Образовните институции меѓу првите на тапет во кадровските промени по промената на локалната власт. Дали наскоро осумте основни, трите средни училишта и детската градинка ќе добијат нови директори?ТВМ дознава дека директорите на сите основни и средни училишта од градов денес одржале состанок со секретарот на општината. На состанокот им било кажано до утре да си поднесат писмени оставки.За секој од директорите биле издвоени по пет минути и им било сугерирано да си поднесат писмена оставка, а на прашањето од некои од директорите што ако не го сторат тоа им било кажано дека има и други механи…
На ул „Карпош Војвода“ вчера во попладневните часови настрада пешак. За жал овој настан не е единствен. Очигледно оваа улица претставува магнет за сообраќајни незгоди бидејќи за нецела година, последниов случај е 6 по ред.Жителите на ул Карпош Војвода сериозно се загрижени за безбедноста на нините деца. Тие не сакаа да зборуваат пред нашата камера но сметаат дека од страна на надлежните институции треба да се преземат повеќе безбедносни мерки, дури и дислокација на контењерите на ЈП „Охридски Комуналец“, кои се причина за предизвикување на повеќе инциденти.Точно тука, вчера на излегување од…
И годинава општина Охрид преку секторот за урбанизам и заштита на животна средина 22 април денот на планетата земја го одбележува со спроведување на традиционалната акција за собирање отпад од електрична и електронска опрема. Акцијата која започна денска ќе се спроведува до сабота на две локации. Едната на полигонот за мали спортови и другата локација кај „АКУМА ТРЕЈД“ на патот за Лескоец. „Граѓаните кои имаат ваков отпад, стари компјутери, монитори, процесори, тастатури глувчиња и други мали апарати од домаќинството да ги донесат тука и на тој начин ќе се ослободат од овој отпад кој пр…
„Ова се врските кои се создаваат во семејството, на работното место, и ова се врските кои ние ги создадовме изминативе три дена“. Со оваа скоро поетска мисла, психологот Шпела Реш на лицата со хендикеп им покажа колку се значајни врските на работното место, комуникацијата, себепретставувањето пред работодавците, а се со цел или нивно полесно вработување или полесна и покоренита интеграција на своето работно место.
Овие вештини, тие ги учеа на работилницата која деновиве се одржува во Охрид, како дел од проектот на Европската унија за социјална инклузија на лицата со хендикеп. Тие едногласни…
Јоне Станкоски од ВМРО НП го предложи Дејан Паноски за Претседавач на Советот на Општина Охрид. Тој рече дека се одлучиле на ваков чекор бидејќи во него гледаат човек со искуство кој претходно имал принципиелни ставови. „Го предлагаме Дејан Паноски за претседател бидејќи може да одговори на функцијата, тој е човек кој беше фронтмен на ВМРО ДПМНЕ и има принципилено ставови – рече Станкоски. Дејан Паноски се заблагодари на предлогот од ВМРО НП и кажа дека не го прифаќа.Паноски рече:„Нема да го оценувам предлогот на опозицијата дали е лицемерен. Борбата која ја водев измианатите четири години…
Градското пристаниште се чисти од наносот кој се таложи во текот на годините и кој им ја попречува работата на бродарите. Капетанот на охридската капетанија Горан Устијаноски открива дека со акцијата предвидено е да се чистат три точки и тоа охридското пристаниште, пристаништето во Св.Наум и еден дел во каналот Билјанини Извори непосредно покрај едриличарскиот клуб и езерската полиција, делот кој е и најтесен и најплиток. „Тендерска постапка беше распишана. Плаќањето кон фирмата изведувач е со нафта од државните резерви, доделена за капетанија Охрид, односно за багерување на пристаништата в…
Општина дебарца доби нов градоначалник. Со врачување на уверението од страна на Општинската изборна комисија, новоизбраниот градоначалник на општина Дебрца, Игор Трајкоски, денес официјално го започна градоначалничкиот мандат. „Голема благодарност до граѓаните на општина Дебарца кои ја искажаа довербата на овие локални избори и ми дозволија во наредниов мандат да се покажам и докажам со нови дела кои ќе се реализираат и воедно ви укажувам дека вие ќе бидете моите критичари и мојот коректор на работата во овие четири години“, истакна градоначлникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски.Градонач…
Повлекувањето на водите и во Охридското езеро, но и во реките, од една страна спас од поплави, но од друга можност за проблеми со појава на глодари, инсекти и други штетници.
За спас од овој нов предизвик, Центарот за јавно здравје вели дека е потребно да се преземат серија превентивни мерки за заштита на населението од заразните заболувања кои комарците и глодарите ги пренесуваат. Според директорот на Центарот за јавно здравје, д-р Атанаско Михаилов, изминатите години, граѓаните често реагирале и тврделе дека забележале глодари, особено глувци и во делови од канализацијата, па дури и по ул…