Судењето на бизнисменот и советник од редовите на ДУИ Нефи Усеини и неговиот брат Ибраим одложено за 26ти октомври. Денес требаше да започне судскиот процес против браќата за сторено дело насилство врз Спиро Топалоски но во Основниот суд Охрид се појави само Нефи Усеини. Неговиот брат, според образложението на одбраната не бил во можност да се јави на рочиштето поради влошена здравствена состојба, за што беше приложена документација. Оштетениот Топалоски пак, не бил во можност да присуства на главниот претрес како сведок поради обврски околу сопствените деца. Судијата Милчо Клишески наја…
Се планира доизградба на колекторскиот систем на струшкото крајбрежје на Охридското езеро. Од идната година би требало да се изградат уште 2,5 км колекторски систем на потегот од Елен Камен до Радожда, информира Владимир Алексијоски, директор на ДЈП Колектор. Предвидено е зафатите да се реализираат со средства од Ипард 3 фондовите на Европската унија. Со проектот кој тежи околу 9 милиони евра треба да се направи целосна реконструкција на пречистителната станица во Враништа и да се доизгради колекторскиот систем на овој потег, посочува Алексијоски за идните планови на ДЈП Колектор.
„Планир…
Охридското Езеро денес на 693,16 м.н.в, 17 сантиметри под месечниот просек. Нивото на водата во Охридското Езеро денес останува под просекот за овој период од годината.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,16 м.н.в, што е за 17 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,33 м.н.в). Охридското Езеро останува на само 6 цм над дозволениот минимум
Температурата на езерската вода, измерена утрово во 07:30 часот е 21,5 степени, што е за 0,6 степени повисоко од просекот за овој период од годината.
Во текот на изминатото деноноќие (21/22.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 597 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
По повод одбележувањето на Светскиот ден на борба против Алцхајмеровата болест, во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија се одржа стручно предавање од областа на медицината чија цел е подигнување на свеста за постоењето на Алцхајмеровата болест преку едукативни предавања.
На настанот којшто е дел од иницијативата на сопругата на Претседателот, Елизабета Ѓоргиевска за трансфер на знаења и размена на идеи и искуства со младите кои студираат на факултетите од областа на медицинските науки, присуствуваше Министерот за здравство Венко Филипче, студенти од Медицинскиот факул…
Учебната година ќе може да почне на 1 октомври и со настава од далечина, откако доцна синоќа Собранието ги донесе измените и дополнувањата на законите за основно и за средно образование. Законот за изменување и дополнување на Законот за основно образование беше донесен со 61 глас „за“, ниту еден „против“ и 28 „воздржани“. Законот за изменување и дополнување на Законот за средно образование го поддржаа 61 пратеник, еден беше против, а 25 беа воздржани. И двата закона се донесоа по скратена постапка.
Со донесувањето на законите се овозможува поширока законска рамка за реализација на школскат…
Утре со почеток во 12 часот ќе се одржи конститутивна седница на новиот Совет на Општина Охрид.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид, а на истата е предвиден следниот дневен ред:
1. Избор на Комисија за верификација, избори и именувања.
2. Верификација на мандатите на членовите на Советот на општина Охрид.
3. Избор на Претседател на Советот на општина Охрид.
Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при ЛС доби напатствија за средување на теренот за поставување на монтажна болница во кругот на Општа болница. Општина Охрид треба да ги направи подготвките на теренот каде што се планира да се постави модуларната болница, а со која градот треба да добие тријажен центар и проширени капацитетите за лекување на болни од Ковид 19. Договорено е да се среди просторот со површина од 500 до 700 м квадратни, позади геријатриското одделние, информира Томе Нанески, раководител на Фондот за комунален развој при ЛС.
„Обврска на општините во тие договор…