Мај 2, 2013

Охрид ќе добие панорамски автобус

Динамична трета седница на градскиот совет. Предложена точка по која советниците требаше да расправаат денеска ,предлог одлука за донесување на годишна програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2013 год,  уште на почетокот повлечена од страна на предлагачот, градоначалникот Никола Бакрачески. На местото на ова точка градоначалникот предложи нова и тоа: Предлог одлука за прием  на движна ствар  ниско двокатен автобус од отворен тип,  затоа што како што кажа во градов се пристигнати многу туристи  и се наближува официјлниот почеток на туристичката сезона. „Планираме овој ав…

Мај 1, 2013

Нема протести, ама нема ниту скара и пиво за 1ви Мај

Денес е први Мај, меѓународен празник на трудот. За сите оние кои го заборавиле неговото значење да потсетиме дека овој ден е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Се празнува во знак на почит кон жртвите на штрјкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго за воведување осумчасовен работен ден. Во спомен на жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот основачки конгрес во 1889 година во Париз донела декларација со која работниците се повикуваат на масовни демонстрации на 1 мај за да ја подобрат својата положба.  Следбеници на оваа ини…

Фев 25, 2021

Божиновски: Дали власта на СДСМ се подготвува за партизација на процесот на попишување

Без ни малку срам СДСМ објавува конкурс за попишувачи на својата официјална партиска Фејсбук страница, кажа на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.Конкурсот за реонски попишувачи и инструктори кој беше објавен во текот на вчерашниот ден, па повлечен од партиските послушници,  е класичен доказ дека се работи за политичка операција, а не статистички попис, кажа Божиновски. „ СДСМ Охрид и пратеничке Жаклина Лазаревска, повикувате ли партиски војници на конкурс да спроведуваат државен попис? Или партиско членство ќе ажурирате преку Општинската по…

Мај 1, 2013

Првомајските и Велигдeнските празници го наполнаа Охрид

„Ако кажеме дека по утрото се познава денот , тогаш ова е утрото на Охрид, а денот е пред нас, а благодарение на вакво утро се надеваме на добра сезона“, вели туристичкиот водич Љупчо Јузмески. Тој открива дека групите кои во моментов се во Охрид се претежно минатогодишни гости во Македонија и тоа од Финска и Данска. Јузмески додава дека годинава имаме повеќе гости од Данска, туристи кои се окарактеризирани како авантуристички настрени и за кои најпривлечни се најновите туристички атракции кои ги нудиме, „Велосипедските тури“,  преку Галичица  до ресен и назад. Покрај туристите од Данска, о…

Мај 1, 2013

Бакрачески: Да продолжи урбанизацијата на Бејбунар, но согласно законите

Атрактивниот локалитет Бејбунар 2 повторно во фокусот. Деталниот урбанистички план за скапиот  стамбено деловен комплекс кој е предвиден на тоа место беше оспорен од Уставниот суд поради повреда на постапката при изведување и носење на истиот. Судот ги стопираше градежните работи во Бејбунар. Но неколку дена по одлуката на Уставен, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, со став дека урбанизацијата на овој локалитет треба да продолжи.„Јас ќе се заложам заедно со моите служби да се поведе повторно една постапка, меѓутоа законска постапка, каде што ќе се почитуваат сите оние законски про…

Апр 30, 2013

Бакрачески: Сахарајан Македонија, ќе се гради по сите еко-стандарди

„Сахара груп“ сеуште заинтересирана за изградба на големиот туристички комплекс „Сахарајан Македонија“ во Љубаништа. Вака уверуваше градоначалникот Никола Бакрачески. Уште кога прв пат беше најавен, овој голем градежен зафат наиде на остри критики кај дел од екологистите, но и кај граѓаните кои беа загрижени околу ефектот кој би го имал објект врз Охридското езеро. Во таа насока, градоначалникот Бакрачески дециден дека овој туристички комплекс ќе се гради според сите позитивни туристички, градежни и еколошки стандарди.„Околу тој аспект можам да упатам еден смирувачки тон кон сите оние загри…

Апр 30, 2013

Студентите на ФТУ ги учеа тајните на кулинарските мајстори

  Во кујната на ФТУ, студентите од 1 и 3 година на насоката гастрономија, подготвуваа мени со италијанска храна. Тајните во подготвување на свежа, лесна и брза храна им ги  откриваше интернационалниот кувар, со македонско потекло, Синиша Салатиќ.  Неговите вештини и принципи во кулинарството,  со тридецениското искуство,  со задоволство ги пренесува во соработката со ФТУ. „ Сакам италијанската култура во подготвување на храната да  ја пренесам и во Охрид. Студентите учат, вложуваат труд, жално е ако некој не ги поддржи и да им каже е сега си подготвен, може да работиш кај сакаш. Мене мие же…

Фев 25, 2021

485 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (24/25.02.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 485 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top