Збратимување на Охрид со градовите од соседните држави во најбрз можен рок. Ова го најави кандидатот за градоначалник, Васил Ристески. Тирана, Драч, Солун, Атина, Софија, Пловдив, Белград, Ниш. Овие, но и соработка со многу други градови од Европа и пошироко доколку тој седне во градоначалничката фотелја. Ваквата соработка, според Ристески ќе значи сериозно поттикнување на развојот на стопанството во Охрид.„Тоа ќе биде секако дополнителен инпут или дополнителна инфузија за севкупниот стопански развој на Охрид, пред се на туризмот како примарна стопанска гранка, а и извозно ориентираните фир…
Тројца професори, Марија Голабоска, Звонко Трпески и Илија Стојаноски излегоа со обвинувања упатени кон актуелниот и кандидат за иден градоначалник, Александар Петрески за вршење притисоци во политички цели врз просветни работници односно да гласаат за него на престојните избори.
Во изјава за медиумите, синоќа тие тврдеа дека имаат сознанија дека ќе се врши политички притисок врз нивните колеги, на состанокот на просветните работници со градоначалникот Петрески.„Во Големата сала на општината се повикани голем број на вработени во образованието со цел врз нив да се врши притисок да гласаат з…
Тенденциозни невистини се шират за заплашување на вработените во општинската администација и ЈП, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник Никола Бакрачески. Се пласираат лаги дека по моето доаѓање како градоначалник и општинската администрација на Вмро Дпмне ќе има масовни отпуштања на овие вработени. Потенцираше дека тоа е дел од стратегијата за заплашување на вработените од страна на градоначалникот на заминување. Досега во мојата кариера никогаш не се случило некого да отпуштам од работа туку напротив сум вработувал и сум обезбедувал редовно плати за моите враб…
Согледувајќи ги изминатите осум години од работењето на Александар Петрески и СДСМ во Охрид можеме да кажеме дека тоа беше време на лаги измами и бесмислени манипулации, рече денес на пресс конференција Харалампие Шокаровски, пратеникот од редовиоте на ВМРО ДПМНЕ. Тој потенцираше дека доколку Петрески ги негира обвинувањата за нереализираните ветувања тие се тука да го потсетат што се ветил, а неостварил.Дел од лажните ветувања се и реализацијата на програмата за рурален туризам, изградбата на современ пазар и современа автобуска станица како и изградба на регионален дом за стари лица, по…
Пристигна возилото за деца со посебни потреби. Станува збор за реализација на акцијата, Декември – Месец на отворено срце која се реализираше минатата година. Сашо Алче директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, уште еднаш потсети кој ја иницираше оваа хумана акција и како истата се реализира.„Како идеја на Охридски Комуналец и Отпад Охрид, во која се приклучија Локалната самоуправа, Лајонс Клубовите Лихнидос, Десарети, Ротари клубот и сите дечиња кои на некој начин учествуваа, го купивме возилото за децата со посебни потреби. За една недела ова возило би требало да биде ставено на располагање…
Независниот кандидат Васил Ристески подржан од СДУ изминатиов викенд ги посетил сограѓаните од крајезерските села. Ристески на средбите со жителите од Љубаништа, Трпејца, Пештани, Коњско, Елшани и Рача ги слушнал нивните креативни идеи. Тие се во прилог на мојата програма за подобар Охрид и поубав живот, рече Ристески. Тој вети дека според неговата изборна програма по добивање на градоначалничкиот мандат веднаш ќе конституирал посебен развоен совет.„Како градоначлник веднаш ќе конситуирам совет за урбан развој. Од секоја месна заедница ќе има делигирани преставници на волонтерска основа…
Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Александар Петрески изрази благодарност до сите учесници на вчерашниот митинг во Скопје на кој учествувале над 2500 охриѓани. Тоа е поддршка кон нас и го одсликува располажението на граѓаните. Со тоа им се залудни лажните анкети од Павел Шатев, работатата овде е завршена. Тие тоа добро го знаат и затоа почнаа со подземна и ниска кампања, рече Петрески. Почнаа нивните министри да одат низ охридските села и да злоупотребуваат службени возила и наместо да работат во интерес на сите граѓани, кажа Петрески. Порача дека кампања не се прави за еден де…
„После локалните избори, општина Дебрца ќе биде конечно ослободена со завршувањто на функцијата градоначалник на Љупчо Којчиноски.“-порача кандидатот за градоначалник на Дебрца од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Трајковски. Тој воедно го обвини и дека општина Дебрца во изминативе 16 години е држена во изолација.„Живееме во 21 век каде што секоја институција е транспарентна и отворена за граѓаните, единствено за оваа наша општина никој ништо не знае нитуа пак се има пристап до било какви информации, ниту туа колку средства, какви средства се вложени нитуа пак можеме да видиме каде се вложени, з…