Мар 14, 2013

Кaндидатите за советници и градоначаник од Коалицијата Сојуз за иднината ја промовираа изборната Програма

 Коалицијата Сојуз за иднината ја претстави изборната програма и  кандидатите од листата за советници. Пред присутните во Центарот за култура, прв се обрати Дејан Блажески од ЛДП кој ги повика младите да го поддржат кандидатот за градоначалник Александар Петрески за трет мандат. Тој е  градоначалник кој вработил голем број млади и ја покажал грижата кон нив, рече Блажески. „ Не смееме да сме заложници на централната власт. Овие локални избори  се референдум за добивање на нова власт. Охрид да биде еднакво третиран како сите градови кои имаат градоначалници од Вмро Дпмне“. Професорката Жакли…

Мар 14, 2013

Или пререгистрација или привремено губење на здравственото осигурување

Невработените охриѓани кои се здравствено осигурени на товар на државата, доцнат со пререгистрацијата. Ова го говорат податоците кои ги добивме од подрачното одделение на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Од околу 7000 невработени лица осигурени по овој основ, досега се пререгистрирале само 1000. Последниот рок за оваа пререгистрација истекува на 31ви овој месец, односно остануваат уште нешто повеќе од две недели за останатите 6000 кои не се пререгистрирани.„Одзивот мора да признаам не е баш добар, тоа е веројатно навика на нашиот народ, последниот момент да ги врши работите…

Мар 14, 2013

Презентирана „MK Guide“ апликацијата

Иво Иваноски, Министерот за информатичко општество и администрација, ја презентира најновата апликација за андроид оперативниот систем, наречена Македонски водич или „MK Guide“. Убавините на Охрид и Македонија отсега достапни на вашиот мобилен преку MK Guide апликацијата. Истата е изработена од страна на  Министерството за информатичко општество и администрација, а во соработка со Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ и ФИНКИ. Целта на апликацијата е да им помогне на сите посетители и  туристи во Охрид, а посебно на туристичките водичи, да имаат една современа алатка за презентација на  убавин…

Мар 14, 2013

Разрешен е или не ректорот на УИНТ „Св.Апостол Павле“ од Охрид?

После откривање на скандалот за незаконскиот избор на Др. Нинослав Марина за редовен професор и после незаконскиот избор за Ректор на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле од Охрид“, Сенатот на универзитетот на вчерашната итна седница донесол одлука за негово разрешување од фунцкијата Ректор, истакна Проф.Д-р Рубин Земон -Претседавач на Сенатот. Разрешени се и двајцата  ректори Братислав Станковиќ и Тони Стојаноски чиишто избор како редовни префесори и подоцна како ректори бил сомнителен, бидејќи при нивниот избор како професори е потпишан Нинослав Марина, дода…

Мар 13, 2013

Секој потрошен денар сега, после 24ти Март ќе биде предмет на ревизија, порачаа од ОК на ВМРО ДПМНЕ

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ уште еднаш со обвинувања дека пропаста на сите претпријатија, на сите големи фирми во Охрид било резултат на криминалната приватизација изведена од Бранко Црвенкоски и олигархијата на СДСМ. Секој обид да се префрли вината на друго место според нив е само потврда на она што еднаш веќе го кажале дека злосторниците се враќаат на местото на злосторството. СДСМ да говори за фабриките во  Охрид  кои ги уништија е понижување на граѓаните и рамно на политичко самоубиство од грб,Наместо да си играте со чувствата на луѓето и да ги манипулирате, поделете им барем плата на вработени…

Мар 13, 2013

Бакрачески:Охрид вети и ќе добие модерно пристаниште

Охрид ќе добие модерно пристаниште. Според плановите тоа ќе биде на истото место, но и ќе ги има сите потребни инсталации за да се догради еден крак на левата страна. ќе се направат заштитници за бранови, со што пристаништето конечно ќе добие нов и современ лик и ќе овозможи потполни услови за модерен воден сообраќај. Ова денеска токму од таму го вети кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, д-р Никола Бакрачески. Тој додаде дека Охридското езеро и Охрид со овој проект ќе добие лик, функција и организација како што доликува на една современа туристичк…

Мар 13, 2013

Ќе ја вратиме надежта кај младите

Сашо Донев, кандидатот за советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ од Охрид и претседател на Унијата на млади сили на денешната прес конференција  рече дека една од најцрните точки од владеењето на Александар Петрески и СДСМ со Охрид е нивната незаинтересираност за креирање на што подобри услови за младите во нашиот град. Тој додаде дека ВМРО ДПМНЕ ќе се залага за реализација на проекти во спортот  и за развој на Индустријата преку создавање на Индустриска зона со што ќе се отворат нови работни места кои се неопходни за враќање на младите во Охрид.Тој им порача на младите да не губат надеж и акти…

Мар 13, 2013

Петрески:„ВМРО ДПМНЕ во овој град нема дела“

 Судот на ѓраѓаните ќе ги стигне“, рече денеска кандидатот за градоначалник од СДСМ Александар Петрески. Тој на прессот кој го одржа на кејот кажа дека ВМРО ДПМНЕ продолжува да ја води кампањата со аматерски грешки, а пресс конференциите ги прави на погрешни адреси.  Тој посочи дека Бакрачески денеска наместо од градското пристаниште требало да се обрати од пред  Министерството за транспорт и врски или пак пред Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.  Според Петрски наместо да ветуваат лажни проекти,  или пак на празно да критикуваат, од ВМРО ДПМНЕ треба да се запрашаат з…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top