Секторот за локален економски развој тема на денешната прес конференција на Никола Бакрачески, кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ. Бакрачески потенцира дека и после осум години овој сектор сеуште е на ниво на хипотези, теории и дисертации. Тој додаде дека луѓето кои го водат овој сектор досегa не донеле ниту една реална инвестиција ниту пак направиле некој посериозен проект за развојот на градот.Бакрачески рече дека за да се остварат овие предуслови и да се забрза локалниот економски развој во нивната програма предвидени се неколку сериозни проекти. Тоа пред се е развојот на индус…
Кандидатите за советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денес ги посетија Лесковчани. Цел на нивната посета беше фудбалското игралиште во ова населено место за кое констатираа дека е целосно запуштено и руинирано.
Тони Коталески, кандидатот за советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кој воедно потекнува од овој крај, рече дека Владата на Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт одобрила 154.000 евра за изградба на ова игралиште, но локалната самоуправа и градоначалникот Петрески тоа не го прифатиле и го оставиле неизградено.„Фудбалскиот клуб од Лескоец не постои поради тоа што не е изгр…
Се надѕира крајот на долгогодишната голготата од владеењето на СДСМ и нивниот градоначалник Којчиноски, порача кандидатот за градоначалник за Дебрца, Игор Трајкоски. ВМРО ДПМНЕ ќе стави крај на манипулациите и на нивната не работа, веднаш штом ќе дојде на власт за неколку дена, додаде Трајкоски.„Сепак и покрај тоа што остануваат само уште неколку денови до локалните избори, старите навики за малверзации на СДСМ не се менуваат и одат до крај. Како последен обид за манипулирање на јавноста е тоа што претседателот на ОО од СДСМ Љубен Стојкоски е секретар на општина Дебрца и воедно претседател …
Признанија за повеќекратни дарители на крв, фирми и институции, образовно – воспитни установи и поединци кои постигнале значајни резултати во крводарувањето во 2012 год. Крводарителите и сите останати хумани охриѓани денеска во очи на 17 март го одбележаа денот на Црвениот крст на Р Македонија и денот на крводарителството. Претседателот на ОО на Црвениот крст вели дека тие се горди на она што го направиле во минатата година, затоа што го надминале планот за крводарителство за 2012 год. Тој открива дека собрале 1930 единици крв, со што за 14 проценти го надминале планот за минатата година…
Само навреди, лаги и закани слушаме кон и за противничкиот блок, изминативе 8 години од креаторите на програмата на охридските социјалдемократи. Падот на Охрид му го препишуваме на луѓето познати по тоа што програмата ја адаптирале во интерес нa еден потесен круг на луѓе, дел од највисокото раководство на СДСМ во Охрид, кажа Никола Митровиќ, портпаролот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Додаде дека Охрид мора да расчисти со непотизмот.„Градоначалникот Александар Петрески, прво го вработи во Општината својот брат Здравко Петрески, а потоа сакаше да го постави и за Претседател на комисијата за јавни на…
Кандидатите за советници од ВМРО ДПМНЕ од Велгошти проговорија за проблемите со кои се соочуваат жителите на ова село. Кандидатите за советници од Велгошти, од коалицијата „За подобра Македонија“, на пресс конференција открија дел од проблемите на жителите од ова село. Тие тврдат дека неасфалтираните улици во моментов се нивна најголема мака. „Патот, неасфалтирани, ископани улици. Овде луѓето секојденвно поминуваат, буквално автомобилите ги испокршија. Децата играат во кал. За овој проблем неколку пати се обративме кон сегашната локална самоуправа за раешавање на овој проблем, но тие оста…
Независниот кандидат за градоначалник подржан од Социјал-демократската унија, м-р Васил Ристески денес со презентација на проект на чијашто можност за реализација чекал од своите средношколски денови. Ристеси објасни дека овој проект би требало да се реализира на просторот од Студенчишкото блато.„Овој проект е замислен како Охридска мала Венција со име Сонце. Сонце бидејќи формата ќе биде во вид на сонце или со други зборови сето тоа блато со многу мала инвестиција, треба само да се ископаат канали и на сите тие краци на сонцето испресечени исто така со канали, ќе има голем број островца. Н…
Долгогодишното работно искуство го мотивирало адвокатот Александар Станкоски да го пренесе своето знање во градскиот Совет како иден советник. Како што нагласува Станкоски негова основна задача ќе биде и понатака да го иницира вложувањето на странски инвеститори во градот. Негова заслуга биле инвестициите од 2002 година на македонски иселеници кои вложиле свој капитал во хотелите Инекс Горица, Инекс Дрим и Галеб. „ Во тек е реновирање на поранешниот хотел Застава во кој треба да најдат вработување најмалку 50 лица. Хотелот ќе биде пуштен во употреба најдоцна до септември. Ние нудиме раб…