Апр 23, 2013

Љубителите на пишаниот збор, денес го слават светскиот ден на книгата

Некогаш таа беше најверен пријател на човекот. Книгата, со сите свои богатства, мистерии, пораки и поуки, напишана на многу или помалку страни, но секогаш со подеднаква страст, со подеднаква љубов. Некогаш и некаде, далеку од овде, книгата е најбараното богатство, но сега и овде, кај нас, за жал многу помалку. Денес, на Светскиот ден на книгата, можеме барем накратко да се потсетиме дека таа е сеуште тука и ја чека својата публика да ги открие нејзините тајни. Но и многу повеќе. Постарата генерација носталгична по старите вредности, барем засега е најверен читател. „Ние како книжара секогаш…

Апр 22, 2013

Охридските основци весело и разиграно за Денот на планетата земја

Основните училишта во Охрид, денес, во знакот на екологијата и рециклирањето. Со својата несопирлива креативност, денес, на денот на планетата земја тие пренесоа еколошки пораки, секое училиште на својот начин. Во основното училиште „Христо Узунов“ малите основци, заедно со своите наставници возеа велосипед и ролерки до месноста Горица. Под мотото „Можеме и без автомобили“ тие сакаат да ја подигнат еколошката свест не само кај учениците, туку и воопшто кај сите граѓани.„Како љубител на велосипедот, кој многу често го користам како средство за движење низ нашиот град, би сакала да апелирам з…

Апр 22, 2013

Охриѓани и еко системот во симбиоза

Охриѓани можат да здивнат. Пијат квалитетна вода, дишат чист воздух и јадат здрава храна.  Додека, пак, пожарите на објекти, a посебно на отворен простор, сигналзиираат дека како граѓани слабо знаеме да се чуваме од огнот. На денот на планетата Земја се обидовме од надлежните да добиеме податоци за четири елементи кои ја чинат планетата, водата, воздухот, почвата и огнот.  Побаравме одговор од институциите и еколозите како се грижат за животната околина. Од Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека засега го испитуваат само квалитетот на воздухот. Испитувањата н…

Апр 22, 2013

Започна со работа новиот дел на општата болница

Денеска видно раздвиженост во хируршката амбуланта од пациенти, доктори и останат медицински кадар. Директорот на општата болница д-р Љубен Арнаудов признава дека деновиве направиле максимални напори за да се преселат од Струга и старите привремени амбуланти, но добрата организација помогнала  во рекорден рок да се формираат сите амбуланти и одделенија во новиот блок. „Од денеска почна да работи хируршкото одделение, гинеколошкото, одделението за уво, нос и грло, гинекологија и операционите сали.  Сме во една од прориите на хируршкото одделение каде се гледа дека се е комплетно опремено, по…

Апр 22, 2013

Во среда, Охрид без вода

Како што информираат од Меѓуопштинското јавно претпријатие Проаква , без вода ќе останат и потрошувачите до хотелот „Метропол“, а населените места Лескоец и Велгошти ќе имаат нормално водоснабдување.Прекинот, велат од Проаква, е поради интервенција на водоводната мрежа, односно преземање редовни активности пред почетокот на летната сезона- измивање на водоводната линија, вршење поправки на главните шибери, отстранување дефекти и слично.{loadposition content9}

Апр 20, 2013

Танец ќе игра за обнова на опжарениот манастир Трескавец

Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ на охриѓани и гостите ќе им приреди едно незаборавно културно доживување. Во понеделник 22- ри април, во Центарот за култура „Григор Прличев“, Танец ќе игра за обнова на опжарениот манастир Трескавец, вели директорката Драгана Боцевска.Манастирот Трескавец кој се наоѓа во Прилеп настрада во пожар на четврти февруари оваа година. За неполни два часа од раскошниот храм на православието кој датира од 12 век, останаа само пеплосани ѕидови, јагленисани греди и пепел и чад. Но за среќа спасена беше црквата Успение на Пресвета Богородица која…

Апр 20, 2013

Нумизматичката збирка да се врати во Охрид

Колекцијата со нумизматичка поставка, со 1700 монети од античкиот период па се до 17 век, која некогаш беше подарок на градот од Охридска банка, повеќе не се наоѓа во галеријата на банката во охридската чаршија. Веќе 6 години Охридска банка ја поседува француската банка Социете Женерал, па јавноста се  интересира зошто колекцијата од непроценлива вредност не е изложена во градот каде што припаѓа. Одговор се обидовме да добиеме од првите луѓе кои треба да го чуваат националното културно богатство. Археологот-советник нумизматичар Даница Бачева, автор на поставката отворена  во 2005 година на…

Апр 20, 2013

Глувите и наглуви лица ги покажаа своите кулинарски вештини

Жените од здруженијата на глуви и наглуви лица од републикава, денес ја покажаа својата магија во кујната. Натпреварот „Жена домаќинка“ кој веќе стана традиционален натпревар во готвење, понуди многу различни јадења, вкусови и мириси кои ги почувствуваме веднаш штом стигнавме до кујната на хотелот Далјан кој е домаќин на оваа манифестација. А богами имаше и што да се види.„Оваа манифестација се одржува години наназад и веќе премина во традиционален. Општинските здруженија кои учествуваат на овој натпревар ги има 15 кои се тука. Интересен натпревар помеѓу глувите жени, тие ги приготвуваат ни…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top