Семејството на Црвениот крст го сочинуваат над 110 милиони волонтери од 187 земји од светот. Денеска празникот со пригодни свечености го одбележаа сите членки во исто време. Охридскиот Црвениот крст се вбројува во една од најуспешните организации во Македонија. Оваа општинска организација работи со ранливи категории. Помагаат онаму каде што е најпотребно на социјално загрозените семејства, се врши здравствена едукација и се делува превентивно. За жал сеуште помошта е од граѓаните за граѓаните, затоа што повисоските инстанци во своите програми немаат издвоено средства за хуманитарни дејнос…
Зградата на општина Охрид, синоќа блесна во боите на ретките болести како дел од кампањата „ Ги запознаваме ретките болести 2021“ со која се дава поддршка на лицата кои боледуваат од ретки болести. Со ова општината и градот Охрид се приклучуваат кон глобалниот повик на „Еурордис“ за осветлување на локални и национални згради и споменици. Во февруари којшто е месец со најмалку денови во годината се запознаваме со нови 28 ретки дијагнози преку аудио,видео и текстуална форма со цел да се запознаеме со предизвиците со кои се соочува оваа категорија луѓе.
Покрај општината вчеравечер заблескаа и…
Вчера стружани се поклонија пред моштите на нивниот заштитник, славниот Великомаченик Георгиј Победоносец. Пред многубројниот народ кој пристигна од сите краишта на државава по четврти пат се одржа празничната ордија во спомен на овој светец. Настанот беше збогатен со носење на моштите на св.Георгиј од дебарскиор манастир Рајчица. Станува збор за чествување кое отсекогаш имало големо значење за нашиот народ кој ниту дождот не го поколеба да пристигне во дворот на црквата Св. Георгиј.Ова е една прекрасна традиција, која постои уште од времето на преродбата, кога на местото од стариот храм од…
Чиста вода извира од две шахти на ул „Карпош Војвода“ во близина на детското игралиште. Ова трае веќе три дена, а надлежните сеуште ништо не презеле, коментираат жителите на овој потег. Проблемот на стручните служби на МЈП „Проаква“им бил познат. Според раководителот на водоснабдување Влатко Иваноски, не станува збор за сериозен дефект, но зафатот кој што треба да го направат за негова санација бил голем и потребна била дополнителна консултација со релевантните служби од Локалната самоуправа.„Проблемот е што местото е специфично, затоа што дефектот пред шахтата е на едно метро и проблем н…
Јасмина Силјаноска 3 години била во потрага по историјата на болеста на својот син. После неколку неуспешни обиди низ институциите да ги пронајде потребните документи, нејзината упорност се исплатила на први мај годинава. Имено како што кажува таа, дента влегла во просториите на некогашната Детска болница, која во моментов е претворена во руина, со цел да ја побара историјата на болеста на нејзиниот син и истата ја пронашла. Силјаноска раскажа дека поради вродена астма од што боледува нејзиното малолетно дете, во неколку наврати детето било хоспитализирано во некогашната детска болница во О…
Вработените во ЈП „Билјанини извори“ утрово одржаа предупредувачки протест. Прагот на трпението очигледно им беше преминат откако првомајските и велигденските празници ги поминале без пари. Незадоволни поради неисплатените плати триесетмина вработени од вкупно педестината кои работат во ова ЈП , се одлучиле преку мирен протест и полчасовен прекин на работата да го искажат својот револт. Раководството на претпријатието не го исполни барањето на синдикалната организација вработените да ги добијат заостанатите четири плати, неисплатените придонеси и здравствено осигурување. Како што дозна…
Општина Охрид ќе го поддржи проектот „Младите-креатори на нашата иднина“ кој ќе го реализира Здружението на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија „Т’га за југ“ од Скопје.
За таа цел градоначалникот Константин Георгиески денеска потпиша меморандум за соработка со претседателката на здружението Евгенија Николовска.
Со потпишувањето на денешниот формален меморандум за соработка, Црвениот крст од Охрид и Универзитетот за информатички науки и технологии најавија уште поинтензивна соработка.
Претседателот на Црвениот крст, Сашо Точков, вели дека овој меморандум и идната соработка ќе биде само надоградување на веќе добро воспоставените и реализирани програми помеѓу двете институции. Точков напомена дека бенефитите се обострани.„Се надевам и ве повикувам и медиумите како и досега да ги следите нашите активности како и заедничките активности со Универзитетот за информатички науки и технологии и да допринесем…