Мар 27, 2013

Бакрачески: „Мора да ги почитуваме препораките на завод и музеј“

Целта на посетата беше првиот човек на Охрид  да се запознае со основните активности на оваа национална установа, и со основните принципи на  работа во делот на адекватната урбанизација на градот. Директорката на завод и Музеј Тања  Паскали Бунташеска новиот градончалник го запозна со начинот на изработување  на конзерваторски основи како  една појдовна основа за одобрување на нацрт плановите и понатака деталните урбанистички планови кои во иднина ќе бидат грижа на новата локална самоуправа.  „Само со една координирана активност  со оваа национална установа во иднина нема да ги правиме исти…

Мар 27, 2013

Театрите слават….

Охридскиот театар еден од многуте кои се приклучија  кон стотиците националните театарски институти во одбележувањето на меѓународниот ден на театарот. „Големо е задоволството што годинава и Охридскиот театар се приклучи кон, стотина земји и нивните национални театарски институти, поточно кон ова големо семејство“, вели  директорот на охридскиот театар Горан Стојаноски. „Светскиот ден меѓународен се прославува со тоа што еден врвен режисер, актер, драматург пишува една порака и се чита во исто време низ сите театри низ светот. Оваа година тоа е режисерот актер, драматург нобеловецот Дарио Ф…

Мар 27, 2013

Трајкоски најави сигурна победа на ДПМНЕ во Дебрца во вториот круг

Иако доживеа минимален пораз со разлика од 61 глас во првиот круг, Игор Трајкоски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Дебрца задоволен од постигнатото. „Им честитам за храброста на моите дебрчани што прв пат по децентрализацијата во Дебрца гласаа за да победи духот за подоброто.“-изјави Трајкоски. Тој рече дека фактот што се оди во втор круг на гласање во Дебрца е доказ дека таму може да се оствари нова власт за подобра Дебрца.„Би сакал да им изразам благодарност на сите кои во Игор Трајкоски, неговиот тим и во советничката група на ВМРО-ДПМНЕ препознаа политичка сила која што ќе …

Мар 26, 2013

Ретка е навиката на превентивни прегледи на очите

Глаукомот, катарактата и дегенерацијата на макулата се три најчести заболувања од кои страдаат повозрасните пациенти. Тоа се болести на окото кои претходно не даваат  симптоми на болка, а може трајно да го оштетат видот, информира  офтамологот д-р Виолета Павловска.„ Овие три очни заболувања се најчести во популацијата од 55 годишна возраст. Најтипично е за нив што не даваат болка, а даваат трајни оштетувања на видот. Затоа е важно на време  да се откријат, лекуваат и правилно да се  интервенира.“ Луѓето многу ретко практикуваат превентивни прегледи на окото.  Многу малку се посветува внима…

Мар 26, 2013

ОИК ги соопшти конечните изборни резултати

Општинската изборна комисија ги официјализираше резултатите од одржаните локални избори 2013 година. Никола Бакрачески, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, со освоени 21.004 гласови, во првиот круг е избран за нов градоначалник на Охрид. Од неговите противкандидати, Александар Петрески од СДСМ и Сојузот за иднината освои 13.250 гласови, Александар Митрески од СДПМ, освои 471 глас, Фетах Елмази од ДПА освои 351 глас и Васил Ристески од СДУ освои 235 гласови. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоија и најмногу гласови за советничката листа односно вкупно 15.592, листата на…

Мар 26, 2013

Министерот за странски инвестиции и Бакрачески заеднички за развој на Охрид

Воспоставување на директна соработка во сегментот на економски развој на Охрид најави Министерот за странски инвестиции, Бил Павлески. Тој денес имаше работна средба со новоизбраниот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески со кој разменија идеи околу полињата на идна соработка. Павлески потенцираше дека приватниот сектор ќе биде носител на развојот на Охрид бидејќи според него токму тоа е секторот кој нуди најголем потенцијал и во поглед на отворање на нови фирми и нови работни места.„Во приватниот сектор ги дискутиравме секторите за развивање на локалната индустрија во лесната индустрија…

Мар 26, 2013

Петрески му „честита“ на Бакрачески

„ Ако мислите дека овие избори беа демократски и ако ова не е пирова победа тогаш Ви честитам, а судот на времето ќе покаже дека ова е само почеток на нивниот крај“. Вака гласеше денешната честитка на градоначалникот на заминување, Александар Петрески,  упатена до неговиот против кандидат д-р Никола Бакрачески. Петрески им се заблагодари на сите граѓани кои на овие локални избори гласале за него, но и на оние граѓани кои гласале за опонентите доколку  тоа го сториле самоиницијативно. На останатите пак, им порача.„ На сите други кои ги купија по различни основи, на оние што им издаваа лични …

Мар 26, 2013

Попоски: Задоволни сме од успехот

Независниот советник Павел Попоски, денес на прес конференција излезе со свои видувања околуизборниот процес на Локалните избори 2013. Според него охриѓани излегоа масовно, мирно и достоинствено гласаа. Додаде дека цврсто застануваат на се што било кажано во изборната кампања и нивните залагања максимално ќе ги насочат за подобра иднина на Охрид.„Според нас изборите завршија во фер и демократска атмосфера. Охриѓани избраа нов градоначалник, г – динот Никола Бакрачески и во лично мое име и од мојата групација му го честитам изборот и му посакувам успешна работа во наредните 4 години“ – вели …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top