Земјоделството станува дел од клучните аспекти на локалниот економски развој на општината. Денес, секторот за туризам и локален економски развој доби канцеларија за подршка на земјоделието. Ова посебно советодавно тело кое ќе работи во рамките на секторот за ТЛЕР, ќе дава и административна, но и стручна подршка за земјоделците од Охрид и охридско. Од ТЛЕР велат дека со отворањето на канцеларијата очекуваат уште поголема активност во промоцијата и подршката на земјоделците.„И досега во ТЛЕР се работеше на тековни активности од областа на земјоделието, на прашања поврзани со земјоделието, но …
За Локалната договорот за закуп на паркинзите е раскинат, но очигледно не и за другата договорна страна. Од „Сузуки – МТ“, се пожалија пред медиумите дека и покрај тоа што имале валидни договори, полицијата ги легитимирала вработените кои наплаќаат паркинг, а денеска две лица биле спроведени во СВР Охрид какошто велат од „Сузуки“ само поради тоа што вршеле наплата.„Секојдневно се врши идентификација и легитимирање на вработените лица на паркинг просторот од страна на полицијата, во еден наврат е извршено и фотографирање на сите вработени затекнати на лице место, колку ни е познато од стра…
Брачен пар од Скопје дошол во Охрид да купи автомобил, а завршил на Корита. Инцидентот како што соопшти Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид, се случил на 3-ти јуни, кога двајца 37 годишни охриѓани со измамa довеле во заблуда брачен пар од Скопје. Против нив СВР Охрид денеска поднесе кривични пријави за основано сомневање дека извршиле кривично дело „Разбојништво“ Осомничените минатата недела поставиле оглас на социјалните мрежи за продажба на возило Мерцедес произведено 2002 година по цена од 3500 евра. Непосредно потоа, стапиле во контакт со брачен пар од Скопје кој пројавил интерес з…
Повеќе од оправдан проектот на ЈП Охридски Комуналец со кој на ул. Богомилска и во нас. Христо Узунов беа поставени пресс контењери. Ова решение допринесе во голема мера да се реши проблемот со депонијата која се правеше на овие две локации, поради комплексот згради. Граѓаните не сакаат да зборуваат пред камера, но откриваат дека се задоволни од она што се постигнало со пресс контењерите. Додаваат дека се додека не се направиле овие еколошки острови на овој потег не се ни минувало поради премногу смет, и непријатната миризаба која се ширела. „Со поставувањето на тие два контењери ја сред…
Во знак на солидарност и поддршка на најавениот Протестен марш, предводен од иницијативата „Култура или фискултура?“, кој ќе се одржи во во Скопје, денеска на Кеј „Македонија“, пред споменикот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид, работниците во културата од институционалната и вонинституционалната сцена на локално ниво, во периодот од 12:15 до 13:00 часот, ќе излезат на симболичен собир.
Протестниот марш, во организација на „Култура или фискултура?“ произлезе од проблематичниот избор на директорот на институцијата Центар за култура „Антон Панов“ од Струмица, каде од тројцата кандидати (магистер…
Постапувајќи по заклучокот донесен на седница на советот на општина Охрид од 10ти Мај годинава, градоначалникот Бакрачески го раскина договорот за закуп на паркинзите. Денес и официјално од локалната потврдија дека досегашниот закупец, компанијата „Сузуки“ повеќе нема да стопанисува со паркинг просторот во централното градско подрачје.
Новоименуваниот портпарол на локалната самоуправа, Томе Џамтоски вели дека договорот со закупецот бил раскинат поради неисполнување на условите кои стоеле во договорот. Еве што значи тоа.„Тоа ќе значи дека досега оние улици кои се користеа како паркинг просто…
На сега веќе традиционалната свеченост „Збогум градинке моја, среќно првачиња“, идните првачиња се збогуваа со своите воспитувачки и се подготвени да го продолжат образовниот процес. Дружењето во градинка заскогаш останува во нашите сеќавања. Сите ние кои сме биле во градинка се сеќаваме на воспитувачките или барем на еден од нашите другари со кои сме го поминале тој дел од нашето детство. На денешната традиционална свеченост „Збогум градинке моја, среќно првачиња“ на дечињата од охридските градинки им беа доделени првите дипломи, со фотографии и имиња на своите другарчиња.„Оваа година 200 …
Дефицитот на кадар останува најголемиот проблем во охридските градинки. Иако капацитетот на градинката е 650 деца, кои треба да ги опслужуваат 110 вработени од сите профили, во моментов дури 750 деца се згрижени во охридските градинки, а ги опслужуваат 69 вработени со решенија на неодредено работно време. Прекинот на договорите за кој неколкуте волонтери од градинките усно беа известени на почетокот на овој месец, биле основната причина загрижени родители да реагираат до нашата редакција, со молба за актуелизирање на овој проблем. Розе Костоска В.Д. Директор ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ со објасн…