Одложено судењето на браќата Усеини

За 26ти октомври е презакажано судењето против советникот на ДУИ од Општина Охрид, Нефи Усеини и неговиот брат Ибраим.   Денеска во Основниот суд Охрид, на првото рочиште од предметот кој се води против браќата за инцидентот што се случи на 18 август во кој физички беше нападнат охриѓанецот Спиро Топалоски се појави само Нефи Усеини.  Неговиот брат беше отсутен поради здравствени проблеми а главниот сведок Топалоски имал обврски околу своите деца.

 |   | 

Судењето на бизнисменот и советник од редовите на ДУИ Нефи Усеини и неговиот брат Ибраим одложено за 26ти октомври.  Денес требаше да започне судскиот процес против браќата за сторено дело насилство врз Спиро Топалоски но во Основниот суд Охрид се појави само Нефи Усеини.  Неговиот брат, според образложението на одбраната не бил во можност да се јави на рочиштето поради влошена здравствена состојба, за што беше приложена документација.  Оштетениот Топалоски пак, не бил во можност да присуства на главниот претрес како сведок поради обврски околу сопствените деца. Судијата Милчо Клишески најави дека доколку оштетениот не се појави во судница на следната покана, стражарно ќе биде приведен и донесен пред Судот.


Според обвинението, на 18 август годинава  обвинетите се сретнале со оштетениот во хотел во Охрид и по вербална расправија му нанеле телесни повреди удирајќи го со тупаници  во пределот на главата и телото пред влезот на хотел и внатре, каде обвинетите во пределот на главата го удирале и со тврд предмет во облик на пиштол, се вели во дел од обвинението. Димитрија Цобоски, адвокатот на одбраната на Усеини, за медиумите изјави дека кај оштетениот била констатирана лесна телесна повреда со што тежината на насилството како кривично дело за кое се товарат обвинетите  не се класифицира во потежок вид на кривични дела.

„ Значи во случајов станува збор за  кривично дело кое се пак претставува еден вид на загрозување на нечија сигурност, предизвикување страв, нерасположение, возбуда и тн. во јавноста меѓутоа не е во доменот на тешки кривични  дела каде што може да имаме како последица тешка телесна повреда или крајно смртна последица. “ – кажа Цобоски.

Против браќата беше поднесена пријава и за „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“, но подоцна оштетениот Топалоски го смена исказот. Адвокатот Цобоски вели во моментов нема обвинение за  неовластено поседување оружје.

„ Што точно се случило тоа во текот на доказната постапка ќе се утврдува. + 1:53 Обвнението не е за оружје, нема пиштол. Да имало пиштол ќе имало и обвиненине за евентуално неовластено поседување оружје .
 Валидна изјава врз основа на која евентуално може да се темели судска одлука е изјава дадена пред јавен обвинител. Така што ќе видиме што ќе каже пред судот па ако во судската изјава отстапува од она што е кажано пред јавниот обвинител тогаш може да се зборува за промена на изјава. “ – изјави адвокатот Цобоски.

Законот за кривичното дело насилство за кое се товарат обвинетите предвидува казна од 6 месеци до 5 год. Браќата Усеини се бранат од слобода откако на 11ти овој месец излегоа од притвор со гаранција во недвижен имот проценет на 850 илјади евра.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top