Мар 7, 2013

Букет песни од Младинскиот совет за охриѓанки

Букет од убави песни и раскази и музички творби кои се дел од литературниот клуб „Поема“, на охриѓанки во очи на меѓународниот ден на жената 8 ми март, им подари Младинскиот Совет од Охрид. Настанот се одржа во просториите на охридско лето и истиот се реализираше во соработка со музичкото училиште Методи Патчев.„Одлучивме да направиме настан со кој не едно место ќе ги  собериме жените кои значат нешто и со кои сме имале соработка или ќе имаме во периодот кој што ќе следува“, вели претседателот на Младинскиот совет, Димче Каневче.„Првостепено беше да се видиме со тие жени и да им се одолжиме…

Мар 7, 2013

Кандидатот за советник Шешоски најави проекти за економскиот развој на Охрид

Напредок на Охрид, економски развој и подобрување и развој енергетската состојба. Ова се дел од проектите за кои ќе се заложуваат кандидатите за советници на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата доколку ги освојат симпатиите на охриѓани. Во нивно име денеска пред новинарите се обрати кандидатот за советник од ВМРО ДПМНЕ,  успешен стопанственик, Климе Шешоски, основач и Управител на Фирмата Шешо инженеринг, која успешно работи и опстојува од 2001 година.  Токму поради ова, појасна Шешоски решен сум целиот свој капацитет и кредибилитет да го ставам во функција на Охрид и како кандидат од советничката лис…

Мар 6, 2013

Бакрачески ветува многу проекти за развој на спортот во Охрид

Доколку д-р Никола Бакрачески, кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата победи на престојните локални избори ветува дека ќе направи се за нашиот град  да се развие во туристичка, спортска и рекреативна смисла.  „Долго време Охрид е во исчекување на неопходни објекти кои ќе му дадат препознатлива димензија. Во насока на развојот на спортот по моето доѓање на позицијата градоначалник како прв најзначаен проект кој ќе го реализираме ќе биде изградба на долго очекуваниот и долговетуваниот затворен олимписки базен, кој ќе се гради според сите меѓународни стандарди и кој ќе ги задо…

Мар 6, 2013

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ со свое видување за вчерашниот митинг на здружената опозиција

Денес, кога јасно се гледа дека ВМРО ДПМНЕ победува, кога јасно се согледува потребата на нашите сограѓани за нови дела за подобар Охрид, сведоци сме дека од страна на политичкиот опонент СДСМ  повеќе немаат кредибилитет да зборуваат за Охрид бидејќи истите се тие кои го уништија нашиов град, со овие зборови портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ ја започна денешната пресс конференција.На вчерашниот митинг кој го одржа СДСМ во Охрид, малубројните присутни граѓани меѓу кои злоупотребени малолетни ученици кои го поднесоа својот школски прибор,не само што согледаа дека константно се  залажувани со пр…

Мар 6, 2013

Март, месец на филмови за деца во Центарот за култура

Во месец Март, граѓаните на Охрид ќе имаат можност да уживаат во актерското мајсторство на членовите на Народниот театар од Охрид. Од добрите претстави никогаш не може да биде доволно, па затоа, охриѓани ќе можат повторно да ги проследат претставите „Полицајци“, „Емигранти“, „Ајде да си речиме уште една“ и „Малограѓанска свадба“. Изведбите на овие театарски претстави ќе бидат секои петок и сабота.„Секако тука не заостанува и филмската програма. Можевме да проследиме повеќе филмови и во претходниот период. Интересно е што од 12ти Март започнуваат филмови, детски играни филмови кои што се екр…

Мар 6, 2013

Петрески по трет пат ја побара довербата на охриѓани

Охрид не го даваме. Вака се обрати Александар Петрески кандидатот за градоначалник на опозицискиот фронт „Сојуз на иднината“ , на митингот кој синоќа се одржа на градскиот плоштад, од каде што всушност Петрески и официјално ја започна својата кампања. Петрески на своите симпатизери кои вчечра излегоа во голем број да го поддржат, им предочи дека следуваат многу непроспиени ноќи, тешки утра и уште потешки денови, за да успеат во намерата да се зачува светоста на градот. Тој исто така со остра реторика во неколку наврати се обрати до Премиерот Груески.  „Само премиер како Груески може да рече…

Мар 5, 2013

Министерството за информатика ќе дава бесплатни информатички курсеви

Министерството за информатичко општество и администрација ќе обезбеди бесплатни курсеви за канцелариско работење и интернет. За оваа цел, министерот Иво Ивановски, денес потпиша меморандум за соработка со деканите на педагошките факултети од земјава. Токму студентите од овие факултети ќе бидат задолжени да ги спроведуваат овие курсеви на министерство. Според министерот Ивановски, овие курсеви ќе бидат корисни и за граѓаните, но и за студентите.„Се работи за продолжување на иницијативата на Министерството за информатичко општество и администрација за бесплатни обуки на сите граѓани на терито…

Мар 5, 2013

Бакрачески: Тула по тула, блок по блок, заедно ќе градиме подобар Охрид

Во еуфорична амтосфера, пред голема бројка насобран народ, пред своите симпатизери и подржувачи, вчера од градскиот плоштад во Охрид, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија ја започнаа изборната кампања. Први честа да се обратат пред охриѓани ја имаа лидерите на коалиционите партнери на ДПМНЕ, Кенан Хасипи од Демократската партија на Турците, Павле Трајанов од Демократската партија како и претставникот од Социјалистичката партија, министерот Љупчо Димовски. Од локалниот тим, честа прва да се обрати пред охриѓани ја доби д-р Јованка Точко, како носител на советничката листа на ДПМНЕ….
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top