоначалник од Социјалдемократската унија на Македонија е Васил Ристески, а од Социјалдемократската партија на Македонија за градоначалничкото место во општина Охрид ќе се бори Александар Митрески. Од Демократската партија на Албанците кандидат за градоначалник е Фетак Елмази. Актуелниот градоначалник Александар Петрески како што во повеќе наврати најави дека нема да поднесе канди…

Фев 18, 2013

Наскоро градски превоз за охриѓани

Охриѓани повторно добиваат градски превоз. Локалната самоуправа вакво нешто најави уште минатата година, кога всушност беше извршено и бележење на автобуските постојки на неколку локации низ градот. Иако се работи за релативно мал град, граѓаните во минатото често реагираа и бараа градски линиски превоз, особено постарата популација која живее подалеку од централното градско подрачје. Се чини наскоро и нивната, и желбата на сите граѓани, ќе биде остварена.„Постапката веќе е завршена комплетно. Имаме двајца оператори кои ќе работат, кои ќе возат. Едниот е Галеб, а другата фирма не можам да с…

Фев 16, 2013

Охридските групи и солисти утревечер ќе се промовираат пред својата публика

Млади охридски бендови и солисти утревечер ќе можат да се промовираат пред охридската публика. Четири групи и тоа: Ени рендом, Кј Данте, Ас би си, Уличен аспект и тројца солисти Елена Бујаровска, Теодора Настоска и Драга Ставреска, ќе можат да покажат што знаат и умеат секој во својата област. Концертот ќе биде колаж од различни музички правци како рок, рап, кои ќе се изведуваат акустично, а соло настапите ќе бидат на матрица. Ќе има и стенд ап комедија.Ташко Лаброски, организаторот на концертот објаснува дека ова не е прв ваков обид да се испромовираат младите и надежни таленти од градов. …

Фев 16, 2013

Борците не дозволуваат негирање на НОБ и државата

Сојузот на борци од Охрид и Дебрца беше  дел од 34-те општински организации кои учествуваа на денешниот протест во Скопје. Протестот започна во 11 часот  во најдобар ред на плоштадот Македонија и заврши по еден час,  информира Гоце Георгиески претседател на сојузот на борци на Охрид и Дебрца. Во маршот учествуваа  околку 10.000 преживеани борци, продолжувачи на нивното дело и слободољубиви граѓани од сите верски конфесии, партии  и националност, кажува Георгиески. Во протесниот марш застанаа граѓаните  кои ги почитуваат традициите и придобивките од државотворната Народноослободителна и анти…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top