Мар 11, 2021

12 прекршувањa на забраната за движење, 408 санкции за неносење маска

Од вчера (10.03.2021) во 22 часот почна да се применува одлуката на Владата на Република Северна Македонија за ограничување на движењето на граѓаните во периодот до 05 часот наутро. Синоќа дел од раководството на МВР, предводено од министерот Оливер Спасовски направи увид во спроведувањето на ограничувањето на движење во Скопје, Тетово, Куманово, Велес и други градови. Преземени се сите потребни активности контролата на ограничувањето на движењето да се спроведе согласно одлуката на Владата. Од 22 часот (10.03.2021) до 05 часот (11.03.2021) констатирано е дека 12 лица не ја почитувале забр…

Јул 6, 2013

Локалната самоуправа ќе става поголем акцент на руралниот туризам

Локалната самоуправа преку Секторот за туризам и локален еконоски развој ќе посветува поголемо внимание на развојот на руралниот туризам. Во таа насока тие аплицирале со три конкретни проекти до Агенцијата за подршка на руралниот развој, за кои изразија надеж дека ќе им бидат одобрени. Сепак со повеќе детали околу содржината на проектите велат дека ќе излезат откако ќе добијат зелено светло од Агенцијата. Раководителот на секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолоски вели дека како дел од активностите за развој на руралниот туризам веќе пристапиле кон асфалтирање и реконс…

Јул 5, 2013

Комарците непаѓаат

  Граѓаните на Охрид и гостите се жалат дека не можат мирно да спијат поради досадните комарци. Се поголем е бројот на оние кои се со убоди од овие инсекти. Од Центарот за јавно здравје смируваат и велат дека во текот на минатиот месец се направила првата дезинсекција и тоа во леглата на комарците. Направена е и ларвицидна дезинсекција со средство кое ги уништува ларвите на овие инсекти и тоа во местата каде тие најчесто се размножуваат, а тоа се мочуриштата и барите. Од понеделник ќе се започне со втората фаза на прскање против комарците, а во текот на овој месец ќе се направи и прскање од…

Јул 5, 2013

Во Општа болница Охрид недостасуваат рендгенолози

Одделението за радиологија при општа болница Охрид остана  без специјалисти  рендгенолози.  Во моментов болницата располага со еден рендгенолог ангажиран на одделот за компјутерска  томографија. Директорот на болницата д-р Љубен Арнаудов информира дека го известил ресорното Министерство и покренал иницијатива да се  најдат  излезни решенија за настанатата  ситуација од недостаток на специјалисти рендгенолози. За нормално да  се одвиваат болничките прегледи на болницата и се потребни минимум тројца рендгенолози, вели д-р Арнаудов. Засега болницата располага со доволно технички кадар од средн…

Јул 5, 2013

Ќе се спасуваат останатите документи од некогашна детска болница

Архивата од некогашната специјална детска болница или барем она што остана од неа по се изгледа ќе си го најде патот до местото каде што припаѓа, охридскиот архив. Ова за ТВМ го изјави Никола Митровиќ инспектор на Историскиот Архив. Пред два месеци ТВМ се обиде да дознае зошто не е спроведена законската постапка за соодветно архивирање на значајната документација од болницата. Тогаш од архивот го поздравија нашиот обид а во меѓувреме институцијата воспоставила контакти со сите надлежни под чии домен спаѓаат овие документи„Она што можам јас да го кажам како инспектор и како вработен во држав…

Мар 11, 2021

11 Март 2021 – СВЕТСКИ ДЕН НА БУБРЕГОТ

Светскиот ден на бубрегот World Kidney Day е најодбележуван настан во светот кој се фокусира на важноста на здравјето на бубрезите. Светскиот ден на бубрегот се одбележува секоја година во вториот четврток од месец март, во повеќе од 200 земји ширум светот на сите континенти. Македонија преку активностите на Здружението на бубрежно болни граѓани Нефрон уште од 2007 година е приклучена кон светската кампања на меѓународните организации ISN и IFKF World Kidney Day и од тогаш во соработка со стручните медицински здруженија, институциите, пациентите и медиумите во нашата земја спроведуваме ак…

Јул 5, 2013

Охриѓанец загина во сообраќајка на ул.„15-ти Корпус“

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што рано утрово околу 05 часот и 30 минути се случи на улицата „15 корпус“ во Охрид. Ранко М. (51) од Охрид на лице место им подлегна на повредите во момент кога патничко моторно возило „Опел калибра“ со швајцарски   регистарски таблички, управувано од Ф.К. (31) од Охрид, директно со десниот преден дел удрило во сега починатиот кој управувал моторцикл марка „Џилера“. Сударот се случил кога сега починатиот се обидел со моторциклот оставен на левата страна од коловозот да се приклучи во правец кон селото Лескоец.  Притоа патничкото мо…

Јул 5, 2013

Сликарот Славко Упевче ќе учестува на „Светските уметнички игри“

На „Светските уметнички игри“ кои годинава се одржуваат низ неколку градови од Република Хрватска, четиристотини уметници од 52 земји во светот ќе се обидат на еден поинаков начин да им ја доближат уметноста на сите оние кои уживаат во нејзината убавина. Македонски преставник на игрите, е Охридскиот ликовен уметник Славко Упевче. „Во Загреб и неколку други градови во Хрватска се организираат светски уметнички игри со 400 учесници и со две мои дела јас сум претставен како ликовен уметник од Република Македонија. Таа изложба како што кажа и Похижек ќе оди и во Лудбрег и низ неколку градови во…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top