Се отвараат двата охридски домови за сместување на студенти и средношколци. Според протоколите може да се сместат редуциран број станари во собите на двата сметувачки објекти. Охридскиот студенски дом „Никола Карев“ има услови за да го спроведе протоколот за сместување на студентите, информира Жарко Куциноски директор на домот. Сите соби во студенскиот дом се со 3 и 4 кревети и може да се сместат најмногу по две лица. Во домот има сеуште слободни места за уште 80 студенти.
„Во нашиот студенски дом имаме сместувачки капацитет за 160 студенти кои ќе бидат сместени во соби со над 2 кревети…
Во текот на изминатото деноноќие (27/28.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 643 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
Денес Општа Болница Охрид тагува. Нашата медицинска сестра Дијана Димоска, родена на 29.09.1971 година во Загреб, ја загуби битката со подмолниот вирус COVID-19, објавија на официјалниот профил на Facebook од ЈЗУ „Општа болница“- Охрид.
„Својот професионален ангажман го започна во 1993 година на одделот ОРЛ, потоа во невропсихијатриски оддел, а последните години беше дел од тимот во одделението за интерни болести. Нејзината прерана смрт е голема загуба за нејзиното семејство и за сите нас. Загубивме професионалец, медицинска сестра со ведар дух и топлина. Омилена кај пациентите и кај враб…
Во последните 24 часа се направени 1504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 43-Куманово 16-Штип 4 -Прилеп 9 -Тетово 6 -Струга 2 -Велес 3 -Охрид 2 -Кавадарци 3 -Гостивар 6 -Гевгелија 4 -Струмица 11 -Радовиш 1 -Кочани 15 -Пробиштип 1 -Пехчево 1 -Валандово 3 -Виница 2 -Делчево 3 -Свети Николе 5 -Кичево 2 -Неготино 1 Починати се 9 лица, пациент од Виница (70г), двајца пациенти од Струмица (по 67г), еден пациент од Охрид (48г), од Гостивар (64г), двајца пациенти од Тетово (70 и 71г) и двајца од Куманово (68 и 77г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира…
Лесна е за употреба Националната Платформа за он лине настава, тврдат 30 национални обучувачи кои своето знаење го пренесле на сите свои колеги во македонските училишта. Денес школите ги добија корисничките имиња за најавување на ученците во платформата, а од понеделник одделенските раководители ќе ги поделат, информира Ивана Маховска Шикалоска, директор на ОУ Григор Прличев. Напоменува дека платформата за наставниците, родителите и учениците е предизвик бидејќи е нешто ново, но не е несфатливо и е лесно за употреба. За да нема нејаснотии ќе бидат дадени упатства и за учениците и родителит…
Измените и дополнувањата на општиот дел од Протоколот за начинот и условите за организација на настани , кој се однесува на редовното работење, како и вонредните манифестации што ги организираат и спроведуваат кината, театрите, балетските претстави, оперските претстави, филмските проекции, концертите, мултимедиските проекти, фестивалите и манифестациите од дејноста на културата.
Протоколот за начинот и условите за организација на настани од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, е усвоен на 73-тата седница на Владата на 30 јуни, додека на четвртата седница одржана н…
На 10-ти и 11-ти ноември, во просториите на Планинската Спасителна служба при Црвен крст Охрид ќе биде емитувана филмска програма.
За сите Охриѓани и други сограѓани од близината – како што најавивме, го посетуваме Охрид на 10 и 11 ноември и си стоиме на зборот, велат организаторите.
Настанот е во организација на Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, Алпинистички клуб ПАТАГОНИЈА Охрид и Културолошка иницијатива 5 до 12.
Програмата ќе биде со селекција од победничките филмови на ЕХО, а зачинета со 4 презентации или поточно:
Патувачко кино на ЕХО Фестивал на планински …
Во текот на изминатото деноноќие (24/25.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 647 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид -19.