Јун 28, 2013

Охридски гимназијалци го покажаа актерскиот талент

Средношколци од Св. Климент Охридски ја изведоа театарската претстава  „Ветувањата на големите градови и тагата на малите градови“. Актерската група,  составена од седумина охридски средношколци и осумина  млади актери од Берлин, одигра претстава на македонски и  англиски јазик. Оваа заедничка претстава е резултат на нивното учество на театарската работилница што се одржуваше во Охрид. Соработката помеѓу охридската гимназија и Вензел форумот од Берлин  беше воспоставена во месец октомври лани, а денес продолжи во Охрид. Гимназијалецот Никола Буџакоски, член на училишното драмско студио, веќ…

Јун 28, 2013

Стопирани градежните активности на ул. Крум Точков

Градежните зафати на улицата Крум Точков започна со водоводот и асфалтирањето на улицата. Советникот Климе Шешоски кој е директно вклучен во проектот вели дека во моментов тимови посметрале дали постои можност да се направат сите инсталации, за да може потоа да се асфалтира. Тој додава дека е најдобро прво да се промени водоводната инсталација затоа што таму години имаат проблем со цевководот. „Ќе видиме затоа што е сезона, незнам дали граѓаните ќе допуштат да се работи или не. Целиот совет и советниците, сме заангажирани, секој во својот дел да им ја  подобриме оваа ситуација на жителите о…

Јун 28, 2013

Најдобрите холандски туроператори пристигнаа во Охрид

Утрово на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ пристигнаа стотина високи претставници од туристичиот сектор во Холандија. Стефан ван вер Хајден, извршниот директор на холандскиот тур-оператор „ТUI“, рече дека дека оваа посета ќе биде еден обид повторно да се откријат убавините и можностите кои ги нуди Македонија, земја која за нив сеуште е релативно непозната. Тој додаде дека ако може да се суди според тоа како е организирани и промовирано патувањето, дека ги очекува посебно доживување.„Овој прв дочек овде влева голема надеж, мислам дека не верувам дека некаде сме пиеле алкохол во единае…

Јун 27, 2013

Годинешното издание на Канео фест, со хумана мисија

Познатиот охридски музички фестивал, Канео 2013 ќе се одржи по дванаесетти пат. Организаторите велат дека годинава се многу позадоволни од минатата. На фестивалот ќе настапат вкупно 18 новокомпонирани песни, со добро познати музички имиња од македонската сцена. За разлика од минатите изданија на фестивалот, годинава ќе има и втора, ревијална вечер.„Се работи за новокомпонирани композиции, ќе има доста имиња и доста млади кои за првпат ќе се појават. Ќе се направи еден добар микс на една добра музика и едно уживање и прекрасна вечер. Оваа година се одлучивме да имаме и втора вечер која што ќ…

Мар 9, 2021

За развој на спортот и спортскиот туризам важна е спортската инфраструктура, нејзина изградба и одржување

Општина охрид планира изградба на нови детски игралишта и уредување на постојните, реконструкција на спортки терени  но и низа нови спортски содржини во градот, како голф терен , трим патека и игралиште прилагодено за лица со посебни потреби. Општина Охрид најавува изградба на нови детски игралишта  на неколку локации низ општината како и активности  за уредување на игралишта на целата територија на општината и нови спортски терени и содржини  Тоа е  во насока на обезбедување  безбедна детска игра, но и обезбедување инфраструктура за развој на спортот и спортскиот туризам, велат од локална…

Јун 27, 2013

Полуматурантите најмалку заинтересирани за угостителската струка

Заврши првиот уписен рок во трите охридски  средни училишта. Сумираните резултати по завршувањето на првиот уписен рок носат изразито спротивни бројки. Најголем интерес, полуматурантите повторно покажале за општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“. Таму вкупно се пријавиле 356 деца од кои биле примени 309. Од нив, 189 запишале гимназиско образование, 101 економско и 19 деца се запишале на медицинската паралелка. За вториот уписен рок, вкупно остануваат 161 слободно место, од кои 83 во гимназија, 63 во економски и 15 во медицинската паралелка. Во електромашинскиот училишен центар…

Јун 27, 2013

Охриѓанката Филис Ајруш, најдобра од најдобрите

Еколошката порака на охридската средношколка Филис Ајруш, ја виде целиот свет. И не само што ја виде, туку оваа порака на Олимпијадата за заштита на животната средина Global Environmental Issues – US ( GENIUS 2013 ) која од 16-ти до 21-ти jуни се одржа во Њу Јорк, Соединетите Американски Држави, на Филис и обезбеди златен медал. Чувството за Филис да се претставува нашата земја на еден ваков интернационален натпревар, фантастично.„Чувството беше неопсиливо, прекрасно, прво ми го прочитаа името и самото претставување на Македонија, на Охрид ми беше прекрасно чувство, едноставно во Америка, п…

Јун 27, 2013

Координативно тело ги превзема работите со опожарената зграда на Туристичка

Откако жителите на опожарената зграда на бул. Туристичка пред камерата на ТВМ проговорија за проблемите со кои се соочуваат по пожарот, нивната мака ја видоа граѓаните на Охрид, но што е уште поважно, локалната власт и надлежните. Рано утрово на иницијатива на градоначлникот формирано е координативно тело, со цел да им се помогне на жителите од оваа зграда. Телото го сочинуваат преставници на локалната самоуправа предводени од градоначалникот и секретарот, преставници на градскиот совет, Противпожарната единица, Секторот за комунален развој и сообраќај , Центарот за управување со кризи, дир…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top